Па ефтини се, кај нас мал дел има во Голден Роуз, но најдобар избор и цени има на revolution beauty (45 евра за бесплатен шипинг) и beauty bay (25 евра за бесплатен шипинг).
Колку внимавате на сенките за очи со рокот на траење? Сега ги прегледував шминките фрлив бааѓи работи, сенките не, имам мн со поминат рок, и не ми се фрлаат некако а мора да ги фрлам чим се со поминат рок.
Јас не обрнувам внимание на рок, нит знам колку време поминало од кога сум ги купила, нит кога сум ги отворила До сега фала богу не сум имала некоја лоша реакција ни крваво око, ништо. Освен што приметувам дека се менува пигментацијата по нанесување и почнува да се прави прав и во палета и под очи и не се бленда убаво на капак Тогаш знам дека сигурно е за во канта. Е затоа пазам многу на пудри, коректори, туш за очи, течни кармини и лепак за трепки. Од тоа ми е страв, да не станам како модар патлиџан
Од палетите секогаш има неколку сенки што ќе ги истрошам за година и пол-две, така што тогаш ги фрлам. Исто и за единечните.
Девојки од кој бренд препорачувате сенки за осетливи очи? Во последно време кога и да се нашминкам очите ме печат, ми солзат и ми се вцрвенуваат. Прво мислев дека е до маскарата, ја сменив но пак е исто, очигледно е до сенките инаку користам палета од Авон
Ја ко шо носам леќи и имам доста осетливи очи што солзат и ме печат одма, досега најубаво ми се покажаа на USHAS (ем се евтини и ги имаш у локални парфимерии, последно видов и низ Џамбо дури ги има, а се супер за секој ден), на Револушн се убави, а и на Аура ми се океј. Од Мејбилајн мене ми солзат очи многу, на Авон немам пробано, некако преценети ми се со цените, а толкави мали палетички мех. Пробај ги на Аура како ќе ти бидат, мене добро ми се покажаа вака шознам.
Фала ти многу, и јас носам леќи но кога ги носам избегнувам да ставам шминка на очите баш поради ова, ќе пробам баш кога ќе земам
На аура сенките се супер во ДМ кога пробав тестер, си ги купив веза си немаат... На essence беа убави, исто не паметам од каде купив NOTE сенки, мислам од калинтика, дефинитивно најдобри..
@moon1 сенките на аура се одлични. Како и во секоја палета така и во нивните има сенки кои полесно и потешко се блендаат. Нивните палети со 4 сенки ми се омилени. Многу лесно се блендаат, боите се пигментирани и лесно се надоградуваат ако има потреба од тоа. Новите палети се одлични. Има палети кои се одлични за секојдневно користење, но и палети за луѓе кои сакаат малку појаки бои. Најчесто ја користам paradise и aloha и од двете сум презадоволна. За другите не можам да кажам ништо затоа што не сум ги користела доволно долго. Исто предлог за палета ми е на Sophie и revolution. Одлична палета, супер бои кои лесно се блендаат. И во оваа палета има бои кои потешко се блендаат ама тоа ќе го најдеш во секоја палета. Палетите на wet'n wild се исто ок, особено мат сенките.
Ај види оваа. Од палетата на Мејбилајн the blushed nudes е. Се измачив да ја сликнам, во живо е уште посветла и порозеникава. Види го прикачениот фајл 559730
Може да ми одговара оваа вака од сликава ми се допаѓа, баш ќе ја ѕирнам во дм ако има тестер. Фала ти многу.
Леле..и јас меѓу тие две се мислев кога ги пробував во сефората...си побарав четка да видам како ќе изгледа и се одлучив за худа..таа new nude палетата, дека ми фалеа такви пастелни нијанси. Анастасија ми делуваа попрашкасти мада и на худа се прашкасти ама попигментирани ми делуваа штознам. На худа палетава е преубава ама кога ќе си помислам на цената што ја платив искрено па и незнам дали вреди. Мене на inglot сенките мн повеќе ми се допаѓаат. Сега од овој аспект пре би пробала нешто поефтино како juvia's place на пример...и мислам дека има повеќе избор квалитетни поефтини сенки. Едит: худа има едни нови што мн ги фалат (сликава доле)...и тоа пак ме мами
@CameliaMiller купив палета на Револушн, овие се тие така? Многу ефтини ми се видоа, 500 ден. Очекував 1500 за толлава палета. Затоа ми се сумливо
Може на попуст некој да биле? Јас ги имам на Софи двете, многу се добри. Овие не сум ги пробала. Ама ако случајно не се баш баш, следен пат кажи, ќе ти пуштам линкови што да пробаш
Таа продавачката ми рече дека палетата и е последна останата бидејќи едната сенка се оштетила и затоа ќе ми ги намали. Ама па не знам колку ми ги намали, не ја прашав. Повеќе од 200 денари не верувам да намалила. Таа златната, втората, во вториот ред, долу- таа е скршената. Ја средив јас со неколку капки алкохол (така имам гледано дека се поправаат на тие diy видеата) Дополнување: сега истражував на нивната официјална страна и палетата чини 10 долари. Значи во ред е цената од 500 ден.