^ Bellaoggi, грешка направив горе. Пишам од мобилен и само грешки правам. 1090 денари, 110 сенки се, многу е убава палетава, голем избор на бои да не речам- сите бои ги има. Ама не се мат, малце се светлуцави, ама пак ќе кажам- преубави се, фалени тук низ темава. Ги им во КИМ јас таму ги видов последно пред речиси три недели и оттогаш сум во дилема зошто сакам да купам нешто квалитетно, па читам коментари низ нет и на крај одлучувам дали ќе купам или не.
Оваа ќе да е таа палета или поинаква е? Како и да е и јас сум во потрага по поголема палета и овие на bellaoggi (ако се истиве како на сликата) ми привлекоа внимание само не им ја знаев цената..
Си зедов сенки за очи од Pierre Rene. Окако нанесов прв пат, си мислев дека не се тоа што очекував. Секако, проблемот не беше до нив туку до апликаторот. Откако го сменив, неизбежно е да им удрам една пофалаба. Цел ден сенката не сака ниту да мрдне, ниту да се насобере на горниот капак, ниту да се избрише! И бидејќи ги нанесувам трите нијаси истовремено, совршено се претопуваат! Си се изненадувам од некои марки. Браво за квалитетот! Значи, од денес постојано ќе си носам виолетови комбинации само за да ја имам оваа сенка на мене! Нијансите на сенки кои ги имам.
Значи вака веќе подолго време околу година дена користам само туш и маскара за очите но деновиве нешто пак ми се појави желбата за шминкање со сенки така да сакам да си купам сенки ама незнам какви....сакам некоја палета што ќе ги содржи белата црната сивата кафената лилјаковата зелената сината боја така главните бои немора од секоја боја да има разни нијанси не сум до толку ситничар воглавно ми треба пристојна палета со по јаки бои значи сакам боите да се многу интензивни па што ќе ми препорачате? и да биде по пристојна цена,не ми се даваат многу пари....и уште нешто сум слушнала за подлога за сенка за очи која бојата ја правела ем поинтензивна ем подолготрајна па сте користеле нешто слично да ми препорачате и ако може сликички право да видам од сенките и подологата.....однапред ви фалаа
Освен авон/орифлеим нешто друго...порано имав користено од тие 2 марки и сенките се убави ама не ми се интензивни така да некој друг предлог?
^ Ако сакаш интензивна боја на сенка, најпрво ќе ти препорачам база за сенка на Артдеко (една е, во црно малечко кутивче). За сенки, од мое искуство ти ги препорачувам на Дебора, доста се пигментирани дури и најсветлите. Во Космо има доста добар избор на палети, од помали до поголеми, па појди види си Едит: Ми текна на уште едни, Севентин. И тие се одлично пигментирани сенки, особено моно сенките
Фала за базата за сенка...сум слушнала за неа ама незнаев од која марка да земам дали има повеќе врсти и слично ама штом викаш една била од Артдеко баш ќе пробам а за сенки имав користено моно сенка од Севентин темносива боја што си ги спомнала и бев задоволна арно ама сакам палета а не една по една сенка така сакам сите бои во една кутија да ми се ќе проверам во Космо само се изнервирав од таму зашто кога имаше немаление на сенките од БелаОги 10 бои за 259ден мислам дека беа сакав да си ја земам палетата со кафени најанси арно ама во Струмица во Космо рекоа дека тие не ги држеле само во Ск ги имало е па тогаш што не пишува дека таа понуда важи само за Ск само се разочарав а толку ги меркав
Еве ти и сликичка од базата, ја има секаде и ми се чини дека беше околу 400 денари, ама ќе ти трае ехееее... со години Инаку, има и палети со по 5-6 сенки од Севентин, не мора моно да купуваш во сите бои Имам јас палета Севентин со кафени сенки, ама подарок ми е, па не знам да ти кажам од каде е купена и колку е, ама сигурна сум дека не се скапи. БелаОги мене не ми се допаѓаат, премногу се светкави за мој вкус, ама па се поефтини од други сенки Ама викаш дека не ти требаат повеќе нијанси од една боја, туку само најосновните бои, така што јас да сум на твое место би си купила една палета со помалку сенки (5-6), ама поквалитетни
Е супер за сликичката сега си знам како изгледа и обавезно ќе си земам а за сенки ќе подразмислам уште малку да видам други феминки дали ќе предложат уште нешто па ќе се одлучам.
Ако сакаш солидни сенки за смоуки ајс, топло ти ги препорачувам Есенс. Ги има и во други нијанси, овие се чинам едни од најупотребуваните бои за таков тип шминкање. Едната сенка е посветлуцава, другата е кремаста и многу се трајни дури и без подлога, а со оваа на Артдеко ќе ти траат цела вечер и ќе ти бидат ко непипнати. Исто, добра подлога е и таа на Менхетн, нешто поефтина (мислам) од Артдеко, ама квалитетна. A мој предлог ти е да си бараш некои крем сенки од овој тип. И во колекцијава има прекрасен избор на нијанси, само не знам колку ти требаат и дали ќе ти се исплати да си купуваш посебно. Овие не се повеќе од двеста денари. Нема потреба од претходно нанесување база за сенка, ами само шлапате од неа и немате гајле - отпорни се на денсање и живуркање цела ноќ. Не мрдаат. Благодарност до Beauchamp, ако не беше она, тешко дека ќе знаев за сенкиве.
Фала на предлозите Mishela ...како што велиш една по една не ми се исплаќаат да ги купувам а и не ми е баш практично затоа сакам цела палета најважни ми се црната белата сивата кафената лилјаковата сината зелената боја у глобала најглавните бои немам потреба од нијанси на зелена сина и сл доволно е една сина една зелена ама битно ми е да се јаки боите а не бледи.Лелее значи стварно претерав веќе со тоа стално низ глава сенки ми се мотаат тоа е резултат на дооолгото паузирање од сенки и сега ептен почнаа да ми недостигаат не е лесно да имате период во кој само туш ќе ставате
Јас за смоуки би ти ги препорачала и тие на Аура.Пристапна цена ( некаде околу 230 денари) , трајни се, и пигментирани.
ги има ли некоја од вас употребувано овие сенки?сакам да си купам па прво би сакала да слушнам ваше мислење
Ми треба моно сенка, длабоко црна,во прав, мат и со пристапна цена, не би пречело и да е цела палета. Предлог?
Лилит, ми се наоѓа мене една по дома, гледам Golden Rose е и сигурно има година дена веќе ако не и повеќе како ја користам. Ефтина беше, ама ич не ми е при ум колку точно чинеше. Позади пишува Golden Rose silky touch 13 и вака изгледа кутивчето. Многу е добра, солидна пигментација и трајност - со база за сенка си стои нечепната цела вечер, а сум ја користела и без база, добра беше ама ми се пресликуваше по некое време на капаците. A потенцирам дека ја убив од користење. Имам и ваква една, најверојатно ми е подарок зашто не се сеќавам дека сум ја купила (или сум лупнала „скромна“ сума во Космо од карши, па „случајно“ се нашла во несесерот ) и не ми е многу користена - си ја штедам. Мислам дека оваа повеќе ќе ти фати око и напоменувам дека е баш баш мат - Менхетн можеби имаат едни од најлошите пудри, ама среќа што тоа не важи и за сенките. Одлична и без база, ама уште поодлична и поинтензивна со мааалку.
Се согласувам за црната од Менхетн, мат, долготрајна е и не ми се пресликува, што ми е најголем плус мене и исто многу мала количина е потребна пошто е доста пигментирана, така што ќе си ја користиш долго.
и ја се сложувам за црната на менхетен и ја ја имам и преубава е, лилит нема да зажалиш ако си ја земеш