Препорачајте ми добра ваква златно-металик сенка. По можност да не е со мрсна цена, а да биде доволно пигментирана и трајна. П.С. Мислам дека на кафеаво око ќе стои суперишка, нели?
Мишелке вака нешто ? Отупев со сенкава ама мене ми е фаворит На еснес крем сенките, Stay all day - Glammy goes to .. е многу слична на оваа ти што бараш. И не да стои долго,ја да ти кажам едвај ја вадам од окото .. Ама најсериозно Со масло на пример брзо ќе ја извадиш ама со влажни марамици малце ќе триеш И на кафеави очи и те како ќе стои тоа ич да не му ја мислиш Aко не ти фаќа окце нешто многу оваа горе,можеш со друга сенка од истата линија. Copy right,потемна е и малце дава ефект на бронзенo... ама еве види ја и неа Спојлер Првата е copy right,втората glammy goes to. Цената им е 210,пакувањето изгледа многу мало ама верувај ќе ти трае долго сенката,а и не треба да ставаш многу од неа
Денес ми стигна оваа .Убава е да,кога ќе чепнам со прст али со четка кога пробувам да нанесам се рони некако и не остава баш сива боја како што е сенката. Очекував барем малку повеќе али ништо од таа работа
Препорачајте ми сенка во 4 бои да биде, бела, црна и 2 нијанси на кафено (потемна и посветла), ама да не бидат светкави, мрсни или во прав, туку мат, кога ќе ставам убаво да стои и да не се размачкува. И не многу со светки, туку минимално да не се познаваат. Барав ама никако не можам убаво да најдам. Имам дома исто овие бои ама од толкав голем "квалитет" кога ставам, линии се прават на преклопот, живи никакви.
А да пробаш пред да ставаш сенка да направиш еден вид на база за сенка, стави коректор на целиот капак и врз него пудра во прав или камена со четка, па потоа нанесувај сенка, гарантирам дека ќе ти трае подолго инаку јас имам едни од Classic (од Golden Rose продавницата) 4 бојни, во бело округло пакување, и се стварно убави за смешна цена од 100 и нешто ден ги земав, а има избор на бои...
^ Да ти кажам право ова комплетче мислам дека е од Golden Rose, избришано е и не се гледа, а и малку ми е постаро. Мислам дека му прошол рокот на траење, затоа вака ми мутира. Испробано ми е со сите подлоги за кои сум слушнала ама џабе, не вреди. Треба да си најдам ново, редно е, па реков да прашам за совет плус. Работата е и што не се шминкам толку со сенки преку ден, само за вечерно излегување, преку ден идам на поприродна шминка затоа и ова сетче не ми е ни до пола потрошено, ама толку му е рокот... Сега отворив на страната, http://www.goldenrose.com.tr/en/product ... artela.asp значи тука се по 5 ама нијанса има само од бело/сиво/црно и другата до неа, третата, нијанси на кафено. Овие дали знаеш коа цена се и дали ги има кај нас? Ако не па ќе си земам две, гледам тука интересни се боиве.
Beauchamp, многу ми се допаѓа сенката на Есенс, ми фаќа око, ама има мал проблем - не знам дали ќе ја имаат на лагер, зашто тука кај нас само една парфимерија држи нивни производи. Можеби некоја штипјанка може да ми посочи парфимерија што држи козметика на Есенс, па кога ќе одам да си земам. Ако случајно (не дај Боже) нема Есенс, каква да барам, можеби од моно-сенките на Аура, или ? Било каква, само да биде во оваа нијанса и да не е соленка на цена. Баш ми е симпатична оваа glammy goes to и баш таква нијанса сакав и замислував. Не дај Боже да ми скршат филм по втор пат утре во парфимеријата, си направив супер-комбинација со шминката во глава и се надевам дека ќе можам да си ја реализирам уште викендов - секако ќе пишам што сум направила.
Во случај да ја немаат сенката побарај од нивните моно сенки што се. Имаат многу голем избор на нијанси,па може ќе најдеш нешто слично И да на Аура исто можеш,ама вака како што гледам најблиска нијанса нема : Ајде ти пуштам среќа да ја најдеш Па пиши што си направила Додека барав сенки сега на есенс ми искочи оваа која исто е многу слична,да не речам иста моно сенка. Преубава е,а незнам зошто ми мириса дека е лимитирана колекција,плус јас ја немам сретнато оваа никаде до сега .. Па дај боже да најдеш нешто од овие Ако не ги најдеш крем сенките,прашај ги дали ќе носат во брзо време
Јас ти препорачувам да ги пробаш на Gosh , тие што имаат по 4 бои. Јас сум задоволна од сенките на Gosh и до сега се покажале како доста квалитетни на било кој да ги ставам... оваа е Q24 Platnium мислам... (сликата е малку светла , во живо се малку различни нијансите ) А поевтина варијанта ти се на Essence тие што имаат по 4 сенки , и тие се супер ...
Пак јас, досадна сум - знам. Завршив работа со сенкава, ама нели оти не бива сè да оди по планот како подмачкано, мораше да се појави некое шитче - се навикнав, остајте тоа. Ја немаше баш таа златната нијанса glammy goes to, па затоа ја зедов таа copy right. Не е некоја голема разлика, убаво си кажала и Beauchamp претходно, дека оваа е апла бронзена нијанса, позагасита, а јас си пекав по таа златната. И уште си пекам, сакам металик око, ама златно ! И најучтиво ќе ве замолам, ако забележите ваква сенка да ме известите. Спојлер Кај нас овие stay all day сенки се 170 денари. Исто, ја прашав продавачката дали им е во план да носат уште од овие, ама кажа дека биле последни и не очекувале друга тура, па најверојатно ќе има нова колекција и се надевам, ама СЕ НАДЕВАМ дека ќе се најде ваква златна сенка. Вечер ќе ја пробам можеби, па ќе кажам импресии, на прв поглед многу ми се допадна.
Епа добро Мишелке си се снашла некако, барем си зела нешто слично колку привремено да се порадуваш нели Ако те носи патот накај СК брзо време или понатаму,планирај ја зошто јас ја гледам секогаш дека ја има. Посебно во ДМ. И како тоа кај вас поефтини бе,не е фер Плус во ДМ донеле 3 нови нијанси,и јас морав да ја пробам една розевка Спојлер Значи соврешни се сенкиве,се молат да ги прекинат од производство ќе банкротирам иначе
^ A што е најжално, кажав дека нема да ја расипам петстотката што ја имав и дека ќе ја заштедам - отиде жалната во неповрат. Ми се допаднаа и сребрената и црната сенка, леле не ми е добро, дефинитивно. И ќе си пекам додека не ги купам. Кај нас само тие три нијанси беа, не е фер. Може навистина поефтино е, ама изборот е „на нивоу“, мајке ми. Само да дојдам таму на север, ехеее цел список имам за козметиките од ДМ.
@tessi Фалаа многу, ќе појдам деновиве да ги видам какви се @LetsTalkFashion Gosh не сум имала до сега, ќе проверам и овие какви се па ќе направам споредба. Фала ви многу на двете
Јас поединачно ги зимав,сега си порачав една палета од ebay се надевам дека нема да се зезнам како членката од погоре
Јас имам неколку палети сенки за очи од по 3-4 бои но намбр уан позицијата убедливо ја држи Naked палетата на Urban Decay. Веќе годиина дена ја имам, немам коментар, прекрасна е! Прекрасни бои, скоро сите се earth toned, земјени нели и супер стојат поготово што имам кафена коса и кафени очи. Квалитет врв, ниту ми паѓаат, ниту се ронат, одлична пигментација. Единствено што имам замерка, ама тоа лично јас, е дека повеќето од сенките се светкави. Не дека тоа е нешто лошо, али лично јас би сакала повеќе да се мат, истите нијанси само мат, ама добро, и вака е ок Со палетата ми дојде и малецко пакување на urban decay primer potion, базата, ама ја немам пробано, веројатно бидејќи користам друга, но ќе ја пробам и таа. Спојлер Има и naked palette 2, размислував и таа да ја земам, али ми е без везе, само џабе да фрлам пари нејќам..незнам ни зашто постои кога се преслични..ова е за таквите што се фанатици по шминки и мораат да имаат се, па како што беше продавана првата, да биде и втората и бум, дабл профит. Убава е да, но јас ја преферирам оригиналната, таа што си ја имам.
Многу се убави сенкиве, каде ги имаш купено? Вакви барам, имам едни од Аура и една сенка од Голден Роуз, мат е, убави ми се засега, но никако да најдам вака како палета на овие бои.Вака од што ги видов ми се допаднаа, уште да знам каде ги има и колку пари чинат.Ги има ли некаде низ парфимерииве?
Гордана оваа палета конкретно ја нема кај нас сеуште. И прилично скапа е А вакви слични палети имаш низ парфимериите,само оди и побарај им да ти препорачаат некоја Само за ваква слична палета со повеќе сенки секако спреми се за височка цена
Баш ќе проверам пак низ парфимерииве, тиа што ми се од од Аура и од Голден Роуз, се слични на палетава, но бојата им е поразлична, друга нијанса на кафеава боја.Низ парфимерииве претходно, не налетав на вакво нешто и сега кога го видов во постот, ептен ми се допадна и сега ќе ми остане палетава во глава па ќе ја барам додека не ја најдам.За цената, претпоставувам висока