Од каде да почнам. Огромен фан сум на козметика, па еве дел од моите палети. Ја обожавам. Пигментирана е што е најважно, боите се преубави и лесно се блендираат. Худа никад не разочарува со палетите. Преубаво мириса, пигмент на високо ниво, убави бои и убаво се приливаат на окото. Палета за секојдневна употреба. Не коментирам за пигментот, врвен квалитет, убави бои неутрални.
Ја добив за роденден пред неколку години, и толку скржаво ја користам што уште од сега ми е жал кога ќе дојде денот скроз да се потроши. Многу пигментирани 4 боички, некако седефасти, или ептен малку мрсни, ама траат цел ден. Плус дискретни светки имаат. Ја немам забележано негде по продавнициве сега. 10/10 Ова на Catrice добива оценка 3/10. Мат да, ама прашкасти и кога блендаш исчезнува цела сенка. Минимално користена, три од сенките се скршија и веќе скроз излегоа од лежиште самоиницијативно. Не би ја препорачала.
Здраво девојки,би можеле ли да ми предложите некоја палети со сенки,имам пробано многу и евтини и скапи меѓутоа не ми се допаѓаат едвај се познаваат на очите...?
Дали можат да се најдат кај нас овие? Барам единечни мат сенки како двете што се месо боја, но не од Кико бидејќи ми се скапи.
Коректор на очните капави пред да ставиш сенка е многу важно исто тскс ско сакаш евтини би то препорачала од есенс евтини се палетите и ок им е пигментираноста за таа цена се топ.
Catrice имаат убави сенки и моментално на Essence новите колекции им се доста пигментирани. Изгледа само јас пудрата ја ставам и директ на неа се шминкам.