На Essence или Catrice би ти ги препорачала, а и цените им се океј. Исто Aura и Revolution имаат убави палети.
Види ги палетите на Wet n wild. Јас имам две, Walking on eggshels што е со 5 сенки и една со 10 исто неутрална. Ги користам секојдневно и сум презадоволна. Oваа со 10 ти е поисплатлива.
Da citav za ovaa deka ja imate pofaleno. No nie nemame DM, a mislam deka samo tamu jaa imaat ovaa marka
На Essence, Wet n wild или Catrice види ги палетите во дм. Имаат палети со убави земјени тонови, добра пигментација, а и цената им е пристапна.
Имам користено неколку моно сенки на essence и бев изненадена од пигментацијата, квалитетот за цената е навистина супер
Ја има ли некој палетава на golden rose? Одамна сакам палета со вакви слични бои и никогаш ништо нема во dm. Имам многу палети со кафеави нијанси и не сакам некоја палета што покрај нив ќе има и две-три зелени или сини нијанси, дека реално ќе ми биде криво што нема да ги искористам. Ако ја немате палетава, знаете некоја друга што цела е со зелени или сини нијанси?
Палетава ја немам јас лично зошто ја пробав од една пријателка. Сенките се многу светли и како прашкасти не знам како да ги дефинирам, пробав да ги нанесам на неколку различни подлоги но едноставно не се пигментирани со исклучок на тиркизната/сината таа некако е покремаста и се нанесува лесно. Мој предлог за сина палета е оваа на Huda, ја користам често, мат сенките не се премногу пигментирани но се трајни, сјајните се малку поразлична текстура и се нанесуваат многу лесно.(Жолтата и сината до неа воопшто не ми се пробани и навистина за нив не можам да кажам)
Ја има палетава кај нас некаде? Имам јас mono eyeshadows во сино и зелено, па ако не најдам ништо на нив ќе си останам не се лоши
Девојки итно ми треба златна светкава сенка за очи! Кажете ми дали некаде се продава само златна светкава сенка во туба или кутивче некое? Каде да купам поединечно само светкава сенка? Или предлог за палета со сенки со таква боја?!