А фала ви ептен, се надевам во четврток нема да заборавам да наминам да си купам. Преубави бои стварно се
Јас бев вчера во ДМ во City Mall да си земам, ја меркав баш оваа на Аура ама немаа ништо, ни дали е на попуст. Ги редеа отпоново полиците на Аура и пола немаше. Си ја земав од Trend it up со слични нијанси како што е таа sunset палетата. Сега жалам што си ја земав дека помалце сенки има, а за поскапо ја земав. Што среќа хаха
Имам вакви сенки на арт деко и ми се потрошени па како да ги наострам бидејќи од околу е пластика?Или толку им беше рокот на користење На третата слика сенката е со механизам на вртење и не им треба острење ама овие првиве
Пластиката е мека и може да се остри. Можеш слободно да се обидеш со острилка за шминка и нема да имаш проблем
Каде би можела да најдам течна златна светкава сенка ? Порано имаше на essence во повеќе бои но проверив ги нема повеќе
Женски, мене ми треба ваква сребрено-розевкаста светкава сенка. Видов на Wet n wild, но некако по рецензии гледам не се баш задоволни. Имате видено некаде?
Види во Александар козметикс на nyx имаат пигменти и може да најдеш нешто слично, малце се поскапи. Од Малена има течни сенки, види ја четвртата на сликава ми личи како таква нијанса но не знам какви се со квалитет. Јас имам на meis течна сенка и е океј за цената, имаат вакви нијанси, мислам дека првата е најслична како на сликата.
@sofija014 фала ти за препораките Овие на Меис каде ги има? И со поситни светки се така? Јас сакав со некои покрупни така да најдам, како на сликата
Јас купив од продавницата за шминки на Битпазар но, не се со крупни светки. За тоа подобро види ги пигментите на nyx или можеш да ги видиш и пигментите на wet n wild, ми текна дека имаа и они.
Најзадоволна сум од трчните сенки на Голден Роус и Кетрис. Wet n wild ги купив пигментите но мене воопшто не ми оставаа ни светки ни пигментираност.
Колку е цената на палетата на Aura во Cosmo/Dm? Мислам на Romantic Sunset, Precious Nude, Luxury Dark?