Каде можам да најдам единечни квалитетни сенки? Конкретно црвена и жолта боја. Нарачав палета од Revolution ама пигментацијата е катастрофа.
Морам да ја пофалам последнава палета што ја земав од wet n wild преубава ми е. Транзициите и потемата и посветлата се баш погодени, има темни сенки што ми се баш какви што ги сакам, и акцент седефастите лила бои преубави. Мн сум хепи
Да малце се прашкасти ама не многу не паѓа мн доле и плус тоа ми се случува и со мн поскапи сенки. Кога ставам темни сенки генерално прво очите ги правам па после лицето и така го избегнувам тоа. Но за пигментацијата сенкиве рамо до рамо се носат со high end... јас ги обожавам
Не бе стојат немаат гајле.. само кога земаш со четката се прашкасти и може малце да падне доле ама ништо страшно не е.. обично сите попигментирани сенки имаат тенденција да се прашкасти ..и 300 ден се значи, смешно е ..палети што сум ги плаќала по 60-70 евра имаат ист ефект Едит: да додадам овие се едни од ретките драгстор сенки што ги бива, есенс и голден роуз единечните се ок исто ама овие ми се фаворит. Се друго драгстор сенка ми се прашинки, па и што цената им е смешна...овие се топ топ
Имам јас и ефтини и скапи сенки и можам да направам споредба. Ќе видам ајде сега и тие бои се актуелни.
Предлог за црна мат сенка поединечна? Ми се скрши баш таа во палетата, а не користам многу сенки за да купувам цела палета, но црната боја ми е неопходна.
Јас имам на Катрис и многу сум задоволна. Исто и на Есенс е ок, ама пакувањата им се лоши, обавезно ги кршам.
Јас од овие сум многу задоволна. Од ефтина козметика а вака квалитет на место. Имам само сенки пробано од оваа козметика,ги имам плавите и црвените бои. Многу се пигментирани. Со плавите нијанси се шминкав последен пат и ставив слика во темата Вашата шминка низ слики.
Здраво девојки сакав да ве прашам сега во DM на попуст е палетата со сенки JUNGLE на AURA, дали некој ја има пробано оваа палета па да сподели искуство и дали вреди за паритe.
Палетава е прекрасна како и сите други од истата линија. Пигментирани се и лесно се сенчаат. @CameliaMiller нека пише уште некој збор
Мене ми е одлична, и за денска понежна шминка, и за вечерна посилна. Одлична пигментација, супер се блендаат. Ти ги препорачувам
Обично не ги преферирав сенкиве на catrice, но оваа палета морам да ја пофалам. Ем не се ронат, ем се трајни, ем боите се одлични и може да се направат многу конбинации. Топло ви ја препорачувам. (*ја земав 650 денари во космо*)