Јас да ги пофалам сенките на MUA ( Blush nudes палетата поточно) сите сенки се пре пигментирани особено тие со светки Веќе не давам пари за прескапи палети
Со месеци барам некоја мини палета од 3-4 сенки. Важно ми е да има една базна крем нијанса, една кафена и задолжително црна. Имате ли некоја препорака? Евентуално некоја навистина добра црна моно сенка? Често носам несесер со мене и не можам да влечам цела палета од 36 сенки за 2-3 што ќе ми требаат за тој ден.
Ваките палети на Катрис да ги разгледаш, има и на Wet n wild вакви малечки. Или вакви да разгледаш, имаш исто од Катрис, Есенц, Wet n wild, не се многу големи, ги собира во несесер. И Аура мислам имаа палети со по 4 сенки, може и нив да ги разгледаш.
Погледни ја оваа палета од Bell, не е голема, а ги има нијансите што ти се потребни. Фино е пигментирана, лесно се работи се неа и е одлична секојдневна палета. Ако сакаш да ја ѕирнеш можеш во Космо, би требало тестер да има.
Јас сум презадоволна од овој сет за веѓи од s-he. Вечно трае пакувањето и за посветли веѓи е погодок, многу природен изглед дава
Кажете ми каде да најдам попигментирани сенки? Потрајни? Предложете некои Овие дома што ги имам се како прав буквално, како ставам, одма се бришат.. една од нив е на Revolution, мислев подобра палета е, ама џабе..