1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сендвичи

Дискусија во 'Рецепти' започната од OrdinaryGirl, 14 февруари 2011.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Две парчиња леб, едното намачкано со зденка, другото парче со маргарин во многу тенок слој. Врз парчето со зденка ставам печеница и/или сланина тенко сецкана, на другото кашкавал. Ставам мајонез врз печеницата и врз кашкавалот, наросувам малку вегета и пред да ги спојам (во средина фактички) ставам тркалца патлиџанче...мф мф мф...ептен е вкусно и калорично :lol:
     
    На Wild-GirL и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Правев секакви,најчесто лепче,прса,кашкавал,павлака,краставича,домат и маслинки.Исто така обожавам аргета со сирење и домат,после ајвар со сиренце....имам доста комбинации.
     
  3. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    Kaкви сендвичи правам јасс . едноставно кажано секакви , што и да видам во фрижидерот го ставам во сендвичот :tmi:
    ваков станува :^) [​IMG]
     
  4. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    69
    Од сендвичара јадам хот-дог & хамбургер.
    А дома си правам сендвич со салама/чадено месо, кечап, мајонез (обавезно :D ), а некогаш и само кечап и мајонез. :lol:
     
  5. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    две кришки од леб на диме фурна или огромно ќоше и ќе изнапикам се што има
    ја вечно ненаситна :lol:
    ке ставам печеница или шинка,кашкавал и лепчињата ке ги намачкам со маргарин и ка ставам уште нешто и НА ЗДРАВЈЕ ЈАДЕЊЕ :D

    пардон шунка :lol:
     
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    мммммм.... вкусно!
    Обожавам сендвичи, кога сум надвор си купувам од мојата омилена сендвичара печен сендвич со шунка, кашкавал и печурки. А дома си правам како ќе ми текне и зависно од тоа што имам во фрижидерот.
    Парчиња сечен леб од Жито Лукс, го печам, мачкам на нив маргарин, павлака, топено сирење, зденка... едно од овие се разбира :lol: , потоа обавезно кулен, па сирење или кашкавал, кругови од домат, некогаш и варено јајце. сето тоа мора да има сол и кечап. И така крцкаво заради печениот леб и топло... мх мх мх... преубаво! Ова си го дозволувам само кога сум во Битола на стан, дома јадам готвена храна, бидејќи според мајка ми, тоа ми треба за да бидам здрава :)
     
  7. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Мммм :) Кога сум надвор, купувам вегетаријански сендвич (кашкавал, печурки, павлака, помфрит, малку салата и кечап и мајонез (по желба)), или француски сендвич (без салама :D ).
    А кога сум дома, најубаво ми е кога ќе го направам со мајонез, кашкавал, патлиџан и марула. Мх мх.
    [​IMG]
    :)
     
  8. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Највеќе сакам туна сендвич! Кога сум надвор си купувам од Вегера прекрасен е,или пак си павам дома ваков..внатре си ставам се по желба,малсинки,печурки,марула,патлиџан..сакам и клуб сендвичиња со помфрит!
     

    Прикачени фајлови:

    • tuna sendvic.jpg
      tuna sendvic.jpg
      Големина на фајлот:
      37,4 KB
      Прегледи:
      321
  9. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Многу сакам сендвичи чизбургер ми е омилениот,секој ден можам да ги јадам и да не ми здосади.Сакам и ми е слаток сендвич со пилешко или свинско сецкано имаме една сендвичара екстра ги прави.
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Може рецептче за овој туна сендичот ?
    Ми изгледа вкусен. ^_^

    Инаку, јас мојот сендвич најчесто го правам вака:
    едното парче леб го мачкам со мајонез, другото со зденка/павлака или било каков друг намаз (имам пробано и со ајвар и лутеница, превкусно е), на едното редам салама или печеница/чајна/пилешко, па сум правела и со плескавица (значи, се одлучувам за едно од сите овие, да не се сфатиме погрешно), во зависност од тоа што ми е при рака, рендам ептен малку сирење, ставам кари и сушен магдонос,
    кечап и мајонез меѓу сето тоа, склопувам и вуала - гнетам. :D
     
  11. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Ретко јадам, но многу ми се допаѓаат ладните сендвичи што се продаваат во државна болница. Лебот е прекрасен, се и сешто има на него, превкусен е. Секогаш кога одам на контрола, си купувам, а наредниот пат кога ќе одам, морам да прашам од каде ги земаат, бидејќи не се подготвуваат таму, туку готови ги земат.
     
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Воопшто не се трудам да ги избегнувам ,си ги јадам кога ми душа сака.
    Омилени ми се стандардни хамбургерчиња со плескавица и кечап,може и по некој компир,нема да ми се слоши :lol:

    Најубави ми беа од Стив ,ама пошто Стив го сј*баа ради Комерцијалнана,сега фаворит ми е Стојче и неговите огромни,фамозни и превкусни сендвичи. ;)
     
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Е ова е јадењето кое најмногу ми прави проблеми во диетата. Не сум љубител ни на хамбургери, тостови, ама ладните сендвичи ми се дефинитивно слаба точка. :x

    Прв на листата, сиренце, патлиџанче, маргаринче плус оригано.
    Втор, веднаш по него, е стандардниот, шунка, кашкавал, мајонез и оригано.
    Потоа, краставичка, варено јајце, кашкавал и мајонез. Една печеница не би дошла лошо овде. :lol:

    Многу се нервирам заради овие сендвичи, некогаш за инат, ако изедам некој, се самоказнувам, па во текот на денот јадам само овошје и вода. Сестра ми вика дека правам најдобри сендвичи на цел свет. Ами, од марули снагава не ми е. :rofl:
     
    На lolyta777 и zhap4e им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ај ти доста! Неможам да те замислам како би изгледала да имаш да речеме 45 кг. Сериозно! тоа нема да бидеш ти, и на некои луѓе, во случајов ти, им прилегаат килограмите. Ќе те самоказнам кога ќе те видам jас тебе :fubar:

    Јас обожавам сендвичи, општо сакам брза храна и често ја гнетам :lol: Француски многу сакам, со салата внатре, патлиџанче, зелка, шунка и кашкавал плус помфрит. Мх мх. Некогаш ми се случува да зачестам и одреден период секој ден да гнетам брза храна, тостови, сендвичи итн. Несакам хамбургери со плескавица, и општо плескавица несакам :shake: Не се здебелувам од ништо, чудна работа а често сум на брза храна и тоа особено навечер кога ќе излезам. Добро де, малку целулитче имам :wasntme:

    Инаку не се разбирам многу од готвење и такви работи, незнам ни едно јајце да спржам :tmi: но затоа кога ќе останам сама дома а ми се пријаде, тогаш си правам сендвич од маргарин, патлиџан, сирење плус мелена сол. :mm:
     
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Е ај да се пофалам, пред саат време гнетев еден сендвич, мејд бај ми :) .
    Си правам еден спој од мајонез, павлака и кари (слично на мајонезот од 7 е), и ова го мачкам на лепчето, две дебелки парчиња печеница и кашкавал...зеленчук не ставам често, само понекогаш кога ќе ми текне ;) .

    Си правам и други сендвичи, слични на ладните...Ставам мајонез/павлака/зденка/маргарин...сеедно, потоа реднан кашкавал и салама, еден лист марулка и малце домат...Прсти да излижеш се сендвичиве :) .

    И за крај моите омилени, од лебот на кришки си правам мали сендвичиња, една кришка на 4 дела=2 сендвича. Си ги мачкам со некој од гореспоменативе продукти, мало парче кашкавалче и мало парче саламче, малце оригано/кари/вегета/сол што ќе ми дојде при рака, една чечкалица на средина и на неа маслинка, за уз филм сендвичиве се :x .

    А од оние куповните, ретко јадам плескавици, некако многу сомнително ми е потеклото на меленото месо, па си нарачувам цели парчиња месо, стек/батак или најчесто комбинирам со салати и многу помфрит ;) .
     
  16. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Ретко си приготвувам сама сендвич, повеќе љубам кога ми го прави тетката од ,,Корзо,, (сендвичара во Ср)! :rofl:

    Кога веќе правам дома тогаш ставам (кечап, сенф, кашкавал, сувомеснато нешто, салата некоја и тоа) зависно од она што го имам на располагање во фрижидерот! Иначе најчесто си го правам со интегрален леб, демек диетален а он пустиот полн со калории :D
     
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    обожавам сендвичи, тостови и секаква брза храна
    со оглед на тоа дека многу многу не сум по сувомесни и месни производи омилен домашен сендвич ми е следниот(млечен сендвич): на 2 рибанчиња ржен леб од жито лукс се мачка зденка (президент обичната) потоа се додава сирење, кашкавал, маслинки и краставички доколку го јадам како сендвич, а доколку е тост истите состојки се само без краставичките..
    највкусен е кога некој друг ке ми го потготви (мама, баба, некоја тетка, братучедка итн) :D :D
     
  18. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    и јас сакам сендвичи .Најчесто правам тост сендвичи со шунка кашкавал и маргарин но некогаш правам и со лебче па жито лукс пченкарно мамачкано со крем сирење со печеница кашкавал патлиџан марула и оригано супер е.Исто така многу добар е сендвиц во земичка со парчиња туна малку кромид и маслинки и марула супер е
     
  19. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Што ја видов темава, ми се пријаде, па и како листав по страниците мх, мх :P
    Па често си јадам кога сум сама дома, или за вечера.Правам најчесто од оној класичниот, салама, кашкавал, кечап и ако има мајонез, ама дома има многу ретко.
    Ако е сезоната на патлиџани ставам патлиџан наместо кечап.Ако имам дома нешто сувомеснато дома (чајна, свински врат, печеница) ставам тоа наместо салама.
    Некогаш може и краставичка да ставам наместо патлиџан, ама тоа ретко.
    Некогаш знам и да си направам само со кашкавал и патлиџан/кечап уфф колку ми е вкусен овој :mm:
    Воглавно овие состојки се вртат.
    Исто и од сендвичара си купувам некогаш хамбургер, чизбургер, чикенбургер, тост, и тоа не е на одмет :wasntme: .
     
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Освен хамбургер другите сендвичи ги сакам.

    Еј има еден унгарски или не знам како се вика, внатре кашкавалот е похован мн е вкусен.