1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејството Ѓорѓеви 2 години живее без струја во мизерни услови

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од нво организација, 19 јануари 2020.

  1. нво организација

    нво организација Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Машки
    Повеќе од 2 години живеат без струја исклучена им е поради заостанат долг од над 220.000 денари. На овие минусни температури се греат со гранки и штички кои ги собираат во дворот и околијата, но за жал и шпоретот на дрва чади од сите страни и е во лоша состојба. Вода имаат само во дворот, личната хигиена ја одржуваат капејќи се во домот со метално корито. Импровизирана лимарија во дворот е тоа што тие го нарекуваат тоалет. Мувлата е декор на сите ѕидови во куќата, скршените прозори ги покриваат со кебиња за да не им студи.
    Требаат и средства за школување на синот на македонка кој оваа година е матурант, За жал Македонка не е способна за тешка физичка работа.
    „ Едвај ги задоволуваме потребите за храна и лекови. Замолувам ако е можно да ми се опрости долгот за струја за да можеме да го продолжиме нормално животот ако е можно и да се реновира нешто во домот бидејќи живееме во мувла БАРАМ И РАБОТА за да можеме да ги покриеме потребите за плаќање на сметките и да имаме за храна"
    Изјави Македонка жител на прилеп.
    Ѓорѓеви се надеваат дека државата и хуманите граѓани ќе ги слушнат нивните барања и ќе им обезбедат нормален и достоинствен живот.
    Објавено на 17, 01, 2020
    Сител телевизија
    Новинар Дарко Штаргоски




    Доколку сакате да донирате за ова семејство ве молиме да не исконтактирате во приватна порака, или директно на нивниот тел број 075 202 158
    ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ХУМАНОСТА