Aj bas ke probam ko so velis i so fiksator plus. Maka mi e za sebmite a epten ubavi boi se vikam so pogresno praam
Тапкај ја сенката па блендај, Тапкај па блендај, така ја надоградуваш бојата. Плосната четка за нанесување и друга за блендање.
Јас ја имам истата палета, со светките треба мака малце ама убаво стојат. Мене ми издржувале до 8 часа на око.
Најчесто користам сенки на Atrdeco и Deborah и презадоволна сум. Овие ми се стандард. Инаку, добри се и на Маx factor, Gosh и Еstee lauder.
Девојки, дали може да ми препорачате палета светкави сенки, сакам убаво светкави, не нежни светки (не знам баш најубаво да објаснам, меѓутоа сакам да се многу светкави)
Девојки препорака за палета огромна со многу сенки, притоа квалитетна и пигментирана. Странство сум и сакам од тука да си земам.
Здраво девојки! Дали може да ми кажете од каде да купам ваква палета со шминки, но да има само светли бои. Не сакам големи палети што имаат 20/30 бои, туку 10 максимум. Многу ми се допаѓаат rainbow looks right now. Вака нешто, со овие бои, светли, весели.
Да ти ја препорачам оваа. Многу е убава, боите се интензивни и лесно се блендаат, а и не е многу скапа, од ДМ ја земав пред месец дена.
Ја имам видено палетава, но не ми се допаѓа бидејќи повеќето бои се накај сино, а јас сакам летни бои, жешки бои. Во секој случај, фала ти. Доколку нешто друго ти падне на памет, слободно пиши ми, уште не сум нашла.
Девојки, пак јас Ми ја препорачавте morphe, ама таа само онлајн со порачување е така да отпаѓа. Ми треба некоја огромна палета со многу бои, пигментирана и трајна. Во последно многу имам мерак на сенки, а немам квалитетни и крајниот резултат ме депримира. Најчесто или ќе се изронат, или пигментациа нула, па морам цело време да ги надоградувам и пак да не сум задоволна. Исто така да си прашам каде би можела да најдам ( освен онлајн) голем сет на четки? Секаде каде што видов се по една четка и така ми доаѓа скапо. Би ги тагнала @Rose96 , @marama , ама сечиј друг коментар е добредојден
Ако мислиш за сет за сенки за очи - сетот е овој десно. Го имам купено јас пред 5 години од iherb и влакно им нема паднато. За цена во Мк не знам колку е, види во Дм или Космо
Барам единечна сенка во ваква боја. Ја имам таа од палетата на wet n wild walking on eggshells, и таа боја ја потрошив, а другите ми останаа.
Здраво феминки, Дали некоја од вас ја има палетата на James Charles? Ако да ќе може да каже од каде ја порачал и како перформира?
Јас сум задоволна од сенките на бјути беј. Палетите fiery matte и bright matte. Ги пробав на себе и на другарка ми додека беше тука, таа беше задоволна и јас исто така. Убаво беа спаковани, во бубл ќесички. Ако некоја сака можам да и направам еден swatches.