Семејно стебло

Discussion in 'Општи дискусии' started by rossonerka, Nov 9, 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Joined:
    Apr 13, 2010
    Messages:
    4,160
    Likes Received:
    15,289
    Дали го познавате вашето семејно стебло?

    Колку навистина ги познаваме нашите предци?
    Или сите сознанија завршуваат кај прабабите и прадедовците ... ако воопшто и нив ги знаеме.
    Кои се, од каде потекнуваат, со што се занимавале? Не сте се запрашале некогаш?

    Смешно ни било во основно ако не терале учителките да правиме семејно стебло, ама сега сигурно повеќето од вас ја добиле желбата да истражуваат и да направат семејно стебло :$
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2010
    Messages:
    6,525
    Likes Received:
    92,190
    Gender:
    Female
    Па знам кои ми се и од каде потекнуваат прапрадедовците и бабите, повеќе не ме ни интересира. По социологија во средно професорот не тераше да истражуваме и да направиме стебло, ама сега незнам каде е.
     
  3. blond

    blond Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    2,251
    Likes Received:
    4,720
    Ух кај мене малку е измешано стеблото од страна на мојата парабаба (мајка на таткото на мајка ми :rofl: ), така да не знам со прецизност. Дедо ми има многу полу браќа и полу сестри, парабаба ми никогаш ми нема кажано кој е вистинскиот татко на дедо ми, а плус тоа таа никогаш не сакаше да разговара на таа тема :(
     
  4. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Joined:
    Oct 20, 2010
    Messages:
    667
    Likes Received:
    2,008
    Некогаш можеби сум се заинтригирала за потеклото на моите предци,ама тоа тука застанало:)
    Не сум покажала посебна желба да истражувам,си ги знам моите прабаби и прадедовци и тоа ми е доволно.Сепак би сакала повеќе да се фокусирам на иднината:)
     
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    5,573
    Likes Received:
    6,699
    Многу роднини и не ги познавам. Можеби сум се разминала на улица со нив и ете, не сум ги препознала. Дел од роднините од страна на мајка ми живеат во Србија. Таму имам многу братучеди, братучедки, тетки, чичковци, стрини и тн. Но ете, не ги знам. Баба ми и дедо ми се срби (така да и јас сум со „мешана“ крв). Баба многу ми има зборувано за мојот прадедо - всушност и на него личам. :) Единствени сме во фамилијата со светло сини очи. Сите порано живееле во Србија, така да мислам дека немам воопшто ни сретнато никој освен баба и дедо, можеби и сум ги видела, но сум била многу мала. Откако се војуваше во Косово, се е срушено. Сите се преселиле во соседните држави и градови, па ете сега добри 80% не ги познавам.
    Го знам само поблискиот круг на фамилијата, понатака не знам. И многу ме живцира тоа што мора да се случи некој немил настан ( кога двајцата дедовци починаа тогаш запознав поголем дел од сите роднини) за всушност да се видиме.
     
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Joined:
    Mar 21, 2010
    Messages:
    5,514
    Likes Received:
    27,301
    Gender:
    Female
    Многу малку знам за моите предци. Од кај мајка ми, најдалечните познавања ми се до баба и дедо. Додуша за нив знам само од раскажувањата на мајка ми. Од страната на татко ми исто само ја познавам баба ми, ама пак таа ми има доста раскажувано за своите родители, за свекорот и свекрвата. И тоа е се... понатака ми е една голема празнина. Ни знам од каде потекнуваат, ни како се викале, ни што работеле. Ниту пак некој знае да ми каже нешто повеќе. Одамна било тоа, штом баба ми ја преживеала 2 Светска Војна, нивните корени се некаде пред 1 вата Светска Војна, Балканските Војни.. којзнае каде им се загубила трагата. Искрено, пак и никогаш не сум размислувала на темава, можеби кога ќе се видам со баба ми наредниот пат ќе ја потпрашам нешто. Ги обожавам нејзините приказни за тие времиња.
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,468
    па јас да ви кажам да! бидејќи таткото на баба ми беше жив до мои 9 години, можам да кажам дека доста сум запознаена! и кога бев мала, баба ми да ме заспие ми раскажуваше што и се случувало кога била мала, (бидејки е егејски бегалец), па била однесена во чешка, на 9 годишна возраст, и 14 години живеела во тој дом, без да знае дали родителите и се живи ;( после 14 години се сретнуваат итн итн.... и ми беше многу интересно, ми раскажуваше и за лазо ангеловски како ги пренесувал малите дечиња(македончиња, грчиња,ромчиња,албанчиња, и сите останати што живееле во егејска мкд) преку албанија во словенските земји како чешка, полска, русија, романија.... е тоа е војна! ;( ама барем во тоа време, постоело поштување еден со друг, и не се гледало кој што е и колку има... е ова ми остана највеќе во глава
     
    ReinaDeCielo likes this.
  8. pocetna

    pocetna Истакнат член

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    104
    Likes Received:
    138
    јас ги знам сите, се до браката и сестрите на прадедовците и прабабите, понатаму не ми ни треба секако не се зиви :)
     
  9. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    163
    Likes Received:
    36
    На мајками чичко има напишано книга од 500 страни за семејното стебло. За секоја фамилија посебно има пишувано, ја имам прочитано книгата и кога читав за бабами видов дека мајками има помала почината сестра а не знаев :worried: ... Од на таткоми страната ги знам повекето, а од на мајками не затоа што повекето се во Прилеш и Битола :) Доволно е до прадедо и прабаба ... :)
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,010
    Не го знам... Пробав да го дознаам и се разочарав... Од тогаш наваму не се осмелувам да чепкам за да не се разочарам пак.
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,817
    За жал не го знам многу а чезнеам да дознаам што повеќе за моите предоци. Сепак тоа е за мене мисија - речиси невозможна, бидејќи сум неверојатно испомешана. Потекнувам од мешан брак а и родителите се од мешани бракови, па ајде иди најди ми нзс :)
    Балканскава крв според моите сознанија продира до граници на Тетово и Крагујевац - а имам навистина многу роднини во Србија, а сепак само најблиските си ги познавам. А оваа европскава се протега се до Франција на запад и Русија на исток.
    Што се не се испомешало, а ако почнам да откривам и понатака, може и до Индија да стигнам :)

    Сепак за дедо ми покоен од страната на татко ми кој не сум имала можност да го запознаам бидејќи починал многу млад, сакам да слушам многу и да откривам бидејќи се и повеќе доаѓам до сознание колку сме слични. Впрочем на ист ден сме родени.
    А фактот што заради тоа колку бил малтретиран од Бугарите го сменил презимето ми го отежнува трагањето по другите роднини, бидејќи сите тие се со сосема поинакво презиме од нашето...историја, што да правиш. Се надевам еден ден ќе успеам да прочепкам повеќе. Индијана Џонс ми е у крви, шта ќеш.
     
  12. annii

    annii Популарен член

    Joined:
    Apr 16, 2010
    Messages:
    3,343
    Likes Received:
    5,893
    Ги знам од кај татко ми сите тетки, братучеди, стрини, чичковци и со баба ми живеев, но дедо ми не успеав да го запознаам. Мислам дека тие што ги знам се сите, но можеби има уште некој. Доволно ми е што и овие ги знам. Баба ми била од Србија, па може таму имам уште некој непознат роднина.
    Од кај мајка ми и не сум баш добро запозната со роднините. Имам вујни, вујковци, братучеди, баби, некои дедовци.. Оние што ми требаат: првите братучеди, вујко ми, вујна ми, баба ми и дедо ми ги знам. На матурата на братучед ми ги видов некои роднини што ги имам видено како мала. Поточно и не се сеќавам на нив, но сега ги запавтив. Се немам видено со роднините од Србија. Успеав да ја запознаам стрината на баба ми. Таа ми раскажуваше за некои војни, за партизаните изгледа беше... Дедо ми ми има раскажувано за неговата сестра. Починала млада, поточно била убиена од Бугарите. Фрлиле камен врз нив додека спиеле. Некои од нив се спасиле во кои бил и дедо ми, а сестра му и уште некој починале. Знам дека на баба ми ( на мајка ми ) мајка и починала кога била она мала и неа ја чувала стрина и.
    Роднини имам на сите страни. Повеќето се на Север, а другата половина во центарот на Мк.
     
  13. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Joined:
    Oct 23, 2010
    Messages:
    1,042
    Likes Received:
    1,013
    Имам многу братучеди што не сум ни знаела дека постојат.
    Ама не сум крива, многу се немам јас резерва мозок сите да ги памтам. :lol:
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2010
    Messages:
    4,832
    Likes Received:
    10,129
    Gender:
    Female
    Мислам дека никогаш нема да можам да ги запаметам сите тие имиња на баби, дедовци и братучеди. Премногу се! Прилично голема фамилија сме, скратен состав-убиј Боже, близу 30-тина. И тоа најблиски значи..... И корените се од сите страни. Словенија, Србија и малку од Македонија. Мешавина, страв да те фати!

    Ја натерав баба ми , и така кутрата нема сега што попаметно да прави, да ми го нацрта целото семејно стебло. Онака класично, со дрвце, па разграничено. Белким така ќе научам нешто повеќе.
     
  15. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Joined:
    Jul 19, 2010
    Messages:
    1,833
    Likes Received:
    2,932
    Gender:
    Female
    Благодарение на дедо ми (кој за жал почина пред 3 години :( ) јас знам мнооогу за нашето семејно стебло.
    Си беше таков мераклија да си води евиденција за секакви работи, а најмногу за оваа. Доста сум запознаена со минатото на моите дедо, баба, прабаби и прадедовци...
    Знам дека потекнуваме од 1800 и некоја, е која не ми текнува баш, ќе мора да погледнам во книгата на дедо ми се си има напишано. Биле тројца браќа, а и на имињата не ми текнува....Мислам Ристо беше едното. Па понатака ги знам другите имиња, пазете вриштат имињава. :D
    Ристо, Џена, Селфа, Ристана, Менка, Митре, Трпо, Анѓа, Мартин, Урош....и дедо ми Саве. Имаше уште покрш имиња, не ми текнуваат сега. И за сите има податоци кој кога се родил, кога умрел, колку деца имал итн итн.
    Прадедо ми Трпо умрел кога сум се родила, а прабаба ми ја паметам, кога имав 5 години одев кај неа и ми беше многу интересно да си правам муабет, замислете кое доживување е да дочекаш правнуче како ти дрдори. :) За жал нашиве генерации, ние да бидеме среќни внуче ако дочекаме, камоли правнуче. |(
    Знам доста случки што ми кажувал дедо ми за неговите родители, колку мачен живот имале, а исто и баба ми и дедо ми. Баш пред некој месец баба ми ми кажуваше на времето кога биле млади, се радувале на заработен ЛЕБ, а не пара. И како јас сега да не ги ценам тие работи, и да не ги поштовам??
    Друго, блиски сме со сите роднини. Имам мнооогу втори братучеди и ги рачунам како први, дури и со некои сум толку блиска како сестри и браќа да ми се. Таква фамилија сме, се поштоваме и сметам дека е тоа убава работа. Дедо ми имал брат и две сестри, и нивните внуци се дружиме меѓусебно, татко ми со првите братучеди значи нивните родители се поштоваат максимално, обавезно одење на слави, имендени.... па кога ќе дојде свадба,ииих се спремам како прва братучетка како сестра или брат да ми се мажат/женат. :D
    За жал во ова време се помалку луѓето се поштоваат, први братучеди не се знаат, камоли втори.
    Мене вака ми е убаво, се гордеам со трудот на баба ми, дедо ми, татко ми мајка ми кои цел живот се мачеле и после тоа работеле за да им обезбедат убава иднина на децата и внуците, и во никој случај не би се понашала како некоја разбесната и без почит и жал.... бидејќи тие почнале од нула, од немање леб и вода, а ние сега си сме обезбедени со све, и барем поштовање, благодарност и љубов е најмалку што можеме да им дадеме. Малку се внесов во пишувањево... :lol:
     
    Sunchild, Bibko and Annath like this.
  16. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Joined:
    Jun 30, 2010
    Messages:
    461
    Likes Received:
    262
    Gender:
    Female
    Да запозната ама не доволно.
    Дедо ми и баба ми по татко биле градски лугее живееле во центарот на градот во тоа време биле занаетчии фурнаџија-пекар еснаф домакини луге.За жал починале пред да се родам оти татко ми се оженил на стари години.
    Чичко ми на татко ми брат останува со нив и го наследува занаетот мојот прв братучет не го наследи занаетот и сега ни фурната не постои се е срушено.Секавањата ми се како во магла.
    Чичко ми Радовиш
    Тетка ми на татко ми сестра се отселува,работи,живее и се пензионира во друг град имам две братучетки ,зетовци и внуци.
    Тетка ми -Битола
    Дедо ми и баба ми по мајка ги памтам сега веке се починати.Баба ми во тоа време домакинка со пет исчувани деца,а дедо ми чиновник-работник.Чесни,скромни и вредни луѓе.
    Со неговата плата ги школувал сите пет деца сите завршиле факултети во минатото време тоа е за пофалба.Живееја во грдче во источниот дел на Македонија.Летно време одев на гости кај нив.
    Само мајка ми е женско останатите се четворица браќа.Од мајка ми имам само вујковци.
    Вујко во Скопје
    Вујко во Струмица
    Вујко во Коцељево-Србија
    Вујко во Пехчево
    Мајка ми во Штип
    Со сите сум во добри односи се слуша ме во последно време поретко се гледаме ама за арно и лошо
    сите сме заедно.Помеѓу нас нема кавги и распраави дали оти сите живееме во различни градови па ретко се гледаме но јас мислам тоа е и до домашното воспитување.
    Сите мои први братучеди и братучетки ги сакам јас сум таа што ги организирам да се видиме собереме јадеме и пиеме со песна,оро и по некоја солза завршуваме за да си ветиме догодина пак да бидеме заедно.Кога започнуваше летниот распуст кај сите одев на гости и се вракав на 31 август за на школо.Имав другарка често ми викаше блазесити што имаш роднини во секој град има кај да одиш нејзините родители беа единци и таа по мојте вујковци викаше вујче.Едно лето ја шетав и неа по гости.
    Ми се разнежни душичката вака пишувајки емоциите ми проработиа.
    ;( :) ;) :hai:
     
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    7,094
    Likes Received:
    6,349
    Gender:
    Female
    Ова со семејново стебло ми е многу интересно и многу ме интересира.
    Од страната на мајка ми ги знам до нејзините баба и дедо исто и од страната на татко ми другите чат-пат по име и толку.
    Баба и и дедо и на мајка ми ги памтам бидејќи починаa кога имав одприлика 7 години, со прадедо ми дури си играв и мижаница најсериозно :D Како сега ги паметам дедото нискичок со бела коса и едно капче на глава и секогаш со бастумче, а бабата на лице бела ко сирење .
    Од кај баба по мама се десет деца мислам, сите 9 машки, само баба женско и најмало, многу ја мачеле овие и таа ги извршувала најтешките домашни работи, на сите им кувала душичка :(
    мислам имале уште еден брат ама загинал во војска.
    Од кај дедо ми се двајца браќа и двајца сестри и доволно си ги познавам нивните следбеници.
    Од кај баба ми по тато се исто големо семејство и голема фамлија точно дали беа 8 не сум сигруна дека повеќето се починати, ама 3 сестри сигурно знам дека беа, уште баба ми и сестра и се, едната баба тетка на татко ми најстарата не е жива, а ја памтам убаво за жал немаше деца таа.
    Браќата на баба се сите во Србија, па таму се женети и таму живеат, така да не ги познавам многу од таа страна и многу се :D
    Кај дедо по татко ми тројца браќа и една сестра .
    Ептен голема фамилија, замислете ги нивните деца, па внуци, па братучеди, затоа и не се чудам ко ќе дознаам дека некој ми бил фамилија, а јас благе везе си немам.
    Инаку дедо ми, брат му на дедо по мама секогаш ми раскажува за нивните дедовци, ми кажувале за татко им и општо интересно ми е кога ќе ми раскажуваат како живееле порано.
    Сите дедовци и баби од двете страни ми раскажуваат и со такво внимание ги слушам, ама некогаш ако забегаат со имиња заборавам кој кој бил :D
    Секоја приказна им е интересна на свој начин и си крие нешто во себе.
    Интересен податок е дека дедо ми ја грабнал баба ми на коњ и така си ја зел, не правеле свадва, ех младост лудост, како ја прелажал само не знам :)
     
  18. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Joined:
    Jan 26, 2011
    Messages:
    266
    Likes Received:
    101
    семејно стебло :lol: ќе треба да се утепам од пишување :lol: епа вака,дедо ми и баба ми од страна на татко ми имале 7 деца значи вкупно имам 4 чичковци и 2 тетки.
    Првиот чичко е во Германија и никогаш освен на слика го немам видено.По него имам 3 братучетки на кои и имињата не им ги знам
    Вториот чичко починал многу млад и немал свое семејство :(
    Третиот чичко заборави дека постоиме јас и мајка ми откога татко ми почина :( Од него имам 2 братучеди од кои со едниот сум чат-пат во контакт.
    Четвртиот чичко па и никогаш не бил близок со нашето семејство.И од него имам братучед и братучетка со кои само на социјалниве мрежи комуницирам (иако живееме на само 5 км оддалеченост)
    Едната тетка починала уште како дете :(
    Другата тетка многу си ја сакав,за жал и таа почина :( Од неа имам 2 братучеди со кои се гледаме но многу ретко.
    Баба ми и дедо ми од страна на мајка ми имале 6 деца.Од таа страна имам 4 вујковци и една тетка :lol:
    Прво ќе си ја споменам тетка ми бидејчи нејзе најмногу си ја сакам а и една ми е :lol: Од неа имам 2 братучеди со кои сум скоро секој ден заедно,како браќа ми се.
    Првиот вујко живее близу мене,па и со него се гледам редовно.Од него братучед и братучетка со кои имам добра комуникација.
    Вториот вујко има 2 синови.Значи уште 2 братучеди.
    Третиот има 4 деца но бидејќи цела фамилија не праи со него муабет јас ни братучедите не си ги знам :D Од четвртиот вујко имам братучетка која си ја сакам најмногу и еден братучед.
    Леле ама се изнапишував :rofl:
    Сега и јас имам формирано свое семејство,па семејното стебло се шири сеуште
     
  19. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Joined:
    Jun 15, 2010
    Messages:
    997
    Likes Received:
    1,468
    Знам и тоа многу. Отсекогаш сум се интересирала кое ми е потеклото, кои ми се корените, кои ми се предците, роднините. Многу работи ми имаат кажувано и родителите и бабите и дедовците, баш со баба пред некој ден зборувавмеа, а најмногу со таткоми имаме разговарано на оваа тема. Тој ги знаеше сите од неговата страна и имаше нацртано семејно стебло и планираше да го направи на голем хамер или пак во книга да пишува за да знаеме и ние и за да не се изгубиме, но не успеа, па планирам јас да го сторам тоа намсто него.
    Од на тато страната, поточно од кај дедо, биле попска фамилија. Таткото и стриковците на на дедо татко му биле попови, но таа традиција изумира со нив затоа што никој од нивните следбеници не станал поп. На дедо татко му бил жив кога јас сум се родила, но по година-две починал. Тој, пак, бил печалбар. Многу добар човек бил, а и на ист ден сме родени со него. Мајка му починала уште кога дедо бил млад. Од кај дедо се тројца браќа (двајцата се починати, само дедо е жив). Со на сите децата се знаеме, со некои почесто се гледаме бидејќи живееме поблиску, со другите поретко дека живеат во друг град, а некои се во странство. Исто така и со роднините од браќата и сестрите на прадедовците и прабабите сме во контакт, со некои од нив сме и многу блиски. Од кај баба се 5 деца (4 сестри и 1 брат), од кои само баба е жива. И тие имаат деца, кој по 2 кој по 3 кој по 4, со некои живееме повеќе, со некои не сме толку блиски, но сепак се знаеме роднини. И нејзиниот татко бил печалбар, а за неговите предци и предците на мајка и на баба треба да прашам зашто не знам. Баба цел живот била домаќинка, не била вработена, а дедо пак се занимавал со рибарство, имале рибарница. Тато има 1 брат, не сме многу блиски со нив. Од него имам 2 братучеди, но и со нив порано бевме поблиски, сега не толку.
    Од на мама страната татко и бил печалбар во Австралија. Сега се занимава со земјоделство. Мајка и и таа цел живот е домаќинка. Мама има 1 брат, со нив сме многу блиски, плус и блиску живееме, а и откако почина тато многу ни помагаат и никогаш за ништо не не оставаат. Имам 2ца братучеди, блиски сме, исто и со вујна. Од страната на на мама татко и се 4ца браќа, 2ца живи, едниот е во Америка, но немаат деца. Едниот од починатите браќа на дедо бил партизан. Со потомците на починатите браќа живеат куќа до куќа и многу сме блиски и со нив. Прадедо ми од оваа страна потекнува од Скребатно, а неговиот татко бил војвода во некоја од војните. Од на баба страната се 4 деца, братот и едната сестра се починати, со наследниците на сите сме блиски, со кој повеќе, со кој помалку, но пак сме во контакт. Нејзините родители не знам дали се занимавале со нешто посебно, но биле многу добри луѓе.
    Бидејќи од сите страни се по многу браќа и сестри имам и роднини со кои се знаеме по кажување, по име, но да се видиме тешко дека би се препознале кои сме, имам и такви кои никогаш не сум ги видела.
    Ние пак сме 2 сестри, сега останавме само со мајка ми, па допрва ќе видиме како и каде ќе се проширува семејството :) .
    Раскажав најкратко што можев, зашто ако земам да пишувам се што знам, нема да ми стигне простор :lol: .
     
    Bibko likes this.
  20. faye

    faye Истакнат член

    Joined:
    Jan 30, 2011
    Messages:
    228
    Likes Received:
    702
    Знам само до прародителите, имиња, презимиња и каде се родени и каде живееле. Сите се од Македонија од различни градови, на сите презимињата им завршуваат на вска/вски, значи нема ва/ов, иќ и сл :lol:

    И уште нешто интересно, цела фамилија ми е со сини очи,јас, сестра ми, моите родители, нивните браќа и сестри и нивните родители. И либето мое е такво, ако се земам со него ќе направиме случајна традиција. 8)