Да ми предложите палета со ладни подтонови? Сфатив дека сум ладен подтон и дека златно, сите топли нијанси на шминка не ми стојат. По колор анализа, True Winter треба да сум и барам нијанси слични на овие како на сликава. Имам некои две сенки така на светло виолетово, ладен подтон, и многу убаво ми стојат. Сфатив дека и гардероба во таа боја највеќе ме прави да изгледам свежо. Нејсе, да не должам, барам палета со слични бои (скоро се што гледам е некои крем нијанси, топли нијанси)
Да ми предложите палета со ладни подтонови? Сфатив дека сум ладен подтон и дека златно, сите топли нијанси на шминка не ми стојат. По колор анализа, True Winter треба да сум и барам нијанси слични на овие како на сликава. Имам некои две сенки така на светло виолетово, ладен подтон, и многу убаво ми стојат. Сфатив дека и гардероба во таа боја највеќе ме прави да изгледам свежо. Нејсе, да не должам, барам палета со слични бои (скоро се што гледам е некои крем нијанси, топли нијанси)
Кажи ни price range, јас имам две ладни/неутрални, Natasha Denona Glam и ABH Sultry Искрено не знам дали уште се продаваат, мене ми се од поодамна и двете.
Па до 1000ка негде, со оглед на тоа што долго ми траат. Не ми требаат многу нијанси 5-6 да има, едноставно се шминкам. И да може овде да се купат, во Македонија.
Оваа палета од Catrice беше една од најубавите дрогериски палети што сум ги имала. Предобро се блендаше, не мрдаше од капак и на најжешкото време и комбинациите на бои беа одлични за секоја пригода. Не видов веќе ваква во дм, a барав викендов, ги произведуваат ли уште овие сенки или бар имаат ли некоја замена? Ова го видов како нешто слично, дали е со ист таков квалитет палетава? Овие палети како малку поинтензивни нијанси на бои да имаат, таа беше баш нежна и прикладна за се.
Се согласувам најубавата дрогериска палета. Од февруари минатата година не ја произведуваат повеќе. Како замена зa next-gen nudes ја произведија blooming bliss палетата на втората слика. Добра замена за next-gen nudes се: Sleek i-divine level up eyeshadow palette и Wet n wild rose in the air.
Штета. Ниедна нема такви светкави нијанси како оваа. Заради тоа ми беше преубава, за обичните мат нијанси и во други палети имам слични. Да не си ја пробала blooming bliss, каков квалитет има? Да не го расипале и квалитетот, не само боите.
Голема штета, многу убаво беа усогласени боите. Среќа уште ја имам и ја чувам само за посебни прилики. Не сум ја пробала. Не ми се допадна, многу интензивни ми изгледаат боите. Сакам да ја пробам safari fever втората палета од новата колекција. Ако ја пробам ќе пишам впечатоци.
Види ја оваа палета, многу убави бои има и може да се комбинира и за денски и за навечер. Ја користам буквално секој ден. И квалитетот е врв, ептен се изненадив.
Пигментирана е? Видов swatches од сенките на инста и некако не ми личеше дека е баш пигментирана, можеби беше лошо снимено видео. Ја видов скоро во дм и се мислев дали да ја земам. Сепак, повеќе верувам тука на коментари отколку на платени реклами на инста.
не знам дали најде нешто али би ти препорачала од Аура да ги видиш малите палети со 4 сенки. сите им се супер и се cool toned.
Да, доста се пигментирани, ја користам буквално секој ден. Во некои ДМ ја има и како тестер. Посебно практична ми е за патувања, се прават комбинации и за преку ден и за навечер, а ми ја собира во несесерите.
Дали успевате да ги потрошите сите 12 сенки во една палета на пример или на крај пола ги фрлате? Зошто мене сега ми се случи второто при чистка на шминки и малце ми е криво, зошто сфатив колку сум overconsumer, реално пари фрлени џабе за нешто што не сум го користела. Иако, за да се оправдам себеси, се тешам дека се сенките од пред неколку години кога повеќе се експериментираше со бои, а сега не се носат такви нијанси. Па, затоа и така фрлив толку палети сега што беа непотрошени, а со поминат рок. Дали имате 1-2 палети само со понежни бои за да ги искористите сите и да не им пројде рокот и џабе да се фрлат? Сакам да почнам да купувам разумно и корисно, па ме интересира кои палети се такви што највеќе би се користеле за секој ден и со бои што би се комбинирале и за излегување.
Јас сум од тие што се опседнати со сенки а на крај користам исти. На крајот се изнервирав и отидоа во канта зошто од цела палета упорно ги трошев само светлите неутрални. Ги оставив само овие. Темните пак последни ќе се потошат, ама нема да ми е криво да ги фрлам бидејќи ќе бидат добро искористени. И одлични се за патување.
Јас моментално имам 1 палета со сенки, бидејќи не се шминкам често и една ми е сосема доволна. 5 бои има во палетата а најчесто користам 2-3 од нив, другите поретко. Порано купував единечни сенки, палети со 20 нијанси и никогаш ништо не успеав да потрошам до крај. Така да според мене, подобро е да имаш палета со неколку нијанси што знаеш дека секогаш ќе ги користиш без разлика на трендови и слично, отколку да трошиш пари на моментално задоволство што брзо ќе ти помине и на крај ќе заврши во канта. Неутрални нијанси најлесно и најубаво се комбинираат со се, барем јас така мислам. Јас ваква имам и супер ми е.
Ниедна палета немам потрошени ни 20%, па се откажав од купување. Сега имам 3 моно сенки од Кико (крем, кафена и црна), супер се пигментирани и траат долго. Често и наместо сенка користам бронзер, хајлајтер…
Јас исто така пред 7-8 години купував палети со бои што никогаш би ги користела и на крај се исфрлив , (поголем дел од палетите беа на Anastasia Beverly Hills и Too faced) По толку години научив дека и поевтино може да се помине и со помалку бои, со поприродни нијанси.