Семејно стебло

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од rossonerka, 9 ноември 2010.

  1. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Од страната на мајками, мајка и има потекло од Русија, и ден денес зборува пола руски-пола македонски :lol:
    И искрено не ги знам сите мои потомци, од страната на мајками ги знам само баба ми и дедо ми, а од страната на таткоми ги знам баба ми,дедо ми (жално ама не успеав да ги видам/да ме видат) и ги знам сестрите+братот на мајката на татко ми.
     
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Јаз знам дека само пра-прадедоми му бил десна рака на Гоцето Делчев, ништо повише.. :lol:
     
    На SummerGirl и Dog-lover им се допаѓа ова.
  3. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    го знам семејството од татко ми страната имам многу баба ми се 7 дедо ми 5 деца :D а од мајка ми страна
    баба ми се 4 дедо ми се 5 деца понатака многу има да се кажувам сите имаат по 2-3 деца и затоа имам братучеди,тетки и чичковци колку ги сакам :lol: иначе потекло имам од србија
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.507
    Допаѓања:
    37.763
    Пол:
    Женски
    Го знам семејното стебло од страна на татко ми. Баба ми, дедо ми, двете прабаби и двата прадедовци се од Кичево и таму се родени. Само дедо ми е жив, ама ниту го познавам, ниту ме интересира да го запознаам. Ги напуштил татко ми, чичко ми и тетка ми додека биле мали. Баба ми почина пред скоро 10 години. Ја памтам и прабаба ми (мајка на дедо ми). Таа почина кога имав 4 години. Прадедо ми (татко на дедо ми) починал пред скоро 26 години (кога сум имала 3 месеци) и тоа на денот на мојата крштевка. Другиот прадедо починал онаа година кога се случил земјотресот, а прабаба ми починала млада (не знам на колку години). Од страна на мајка ми, ја знам само баба ми. Таа почина пред скоро 13 години. Дедо ми починал пред 35-36 години, ама и тој бил ист како другиот дедо. Потеклото од страна на мајка ми ми е од Битола.
     
  5. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Па знам дека пра дедо ми бил почитуван наставник по историја,отишол доброволец во војска и умрел во војната ( незнам како се викаше војната,знам нешто со Бугарите беше поврзано :emo: ) а пра баба ми умрела од природна смрт,имала скоро 90 години,била многу мудра жена и сите за совет од селото кај неа оделе. Другите пра баба и пра дедо од страната на мајка ми исто умреле од природна смрт.Баба ми и дедо ми од на татко ми страната живеат во Самоков,Порече а другите баба и дедо од мајка ми страната во Македонски Брод,Порече.Татко ми дошол да учи во Скопје и кога се оженил со мајка ми останале да живеат овде.
    Кога ке појдам кај бабите ќе ги терам се да ми раскажат до детали :D
     
  6. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.470
    Пол:
    Женски
    Од на мајка ми страната ги знам сите роднини со прапрабаби и прадедовци. Од на татко ми страна баш и не ги познавам роднините...дедо ми починал уште пред да се родам, само баба имам.
     
  7. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    Мисалм дека еднаш сакав да напишам мислење на темава но се уморив и не го довршив,еве сега ќе го напишам на скратено
    Предците на мајка ми ги знам до прабабата на мајка ми-од страна на мајка и(баба на мајката на мајка ми),живеела некаде во турско време и биле богати трговци,но скоро цела фамилија биле убиени освен баба ми,нејзините 2 сестри и брат и кои биле мали дечиња тогаш и за среќа не биле дома
    Чудно е како преживеале бидејки најстар од нив бил братот кој се грижел за нив на само 11години,а притоа и им било украдено целото богатство
    Предците на мајка ми од страна на татко и исто така ги знам сите но до бабата и дедото на мајка ми и тука веќе има нешто што неможе баш да се разбере добро, прадедото го знам но прабаби се смениле 2 или 3 незнам точно што како се случувало
    Предците на татко ми од страна на мајка му ги знам но не многу само до бабата и дедото на татко ми, додека предците на таткоми од страна на таткому ги знам до пра пра дедото на татко ми чие име стои во моето презиме, за жал јас сум последната од фамилијата со ова презиме,би сакала да го задржам презимето и да му ја продолжам традицијата,но ќе видиме :)
     
  8. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    9.608
    Пол:
    Женски
    ги знам прадедовците од двете страни.
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.212
    Пол:
    Женски
    Од мала се интересирав за тоа кои ми се предци , како изгледале , што работеле, имам гледано и слики од некои прадедовци , се разбира малку се нејасни во црнобела верзија , ама имам некоја си претстава , кога ќе имам јас деца , сакам и моите деца да се интересираат за своите предци:)
     
  10. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Од стана на мајка ми ги знам сите, некој во живо, некој на слика. Од страна на татко ми не ги знам тие што се постари од дедо ми, затоа што дедо ми е сирак и само го знае името на родителите.
     
  11. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.713
    Пол:
    Женски
    Некои ги знам од двете страни, прабаби и прадедовци по слики и кажување.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Па онака знам, до 3то колено луѓе (ма ни толку :tmi:), не премногу. Не сум се замарала со потеклото толку многу. :tmi:
     
  13. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    2.384
    Пол:
    Женски
    Навистина, не сум се запрашала никогаш.Ги знам само до прадедовците и прабабите и од двете страни.(facepalm)
     
  14. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.000
    Допаѓања:
    9.502
    Пол:
    Женски
    Знам до 5то колено. Ме интересирало, сум прашувала:wasntme:
     
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.204
    Допаѓања:
    8.403
    Пол:
    Машки
    Од двете страни т.е од по мајка ми и татко ми знам само до 2ро колено, баби и дедовци :D За повеќе не, имам слушано што кажувале само.
     
  16. malicija nor

    malicija nor Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    а дали можеби некој знае како се нарекува поколението после чукундедо?
    знам дека иде
    дедо
    прадедо
    чукундедо

    но дали некој знае како иде понатаму?
    ако знае нека пише
     
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.911
    Допаѓања:
    8.415
    @malicija nor Во српскиот јазик најдов дека е: наврндед, аскунђел, кунђел, куребал и сукуров (за од 5-та до 9-та генерација).

    За кај нас не најдов инфо :?:
     
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.586
    Допаѓања:
    14.819
    Пол:
    Женски
    Од 1893 г., па навака од едната страна. Но фалат уште добар дел од дрвото (барем тие што ги знам) и треба да го продолжам. За фотографиите би требало да се позанимавам и да ги имам и во електронска форма.

    Другата страна ќе остане, знам дека некој водеше стебло и да проверам што стана со него.

    ***
    Генеалогија - проучување на семејните дрва. Барајте, составувајте и зачувувајте. Сè си мислам дека ќе дојде време кога пак ќе бидат актуелни (посебно ако планираат да (ни) менуваат).