Предлог убава палета сенки за очи не многу голема и не поскапа од 500 ден. Во дм има некои 300-350 но незнам кои се убави
Тие по 5 на Катрис и на Вет н вајлд. Имам и од дуплите и се исто доста квалитетни. Единствена маана е што треба внимаваш малку повеќе на затворањето и кај едните и кај другите, може лесно да се скрши пластиката кај механизмот.
Види ја од essence coloricon pallette (ама таа има зелена нијанса но е голема палета со 30други бои). Од меис, пазарскава козметика, сум видела жолта и зелена нијанса и тие се премн пигментирани, можеш ѕид да кречиш со нив. Ако не најдеш палета побарај поединечни сенки во golden rose.
Можеш секакви, Особено burgundy нијанси (преубаво изгледаат), кафени. Другарка користи и кафено-портокалови сенки и преубаво стојат. Е сега плави нијанси некако се губат во самото око, но зависи и дали е само плава сенка или на капакот има и други бои пример кафена или некои nude нијанси.
Revolution имаат некои слични палети, побарај ги овие што им се со 15 нијанси, знам имаа таква палета со појаки необични нијанси. Слична на оваа.
Ги има, т.е ги имаше не знам да не се распродале. Јас ги купив уште пред еден месец конкретно другата палета со Симба и Нала на розеви и кафени нијанси.
Предлог добра сребрена сенка со светки или светки како пигмент, ама ептен пигментирана, да се познава? Имам користено сенки од есенс, катрис и аура, не дека не се пигментирани ама би сакала нешто подобро, што може да се купи кај нас.