Предлог за палета со плави и зелени сенки како овие, може и две одделни палети битно ми е само да има повеќе нијанси.
Овие ти ги препорачувам ама ако имаш некој да ти ги донесе од странство. Многу се добри,пигментирани би рекла dupes на Худа Бјути
Ова ли е таа палетата што беше хит и ја немаше у дм едно време? И дали ја има со други нијанси или една е ? Едит : Ај вие што се шминкате кажете предлог сакам да направам пакетче со шминки за поклон. Палета некоја убава, римел, некое добро руменило да преложите?
Само оваа е. Да, таа е што беше хит тогаш . Ја гледав во дм во ГТЦ пред некој ден, исто беше намалена пак околу 400 и нешто мислам. Иначе палетава ти е супер, сите бои ги имаш, нема да имаш потреба од друга палета, а и убава е, пигментирани се сенките. Руменило, на Аура ми се омилени, со години ги користам, а и пакувањето трае вечност, се исплатат . Маскара на Есенс или Катрис, цените се пристапни, а и добар квалитет имаат.
Би сакала да ми препорачате некоја палета од која сте задоволни, не мора да ги има повеќето нијанси, најбитно ми е да ги содржи земјените тонови.
Баш ги гледав во ДМ во Џамбо пред некој ден, ама не ја заприметив оваа. Ќе ја побарам во другите продавници. Колку пари е отприлика ако памтиш?
@Dream-Girl баш е убава палетава од Catrice. Достапна е уште во ДМ? И ако може да ми кажеш какви се овие со сенки и глитери. Боиве баш ми се свиѓаат, понеутрални по мој вкус.
Па мислам дека ја видов во дм скоро. Многу се убави светкавите нијанси, нежни, пигментирани. Може да се надоградат и за малку појака шминка. Еве swatches од интернет што најдов, баш вакви се нијансите.
Разгледај на wet n wild, essence, catrice, aura имаат добри палети, а со пристапни цени. Trend it up извадија две нови палети, не знам со пигментација како се.