Здраво девојки.Под семејно балансирање или family balancing се смета зачнувањето на дете од одреден пол,чисто поради баланс во семејството.Ако во некое семејство има две девојчиња, со помош на семејното балансирање поголеми се шансите да се зачне момче.Притоа како методи се наведуваат сортирање на сперма-Spermsorting со инсеминација,како и класично вонтелесно Ин-витро оплодување со претходно генетско тестирање на ембрионот.Овој тренд веќе е доста застапен во Америка,а во повеќето европски држави е забранет поради етички причини.Што мислите вие на оваа тема и дали некој има некакво искуство околу оваа тема?
Семејството може да биде во дисбаланс од многу причини, зарем половиот баланс ќе направи некаква промена? За мене се глупости ова, дете си е дете, полот е најмалку битен..ама има се на светов.
Глупост! Толку. @Rozana @Pacient srna Инаку и кај нас со закон е забрането користење на инвитро постапка со цел бирање на пол на идното дете.
Мислиш така ќе се растерети? Некогаш ме изненадуваш колку импулсивно размислуваш за некој што има мислења за се и сешто Се додека се произведува повеќе храна отколку шо има земјата популација, без разлика на распределување на храната, ќе има пораст на популацијата. Чиста биологија и екологија е, нема ништо со "вишок на жени". А од таквите практики пак жените ќе си го изедат подебелиот крај. Оти ќе биде борба да се дојде до жена. ЌЕ се бара жена на секој можен начин. Ти препорачувам да го погледнеш документарецов, тој зборува за Индија и Кина, кај што заради стерилизација на жените и праивилото на едно дете се останати непропорционален број на мажи и жени.
Класична злоупотреба на медицински метод за „повисоки“ цели Исто како бирањето на боја на очи и слични глупости.
Немам некое мислење...или е премногу глупо, или не сум до таа лекција ментално... Што ќе се случи ако "мажите" од Блиски Исток, а и во наша блиска околина бираат исклучиво машки потомци? Баланс во семејството, дисбаланс во природата. Оти нели наследникот, презимето, глупостите....
Во идеални услови, зошто да не? Ама не постојат идеални услови, па... Иначе баш фино, зошто не сум фан на тоа дека "господ" ќе одлучи за потомство, еве пукната сум за ќерка, зар да раѓам дур не бидне девојче? Ама - не. Не би. Оти ќе се злоупотреби можноста и се согласувам со @DAngel
Мене не ми е страшно толку,ако има можност зошто да не си одберам пол.Јас имам момче и второто сакам девојче
Па секако за вештачко оплодување станува збор. Ако знаеш дека имаш да речеме 3 машки и 2 женски ембриони, нема тука веќе "што природата ќе одлучи". Веќе ти се направени вештачки, а дали е ок да одбереш пол, е веќе друга, од општествен карактер работа.
Криси Тајген мислам вака си ги одбра децата. Не можам да разберам кому каква разлика прави полот ама ете
И така и да си остане. Не знам зошто го носи името ‘семејно балансирање’, кога во истите тие држави кај што праксава е дозволена, во мода е секој да си избере и смени пол според сопствена воља и убедување, па ќерката што ‘балансира’ да стане син и обратно.
Епа прави бе Биљо, јас бар за себе зборам, сериозно сакам ќерка. Е сега ако биде прво машко, второ машко, па бар да можам за трето да одберам