Горде, јас ја земав палетава преку интернет, од ebay, бидејќи колку што знам кај нашата ни напредна Македонија го нема овој бренд. А го има во Сефора (Солун, Белград, најблиску претпоставувам), и во останатите такви поснабдени шминкарии, и секако на интернет. Цената, бар на интернет е секаде различна, може да има зачудувачки голема разлика од едно до друго место, така да фиксна цена нема..а во парфимерија колку се продава незнам, но веројатно поскапо. А палетата е супер, само ова да го имам и четче и не ми треба повеќе за очите. Спојлер И уште едни палети има, што се исто препрепрекрасни, ова како инфо плус се на "too faced", помалецки се со помалце сенки, но исто така квалитетот е врв и боите се прекрасни. Со имиња се, на пример Natural eye, Romantic eye, Matte eye... Овие ги немам, но во живо ги имам гледано во Сефора, и пипнато и се немам зборови, сакав да земам една али неможев да се одлучам, башка тогаш ја барав нејкед палетата која ја немаше во моментот и затоа нејќев да земам друга.
Како сте задоволни од сенките на Ruby Rose ? Ги видов кај нас во маркет за 100 денари, па се мислам дали да земам.
Да си ги земиш.Јас имам палета од Ruby Rose и прво бев скептична дека не се некоја марка. Али толку се квалитетни,мислам дека се подобри од Авон или Орифлејм. За 100 денари добиваш добар квалитет.
Сакам да прашам како почетник какви сенки да почнам да употребувам?Досега не сум користела сенки,па затоа незнам од каде да почнам... Без светки,поприродни...а и за вечерно излегување
само колку пријатно сум изненадена од сенкиве,,пре убави се,баш јас како што си сакам јако пигментирани и светкави. Спојлер да си кажам јас не си ги купив,овие не се мои бои,свекрвами ми ги купила,и кога ми ги даде и ги видов боите ми се сврте во глава и баш си реков што и е на оваа знае дека вакви фруштрави бои не обожавам ама ај стегнав заби и ги пробав и се заљубив таман за есенва ептен одговараат боичкиве,па сигурно за брзо ќе ги смачкам.
скоро 4 год. ги користам минералните сенки на BareМinerals,може да се воденат или така прашкасти како што се,малце се собираат се прават линии,ама убави се,
Ги имам од Deborah 2 големи палети и сум прилично задоволна боите се добро пигментирани Брзонзер од дебора има тој што го имам во палетата е фантастичен ама малку е па реков да си купам
Од поевтините - тие на Голден Роуз за парите се супер. Убави нијанси даваат, долготрајни и навистина се мат. Имам црна и розева и вршат работа, околу 100 ден. За други поскапи фирми, навистина не би знаела да препорачам, и јас очекувам предлог...
Овие палети колку што знам ги нема во Македонија..Во другите земји би требало да ги има. Во Сефора сигурна сум дека ги има, оти ги имам видено. А за цена, зависи од многу фактори, од која држава, која продавница, интернет.. Али во секој случај од тие посоленките се отприлика 2500 - 4000 денари. Да, една палета. Ај ноу, ај ноу
Женски убави мат сенки исто имате и на Есенс,од нивните моно сенки само побарајте убаво зошто имаат мешани и светкави и мат (а каква е сенката пишува позади на пакувањето) А и не се скапи,до 170 денари така нешто.. Исто и на менхетен може да пробате,многу убав мат ефект дава ама стварно. Една сенка е околу 250/60.. прилично е малечка сенкичката,ама за подобар квалитет и малку поскапо И најдобар предлог воедно и најскап Артдеко,моно сенките. Оф,фантазија се ама ту мач цените! За такво мини сенкиче сеуште не сум дала скоро 300 денари.. можеби уан деј.. Мене боите ми се прекрасни до последна.Еве некои нијанси : Овие конкретно се мат,имаат и останати светкави. Абе ги сакам сите
Koja сенка би ми ја препорачале на убава крем нијанса, ни прeтемна да мава на кефено, ни прeсветла накај бело, онаа баш убава крем, како кожа боја, со малку светки, не премногу. Имам една дома од авон-од оние 4три што се во едно, ама некако ми се губи, пресветла ми е. Нешто вака, ако не и малку посветло, ама поистакнато. Спојлер
Јас и од овие сенки на менхетен сум задоволна, ги имам користено, многу се убави и квалитетни.Да малечки се, изгледаат како за два дена да ќе ги потрошиш
Ги купив Smokey eyes сенките не Есенс,црните и кафеавите,179 ден се во ДМ.Меѓутоа нешто задоволна не сум.Ги видов убави и евтинки и ги зедов.Дали е до мене,незнам да се нашминкам,не знам,ќе мора да погледнам туторијали .Иако нијансите им се супер.Еве ги Наредно,ги меркам на Римел,eве овие Искуство?
^Пигментирани, одлично, но не се ич практични, барем овие со британсково знаме не ми се свијаат. Ептен се штосни на изглед,ама во оние малине просторчиња сенкичките што се на краевите тешко е да се убаво земе со четка. Само у средина големот крст е океј за нанесување. Ако има некои сенки од римел без оваа форма,земи, не се многу скапи а убави убави бои. НЕкој било кој?