^^ Јас пак од тие од Авон задоволна си сум,не ми се лоши.. Исто и едно светкави од Роуз Париз што ги имам бркаат работа.. Не сум многу по светкавите али добри се покажаа.. (Вакви се само без руменило...неможев да најдам иста слика..)
Многу многу не љубам сенки... Златникави и крем нијанси, кафеави, тиркизни и темно зелени... меѓу омилените.
Ме заинтригиравте со плетата на голден роуз,никогаш до сега немам користено нивна козметика,освен лакови за нокти.Па фатив прогуглав и им го најдов сајтот и ме бендисаа вака од око руменилата,сенките и бронзерите,па ме интересира како сте задоволни од нив и кои им се цените и каде да ги најдам,зошто не сум ги сретнала до сега (освен лаковите за нокти како што кажав)?!
Лилит, секаде ги има, почнувајќи од обични парфимерии до тезги. Инаку, искрено не ти ги препорачувам. Ни сенките ни остатокот од нивната козметика.
Јас имам едно сјајче со четка од Голден Роуз, со едно списание го даваа, мислев дека е некое третокласно, ама убаво се погоди. Го видив во аптека околу 160 денари беше. Ќе пробам и друга козметика од Голден Роуз, сега ме заинтересиравте за сенките. А Gunshine зошто не ги препорачуваш, што им фали, суви се, бледи се ...што е ?
Јас имам само една забелешка на сенкиве од ГР, додуша може не се сите такви, моиве се од тие тробојните и не ми се допаѓа што имаат светки низ нив.
Jас користам сенки од max factor. Не употребувам многу сенки само пудра, руменило и кармин, но од сите досега сенки што сум ги користела најзодоволна сум од max factor, не се собираат и јас користам нежни бои светли бои. Се малку посакпи, но мислам дека се исплаќаат.
Ги имам користено, токму овие нијанси (103) не се лоши ама има далеку подобри од нив (менхетен на пример) Сепак имаат скормна цена а и нудат задоволителен квалитет! Некој погоре спомена дека сенките на Голден Роуз биле многу светкави, мене пак ми се чинат како помалку светкави ! Имаше едни Руби Роуз ми се чини дека беа и знам дека ептееен беа светкави,и за дневна шминка не се осмелував да ги користам!
Бидејќи малку нијанси ми одговараат со очите, користам розева сенка од Rimmel, вака изгледа: И ваква сенка од Макс Фактор со бакарна боја: . Презадоволна сум од двете, а како подлога нанесувам едни сенки, подарок ми се, но капачето одамна веќе не е помеѓу нас, па не можам да ви кажам како се викаат.
Ги користам на орифлеим шминките оние во повеке бои и сум задоволна.Најчесто ставам црна,сива,кафена зависи во што сум облечена.Купувам и поединечно шминки ако ми јафати око некоја боја не мора да е некоја марка,но сум приметила од поевтините шминки сум позадоволна.Сакам шминки редовно се шминкам си ги пазам и чувам.
И јас сум задоволна од овие, имам од тие со 5 нијанси (од бела до црна) преубави се. А имам и палета со повеќе бои од Rubi Rose и тие се добри
користам многу видови на сенки за очи..каков вид на сенка ќе употребам зависи од пригодата ... за на свадба ставам некоја посветкава сенка или мрсна сенка (мислам дека имаат поголем квалитет ) секако има и сенки во прав што се подолготрајни но јас на другите им давам предност , пред се заради тоа што повеќе го истакнуваат окото ..
Лилит не си фер Едит, во контекст на муабетот: http://www.youtube.com/watch?v=hC-9_mB6 ... re=channel шмрк