Со прерходните нивни палети имав проблем со пигментираност. Многу слаби ми беа. По тоа прашање оваа добра е?
За разлика од некои други нивни палети, оваа е подобра, но сепак не би можела да кажам и одлична. Дефинитивно за слични цени revolution се далеку попигментирани.
Би требало да ја има во продавниците на ГР или Александар, јас обилно нарачувам од нивната страница. Инаку makeup revolution ги продава. @Selest па претежно се вакви нијанси, се повторуваат или се претежно shimmer посветлите
Каква е пигментираноста на Револушн, и колку време издржуваат сенките на око? Конкретно линијата Рилоудед ја користел некој?
Јас од Револишн сум презадоволна. Пигментиранoста им е одлична, траат, не се ронат. Ги немам користено тие, но ги користат мои другарки и се презадоволни.
Јас ја имам reloaded iconic fever и сум многу задоволна и од пигментираноста и од трајноста. Само што боите се малку темни за мој вкус и го користам најмногу првиот ред, другите ретко за вечерно излегување.
Девојки препорака за палета сенки со од прилика вакви нијанси на бои. Стандард начекувам некои со нијанси на кафеаво и кремово, мене конкретно ми требаат вакви некои, нијанси на сиво, сино и зеленкасто. Сенките на сликата се на huda beauty, не ми се пристапни, па затоа им барам замена и во цена и да се наоѓаат во нашиве парфимерии.
Види ја оваа палета на Аура, а исто и Мејкап револушн имаат две палети со такви тонови, на sminka.mk ги има.
Ваква мат светло кафенкаста сенка која би можела да ја носам секојдневно? Не сакам бронзер бидејќи ми е некако посув.
За да биде попотентна бојата, како база можеш да ставиш сино моливче размачкано па потоа сенката врз базата но не ја развлекувај туку тапкај па потоа како се движиш кон прегибот од окото ќе почнеш да блендаш со истата боја или ако имаш претходно друга нанесено со неа за да двете се спојат.. не знам дали сум јасна хахаха .. Ама целата поента за било која боја да се истакне и да даде максимум е да не се бленда или развлекува туку да се тапка а потоа кон краевите да се избленда
Девојки ми требат добро пигментирани светли нијанси но со нежни тонови како крем,нежна розева,сребрена но да бидат како светкави Имам дома една палета на површина имаат како светки но потоа внатре ништо Се надевам ке ме разберете за какви сенки зборувам
Женски да ми предложите некоја палета со розеви сенки ? Ама не сакам да има црно или нешто друго туку така повеќе нијанси на розево може и виолетово.