користам сенки од аво махфактор лореал и ревлон а омилени бои ми се виолетови(во потемни тонови) темно плаво сребрено црна и кафеаво -кремави
Колку пари е сенкава за очи и дали ја има кај нас ? http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater
Авон, есенс, флормар, аура... сите ми се погодиле до сега... но се мислам каква да си купам бела (по можност мат, без светки). Ако имате некои препораки слободно...
Ги користам во посебни прилики ,инаку вообичаено ставам само туш ,маскара и креон. Сите бои ми се убави ,освен сива ,единствено неа не ја користам. Најчесто земам сенки од Авон или Орифлејм ,но летово си купив цела палета од Се за 99 ,некоја анонимус марка се ,ама се докажаа како квалитетни (а страхував да не ми се појави алергија ) ,многу се трајни и имаат 23 нијанси. Последно време само нив ги користам , испаднаа најтрајни од сите .
^ Јас пак не сум задоволна од сенките со повеќе нијанси, имам едни дома со 48 нијанси демек Nivea се, така пишува на нив, ама ич не ми се убави.
Овие сенки ги земав денска палета број 202.Во ДМ ги купив 229 ден. Задоволна сум,веќе ги пробав и пријатно сум изненадена,убаво пигментирани се имаат многу малку шимер,на око изгледа ептен дискретно.За smokey eyes се супер.
девојки каде ѓи има сенките на Sephora?мислев дека ги нема во македонија но гледам во убавина и здравје весникот сенки Sephora 600 ден.инаку да не бидам офф топик,користам сенки на дебора комплетот од 56 сенки,исто и на лореал.
Од космо ги купив, мислам дека беа околу 1900-2000 денари. Ги има и во unique, а веројатно и сегде кај што има Deborah козметика
Јас од овие, како третите на сликава имам од Аура, од Космо ги земав, цената им е тука некаде како во ДМ маркет.Убави се, задоволна сум од овие сенки.Обично сакам палета на сенки, не само една, а истата скапа, која за кратко време ќе ја снема, вака палета е поубаво, барем вреди за парите.
Хипстер, а да ја погледнеш палетата со бројче 203 ? Спојлер Има две-три нијанси на крем, што мислам дека можеби ќе ти се допаднат. Супер се, јас ја имам првата.
Јас ретко користам сенки, само за ноќна шминка. Кога ставам сакам да си експериментирам со бои, посебно со потемни нијанси. Сакам да си најдам комплет сенки со широка палета на бои. Инаку најмногу имам од тројните на Дебора и задоволна сум од нив, а имав неколку светли во пастел бои од Seventeen и за ништо не ги бива колку и да ставам не ми се познаваат.
Мислам дека ја нема кај нас, ама имаш многу квалитетни на парче од Арт Деко кои што ги има во 100 нијанси, сигурна сум дека има ваква иста нијанса
Не користам многу сенки, имам само неколку во неутрални бои, крем со малку светки, нежно кафени, бронзени светки имам и една мала палета на сенкички од Белаоги ја начекав за 100тче иначе никад не би купила, 15 нијанси само 5 не ми се погодени, другите се ок. Ќе ги пофалам на сентин бидејќи само и нив ги имам, друго немам користено а не би ги ни менувала овие. Убави нијанси и долготрајност :up: и да не беа долготрајни пак ќе ги користев зашо топ им се боичките. По 250 ден. е една сенка.