Здраво. Денес ми се јавија од некоја агенција Ројал Сана и ми рекоа дека сум добитник на некоја награда и гратис вечера за двајца. Ве молам ако знаете за што се работи напишете, зошто мене ми е сомнителна работата. Поздравче
И мене ми е сомнително треба да прашаш некој што знае ама повеќе ми личи дека е некоја лага...Некоја местенка
Насловот на темата воопшто не ми изгледа соодветен... семинари, симпозиуми, конференции се една работа а наградни игри нешто друго. Темата би можела да гласи: Агенција Ројал Сана или така нешто, а не семинари!
Здраво девојки. И јас добив повик и бев присутна на истото. Не е воопшто страшно како што ви делува зашто јас бев на нивната презентација. на тој начин ќе ве натераат да отидете, да си го земете поклонот и да слушнете за нивните производи. така да немајте гајле, не е далавера, само прашање е дали ќе ве бендисаат производиве што ги нудат
јас дури денес добив повик...и баш ме интересира со што се занимава оваа фирма, мислам, по телефон ништо не најавуваат...јас решив да одам ама појма немам што произвди имаа, па ако може некој да ми каже?
Зошто мене никогаш не ми се јавуваат за бесплатни поклони? Можеби затоа што никогаш не одговарам на фиксниот телефон. Вас на мобилен ве бараат?
Офф со тие промоции, се јавуваат многу често и тоа ме нервира кога ќе ми кажат дека бројот го добиле по препорака од пријатели. Не идам никад, зашто мразам да дремам таму, додека некој ме убедува да му ги купам производите, демек со огромен попуст, на промоција.