1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно стебло

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од rossonerka, 9 ноември 2010.

  1. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    За жал и не сум баш. А за мене тоа е- невозможна мисија :yawn:
    А и немам желба некоја се е измешано! Од кај мајка ми корените се дурии и од Русија (нема да верувате ама ајде некоја моја пра пра пра пра пра пра баба била нешто братучетка на кралското семејство од Русија) Па од кај да ги знам сега?! Кој знае од кога сме од страната на мајка ми,а од страната на татко ми?! Тоа невозможна мисија втор дел. Јас поблиските не ги знам одам негде на свадба и некои поголеми ме поздравуваат Саншајн! Јас само ги гледам дане ме препознале луѓево после на тато кои се овие? Братучеди втори. Ццц I don't know my second cousins?! Wtf?! |(
     
  2. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Уффф па знам повеке работи за моите педци од каде доегаат ова она но кога татко ми еднаш почна до го прави семејнотот стебло ние сме биле премногу :D сите по една черга деца иродиле и дур ден денес дознавам по некој нов братучед втор или трет се разбира :P
     
  3. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Од толку прабаби и прадедовци, ептен голема фамилија сме. Сум се распрашувала за да разберам нешто повеќе, но секогаш или ми кажувале надве-натри, или ми ја менувале темата. Така да не ги знам ни сите роднини. Од страната на мајка ми ги има ептен многу, а од кај татко ми да не зборувам. Исто така имаме и едно специфично презиме по кое не знаат, па и за него сум прашувала но пак немам детална информација од каде е.
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Паметам кога требаше да правам семејно стебло многу се нервирав бидејќи од сите само јас имав чичко и стрина, додека другите имаа вујко и вујна и се сметав за изрод. Плачев дури! |(

    Ги познавам родителите на моите родители и сите се живи фала му на бога, и само бабите и дедовците на моите братучеди од страна на мајка ми.
    Сите пра се веќе починати. Последната жива требаше да ја посетам за прв пат во мај, и сето тоа по долга иницијатива и бунт кој го кренав, бидејќи 26 години никој од мојата фамилија не разговара со неа, односно овие кои ги познавам не разговаат поради грозни семејни проблеми.
    Стигна денот кога требаше да ја видам и дознав дека починала, па сега како психопат носам некролог со мене во паричник, само за да имам слика од неа. Кога веќе немав можност да ја видам жива...
    Тетки, баби и што ти ја знам од второ, трето колено и така натаму не знам, и чудно ми е на свадба кога ќе дојде редот да ме испобацуваат а јас сирота не знам ни дека постоеле.
     
  5. ilovehim

    ilovehim Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    4
    Јас си го знам целото...пред многу години на татко ми детка му имаше пишувано книга за сите предци...ние ја најдовме и јас ја продолжив таму каде што таа застанала...инаку многу голема фамилија сме цццц многу роднини имам а како најтрагично сите се поголеми од мене и тоа по 5-10 години некои и повеќе :D сеќна сум што знам од каде потекнувам :)
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Па имам и јас многу роднини што не ги познавам. Штета што е така, затоа во последно време повеќе се интересирам и ги прашувам моите. Третите братучеди не ги познавам, исто така имам некои роднини што живеат во странство, но потеклото им е од тука, за жал никогаш се немаме видено. :|
     
  7. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    598
    Интересна тема! За жал не си го знам целото семејно стебло..знам одредени информации за мојата прабаба(мајка на баба ми од страната на мама),и толку!Толку ми кажувале додуша,а и не сум се интересирала порано..сега некако ми дојде желба да откријам што повеќе информации..знам дека за џабе ќе биде,ама барем за лично задоволство..нажалост многу поблиски роднини од второ колено не ги познавам,ниту знам нешто за нив,само дека постојат! Се надевам некад ќе се смени тоа,бар по свадби ќе се видиме..жалосно е,но вистинито!
     
  8. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Првите братучеди секако си ги знам, и нивните родители,сестрата на татко ми и братот на мајка ми сосе маж и жена :D И моите бабаовци и дедовци :D
    Вторите братучеди си ги знам. Сите до еден (ваљда) само што сме расштркани насекаде по Македонија, а не има и во Хрватска. Така да, не сме блиски нешо, да се видиме вака нема да се препознаеме. Се гледаме само од свадба на свадба, за жал. А баш би сакала да се тука. Е сега, и нивните родители ги знам (исто така ваљда сите) :D
    Ама за трети братучеди.. појма си немам ни кој ми се, ни ништо. А баш ме интересира. Зошто да не, сепак и тие се "блиска" фамилија. Сеуште се сеќавам кога бев малечка, сум си играла со една 3та братучеда, а не ни знаев дека таа всушност ми е братучеда...Треба да се знае фамилијата, сепак...

    А, инаку ги знам по име и родителите на дедо ми по татко ми, и дедо ми по мајка ми. И родителите на родителите :D
     
  9. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Јас сум доста запознаена со моето семејно стебло. И од на татко ми странта и од на мајка ми странта.
    На баба ми дедото (на татко ми прадедото) има направено семејно стебло со тоа што ги има само машките членови, кога тој го направил семејното стебло татко ми се уште не бил роден па него го нема во него. Тоа стебло е испечатено во книга, која е наменета за крајот од каде што потекнува баба ми. Но баба ми ми има кажано дека нејзиниот чичко или братучед (не се сеќавам точно) има направено ново стебло, односно го има продолжено и проширено старото. Е таму не има и мене и мајка ми, а се разбира и татко ми. Имам голема желба да ја имам таа книга, бидејќи навистина ме интересира потеклото. Од страната на мајка ми пак, не сум толку многу запознаена, односно запознаена сум само до прадедото на мајка ми. Од страната на мајка ми повеќето роднини живееле во Хрватска, а многумина од нив се преселени во Унгарија и таму им се губи трага. Мајка ми е решена откако ќе се пензионира да започне со истражување и да го направи нејзиното семејно стебло од странта на мајка ми. Искрено се надевам дека ќе биде успешно и се надевам дека ќе можам некако да и помогнам, да го оствари нејзиниот сон.
     
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Охоооо...
    Еве вака: од пред пред предците ќе почнам, кој биле тројца браќа од кои еден немал деца,а сругиот умрел млад, така да останал жив и имал деца само прадедо ми Александар! :lol:
    Тој имал пет деца (две машки и три женски), да не ја ширам пошто ќе ми требаат неколку страни да изнапишам, накратко-дедоми бил еден од тие двете машки (децата на прадедоми)! :lol:
    Дедоми и бабами заедно имаат 4ри деца (три женски и едно машко-а тоа е татко ми).
    Најстарата сестра на татко ми има две машки, од кои едниот е во фаза да се ожени, а другиот веќе се ожени летово.
    Средната сестра на татко ми има две деца (машко и женско) кои сеуште се на факултет и не планираат брак! :rofl:
    И најмалата сестра на татко ми истотака има машко и женско кои истотака :rofl: не планираат брак т.е. се школуваат! :rofl:
    И татко ми има една принцеза т.е. јас! :lol: :lol: и еден принц т.е. братми Кристијан! :lol:


    На мајками страната, не сум добро запознаена со предците, знам дека и бабами и дедоми имаат мнооогу браќа и сестри (нели порано немале струја, па легнувале луѓето во 6 и ОП -секое летенце-детенце :D ).
    Се на се, мајка ми има две сестри кои се мажени. Постарата има две ќерки (едната од нив е во врска со брачед ми од по страната на таткоми :D ) и друга ќерка која е во фаза пред брак.
    Помалата сестра на мајками има две помали деца, машко и женско и таа живее и работи во Париз.
    Тоа е тоа...тоа е се!
     
  11. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум размислувала на оваа тема. :?:

    Најстара што ја знаев од моето семејно стебло беше прабаба ми.
    Далечни роднини, многу многу не познавам. До втори братучеди најмногу. :lol:
    Скоро дознав дека сум имала две братучетки, а ете предтоа да сум ги сретнела на улица не сум ги познавала па тек да знам дека ми се братучетки. :lol:
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Потекнувам од многу голема фамилија и поголем дел од роднините никогаш не сум ги запознала. Но, пред две три години се заинтересирав од каде е моето потекло всушност, па си земав еден огромен лист отприлика колку хамер, и почнав да го цртам семејното стебло. Зборував прво со баба ми, мајка на мајка ми, а потоа и со татко ми, и тие ми ги кажаа моите предци и роднини. Толку многу го разгранив дрвото, што веќе немаше место :) И сега не знам каде ми е листот, ама еве во прва прилика ќе го побарам, сигурно ми е некаде низ дома.
    Интересно е тоа што моето име Ана низ целата фамилија го немало со генерации. За последен пат Ана ја крстиле мојата пра-пра-пра-прабаба :) А пак презимето ни води потекло од името на мојот пра-пра-прадедо.
     
  13. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Прадедовци и прабаби знам. Толку, повеќе не :D
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.722
    Пол:
    Женски
    Семејно стебло.. :^) хммм...
    Има ли смисла да го правам кога сум усвоена...
     
  15. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Ме интересира дали некој може да професионалец да изработи семејно стебло???
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас наидов на многу интересни идеи за преставување на семејното стебло во домот. Па, решив тука да ги споделам :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На feminium, Doozy, Gea и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Незнаев премногу за моето семејно стебло се до пред некое време кога бев кај комшивката на гости и таму имаше еден дедо која го познавал целото семејно стебло од фамилијата на мајка ми. Почна да ми кажува како ПРА-ПРАдедо ми бил убиец и убил неколку души :rofl: потоа ПРА-дедо ми исто така убил само еден човек, потоа за да не го фатат бегал и се криел низ некакви ниви се ченки во селото, па после сам се предал в станица :rofl: Е дедо ми бил по асолен од нив, не убивал, но украл нешто (незнам што, не го разбрав) и зато го бркала полиција :rofl: Женските од фамилијата биле добри, освен некоја баба (незнам колку ПРА :rofl: ) џомски баела и земала многу пари од луѓето а уствари тоа не помагало...И братот на пра баба ми бил пијаница 8)
    Бев воодушевена :rofl: Од каква фамилија потекнивам 8) 8)
    Не сум јас таква, верувајте :* :lol:
     
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Јас потекнувам од огрооомна фамилија, од страна на татко ми, пред неколку години не знам како на интернет го најдовме со стрина ми семејното стебло, иако цел живот дедо ми додека беше жив ни раскажуваше доста за нашата фамилија, од каде потекнуваме, интересни легенди и случки.
    Инаку прв во стеблото е еден познат војсководец од местото од каде што потекнувам, и секогаш кога си одам таму дознавам по нешто ново. За ова посебно сум горда :)

    Од страна на мајка ми знам само до пра-пра-родители, но и тоа е доволно со оглед на други што не знаат ни толку.
     
  19. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Што ако си посвоена?
    Можеби некои непознати луѓенца кои шетаат по планетава ти се роднини од иста крв. Но овие сегашни роднини се луѓе кои те прифатиле и те сакале како своја внука/ќерка/братучедка или што се не. Со тоа што го напиша на некој начин укажуваш дека старателите твои не ги сметаш како родители а следствено со тоа немаш ни роднини. И јас сум посвоена и мојата фамилија се роднините што ги имам и од страна на мајка ми и од страна на татко ми. Не сме иста крв, па што?!
    Се извинувам за Оф-топикот, револтот си го прави своето а и башка ПМС.
    Туку, и јас имам огромна фамилија :)
    Баш пред некој ден размислував за ова, и интересното е што јас сум последното ливче од фамилијарното дрво. Ама буквално сум последна што го носи ова презиме :)
    Го најдов листот(ако може да се нарече така, хамериште огромно беше) со цртеж од фамилијарното дрвце кое со мене завршува. Другите сите беа жени кои сега имаат друго презиме или пак починати.
    Чудно, како се погодило така :^)
    Жените владееле во оваа фамилија, ај ем соу прауд :wasntme:
    И жена ќе ја заврши истата, пих. Која ли привилегија ја имам само, а?
     
  20. MilaKunis

    MilaKunis Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    25
    Повеќе ги знам предците од татко ми,додека од мајка ми послабо.