Палетите на Make up Revolution се доста квалитетни и со пристојни цени. Нив можеш да ги најдеш во продавниците на Golden Rose. Ми се чини дека се отприлика 400 ден.
Препорачајте ми палета со земјени/шампајн нијанси и задолжителна црна мат сенка. Ја гледав таа на Револушн ама црната е светкава.
Да не знаеш каде во Скопје можам да ги најдам овие палети? Барав во неколку продавници на Golden Rose ама ми рекоа ги немале и воопшто нема да добијат такви.
Дали некоја нарачувала од Colourpop официјалната страна? За колку време стигаат? И дали се исплатат палетите? За две (nude mode + blush crush) заедно со шипинг ми доаѓа 27$.
Мене за 2 до 3 месеца макс. со каснење ми стигале , они за стигање стигаат секогаш проблем ми била поштава што ги држи долго пратките дур ме извести, ако воопшто ме извести и не ја врати пратката назад. Сенките на колорпоп не би ги менувала за никој други, еве 3 години по ред како ги користам, во меѓувреме испробувам други и не можам да најдам некои добри колку тие на колорпоп, лесни се за блендирање пигментирани, не ми се сронила некоја до сега, па така да се исплати, барем според мене.
Здраво девојки, Препорачајте ми убави виолетови сенки кои можам да ги најдам во Македонија, бидејќи ми се потребни за следниве денови.
Јас би ти препорачала на Револушн палета да купиш, ако ти треба поединечни види Инглот или Мек. Порано имаше Кико Милано во Мкд но сега не знам дали има уште.