Кога има потреба од "вештачки" направени ембриони, верувај ми последна грижа ќе ти биде полот на детето. 5 ембриони имав. Со три неуспешно ми беше. Во ниеден момент не помислив на полот, пресреќна бев што воопшто имам ембриони. Но, еве да речеме сум знаела дека 3 се машки, 2 се женски. Сакам машко на пример, па сме пробале со нив прво. Не успеало. Овие двете сега што би биле, можна утешна награда ли? Инвитрото не е гаранција дека ќе има бебе, само можност за успех е. За некои и единствена шанса. На крај пак природата ќе одлучи.
Природен баланс- бираш машки пол кој решава да стане жена (кога смее на 18 години на пример го менува полот во женски).
Ама може ниеден да не се фати. Како што пиша членката погоре, вонтелесното оплодување не е гаранција дека ќе има бременост. Исто како што и секој ембрион зачнат по природен пат не значи успешна бременост. Природата си има начин на селекција. А Криси Тајген како пример наведена, да ми извините, малку повеќе се просерува. Не им ја знам приказната, ама од бес да правиш ин витро и притоа да бираш изглед и пол е без врска. Може е злобно од моја страна ако навистина немале друг избор освен ин витро, ама ако имале, тогаш тоа што го направиле, никако не е во ред. Оние што реално имаат мака со зачнување, не им е битен полот при ин витро, битно е да е успешно. Во секој друг случај е класична злоупотреба, дефинитивно злоупотреба и манипулација. Нема никаква етика тука.
@Annath немале избор за првите две бремености, a последниот пат остана природно и го изгуби во 5-6 месец бебето за жал.
Јас многу сакам да имам ќерка и честопати велам "женско или абортус" ама сите знајме дека е мајтап и е дај шта даш. Шознам, како шо ќе се роди детето е најмалку важно. Важно е во каква личност ќе порасни.
Истоо. Ако имам деца во иднина, толку многу сакам да имам една ќерка шо мислам би одела цело време на наредно додека не добијам. Изгорена сум за чупенце. Иначе да, се сложувам дека ваквиот метод може да нанесе голема штета на глобално ниво. Знаеме колку се сите "пукнати" за исклучително машки деца и сето тоа ќе доведе до дисбаланс во самата природа. Не е океј..
Навистина не им ја знам приказната, ама некаде ко да прочитав дека бирале пол и боја на очи, или нешто така. Затоа и така напишав.
Ги следам јас на инста, кажува јавно се и за борбата за деца, за ивф, за можноста да одберат пол од замрзнатите ембриони. Во врска со темата, во таков случај кога е вонтелесно оплодувањето од други причини и се знае полот на ембрионите, зошто да не. Ама инаку во никој случај не би одбирала пол на дете. И јас сакав женско, ама ко ми кажаа дека е машко бев пресреќна и не би го сменила за ништо. И второ кога би имала ќе сум среќна да е пак машко.
Јасно. Ама не можеме да знаеме за секој како се чувствува, и е доста клизаво да претпоставуваме. Затоа за себе се божемски зборам, ете три ги родам машки, а пукната за женско, па бар за последново малце инжинеринг Не сум толку против самата идеја, колку што знам дека не би се користела толку невино, затоа сум против.
Те разбирам што сакаш да кажеш, но од лично искуство, не секогаш инженерингот оди во прилог на нашите желби. Затоа и споделив еден реален исход на настаните. Не е толку едноставно како, сакам женско, ќе си идам на инвитро. Јас ако се прашувам, на доктор што би дозволил жена или пар да минува низ инвитро процедура единствено поради бирање на пол или таканареченово семејно балансирање, треба да му се одземе дозволата.
Индија и Кина имаат непропорционален сооднос мажи наспроти жени не поради стерилизација, туку поради масовно абортирање на женски фетуси. Особено, Индија. Нејсе, да се надоврзам на темава. Доколку ваква постапка стане пракса тотално ќе се наруши соодносот мажи-жени на глобално ниво. Да не навлегуваме во детали како во одредени култури повеќе се цени машки потомок. За мене лично, само нека е живо и здраво. Полот ми е тотално небитен. Па нека се 3 сина или 3 ќерки. Се дури се здрави и среќни, тоа е најважносто нешто.
Какви се овие глупости, тоа што ке ти го поради природата е дар, овака се машки ке раѓаат балканците и после нека ке се оретчи цивилизацијата бидејки мажите немаат п за да раѓаат.
Unnatural Selection DNA, the very essence of life, can now be altered. Not only by Harvard geneticists and multi-billion dollar corporations, but also by renegade biohackers working out of their garages.
Некаде на интернетов прочитав изјава од познатиот светски модел Emily Ratajkowski дека нејзиното дете после 18 година ќе одлучи каков пол ќе биде дали машко или женско . Малце сум оф топик ама чисто сакав да ја споделам оваа информација наспроти темава.
Да, и момченце е, а намерно е сликано со розово капче...ќе имало неутрално име.... каков ли идентитет загрозуваат, за малку популарност... Главчето на детето за некоја година хаос....
Од една страна звучи интересно. На пример многу сакам девојче и не би ми дошло лошо можноста да добијам право на избор. Проблемот е што би имало големи злоупотреби несомнено. Свесни сме дека огромен процент од мажите посакуваат свој наследник. Како демек само машко да е наследник, ќерката да не е. Многу пати сум била сведок на тоа како одат на трето-четврто дете намерно само за да добијат син. На крајот наместо до баланс, напротив би дошло до голем дисбаланс при што многу веројатно е дека ќе преовладува машкиот пол.
Во УСА е веќе пракса ова. Следев неколку блогови на тамошни парови кои се бореа со неплодност,и кај сите беше ист случај,по неколку дена од оплодувањето добиваа повик од болницата да им соопштат број и пол на оплодени ембриони.Сите имаа можност да бираат што ке им се трансферира. Ако не се лажам и во Мк е дозволено ако има медицинска индикација,односно наследна генетска болест врзана за пол. Јас не би,доволно сурова е целата борба по пат на ИВФ,бирање пол ми е крајно неетички.