Си ги купив уште кога бев Америка,а сега овие бои ми се на поклон од другарка ми ми ги донесе кога си дојде .Но можеш и ти да си порачаш од интернет и на фб да ги најдеш купи од интернет или купи лесно профилите мислам ќе ти ги достават до дома.Сенките се супер и трајни се.Ако ги видам негде низ скопјево ке ти пишам
Добро, овие сенките од Авон се стварно за никаде. Вака, нијансите убаво изгледаа во каталог а и кога ги земав ама не се трајни бе, не се познава дека воопшто си ставил после едно пола саат. А овака не сакам некои нападни бои, неутрални или онака посветла т.е. бела сенка. Исто така сакам многу зелена ама не онаа дреч варијанта, туку понежна. Имам вакви нијанси ама како што кажав, не се трајни. Не знам кои би ги препорачале онака поквалитетни, па и повеќе пари да фрлам ама барем да знам дека ќе ги користам.
Јас ја имам Naked палетата на Urban Decay, и искрено немам чачнато ниту една друга сенка, ниту пак барам/гледам по продавници. Имам кафена коса и кафени очи, топол тен ("warm toned") така да вакви земјени нијанси највеќе ми одговараат. Палетава е фантастична значи, и сум презадоволна!
^Околу 50$ e. Ако не и точно 50. Можеш да ја нарачаш преку amazon. А ако патуваш во странство, ги има во Sephora.
Денес си купив сенки од Базаро, и сенките се лудница! Некоја незнајна компанија се, Miss Rose, ама слободно можам да ги со споредам со кватрото на Авон. Има различни форми и големини, не можев да најдам сликичка од таа што ја купив, ама беше 50 денари на попуст. Има и вакви (што успеав да најдам слики): Е сега малку се премногу светкави за мој вкус, ама зедов кремово-кафени нијанси кои воопшто не изгледаат нападно, и покрај светките. Ако земете сини или розеви секако дека ќе бидат светкави. Ретко користам пазарска козметика, и уште поретко сум задоволна од истата, ама на сенкиве треба да им се даде шанса. На крај краева, губите 50-100 денари.
Зар ги има bella oggi во МК?? Тука ги има насекаде и се по пристапни цени, јас купив за поклон затоа што цимерката ми рече дека се добри. И плус имаат голем избор на бои и пракитични им се пакувањата.
Па не е тоа лоша цена, само зависи колку е големо пакувањето. За квалитетот мислам дека вреди, маркава е релативно добра. Не е од најдобрите ама е сигурно подобра од есенс или голден роуз на пример. Имаат и веб страна, мислам дека и тука имав читано добри критики.
Сет со 10 нијанси со огледало, обично сенките со повеќе нијанси не се убави, ама овие се квалитетна марка.
Имам јас на БелаОги сенки, не се овие смоуки ајс едни други се, во мало пакување има 15тина сенки, фини боички, околу 100 ден. ги земав на попуст пред месец-два и задоволна сум од нив. Не се размачнуваат, прилично долго си стојат на око и убаво се нанесуваат не се прават црти на капаците после саат-два. За цената се и повеќе од одлични.
Одлични се сенките женички,ако планирате да земете земајте додека се на попуст А и онака без попуст имаат ефтини сенки баш тие мимс што ги спомна горе. Jaс ја користам оваа палета веќе со месеци и многу сум задоволна Моја препорака да си земете ако се двоумите, и не верувам да се разочарате
Bellaoggi ги има во Космо,КИМ парфимериите,за Шатци и Еликсир мислам дека не ама не сум сигурна.. Ама за првите две парфимерии ги има со сигурност. Оваа палета ( Bellaoggi LADY POCHETTE ) Е 1100 денари,но ја има само во КИМ парфимериите (Буњаковец и Бисер ) Еве ги овие смоуки што се на попуст сега по 255 денари секоја : Има и останати сенки вака во палети од 100 денари нагоре Ако барате,барајте во Космо најголем избор имаат.
Jас сенки скоро и да не користам, ретко, и тоа некој пазарски, во неутрални бои, кремави, со малку сјај, такви. и црната на Kетрин Aрли е дефинитивно HAJубава како туш/црно моливче може да се користи преубава сенка. инаку од скапите сенки, дефинитивно би ви ги препорачала Буржоата ги имам пробано на тестер, преубави се Aма цени ајт со здравје