Не се сеќавам на точните цени. Sunset ја купив на акција, беше 300 и нешто денари. Толку отприлика беше и малечката, на попуст во ДМ.
Sunset не знам дали ќе ја најдеш сега во продажба, мислам дека ги повлекоа или ги даваат како подарок со купен производ. Најновите од animal kingdom се редовна 550, знаат на попуст да ги пуштат. Кватро линијата што им е мислам дека се околу 400 денари.
Ми треба препорака за помала палета, со земјени тонови и задолжително црна сенка. Ги гледав овие две на шминка.мк, ама таа на Револушн ја немаат на залиха, а прекрасна ми личи. Имате користено некоја од овие две или да ме препорачате некој друга?
Јас оваа Velvet Rose ја имам и одлична е. Од ГР ја земав 350ден некаде летото, упола цена од овие шо ги гледаш...
Ја земав оваа на попуст сега, на Wet n wild- My glamour squad и презадоволна сум. Доста се пигментирани сите бои и лесно се блендаат. Месецов е 285 ден во ДМ.
Палетата е на Револушн. Во мојот град има по нешто од овој бренд, ама тешко се наоѓа. Не знам како е во Скопје. Исто забележав дека врие од фејк шминка на било кои брендови, па ми беше најдобра опција да нарачам онлајн од сигурно место. Конкретно таа палета не ја видов никаде низ градот.
И јас ја имам истата и се согласувам со тебе, предобра е! Супер пигментација. Најмногу ги користам двете ќерамидни бои, кафеавите и црната. Топло ги препорачувам
Јас ја имам првата на Револушн и секој ден им се заблагодарувам што ја направиле оваа палета ! Нешто најјјјјјјдобро до сега , одлични се за секој ден ! Вредат за секој денар
Хелп, од толку гледање слики како се шминкате добив желба. Моментално немам ни една палета за сенки за очи, првата и последна ми беше од орифлејм, 4 сенки, ја убив од користење али еве година ипол никако да купам нова. Не се шминкам многу, не се ни разбирам, па нз точно што да изберам. Ги гледав на шминка.мк палетите, сакам нешто што ќе можам и денски и навечер, па отворена сум на предлози. Revolution Reloaded Fundamental и Revolution Reloaded Provocative изгледаат слатки,Revolution x Imogenation The Eyeshadow Palette оваа исто е убава,Revolution Reloaded Palette - Newtrals 2?? Која би била добра почетна палета за да вежбам и имам повеќе комбинации? Фала однапред
Овие што си ги спомнала имаат многу слични тонови и нема да имаш голем избор. Таа Imogenation ми изгледа добра и за секојдневни и за навечер. Би ти ги препорачала x soph или x petra од Револушн.
Стигаат, само подолго ќе трае додека стигнат. Ако можеш земи си ги од кај нас. И двете се преубави, јас не можам да ти препорачам само една, двете напоредно ги користам
Леле, јас на другата страна гледав и изумив за шминка.мк Ја има палетата, па и во залиха пресреќна сум Одма порачувам, фалаа
Јас ја имам палетата Soph x extra spice. Сенките се пигментирани , лесно се блендаат и мислам дека можеш да креираш различен изглед со таа палета.
За првата само гледав ривју на YT, ама премногу сенки имам во тие нијанси, па решив да не ја зимам сега за сега...