лилит, јас имам црна, многуу црна...100 денари, кетрин арли(од продавниците на голден роус) во светло розева опаковка...само внимавај многу е црна и јака!
Ве читам за сенките Bellaoggi и гледам пишувате Белаоги- само да ви кажам дека правилно се изговара Белаоџи и доаѓа од зборовите bella(убава) и oggi(денес). А на темата дојдов за да прашам колку чини базата од Maybeline? И дали е иста грамажа како онаа од Artdeco?
Сесилија, да не мислиш на базата за сенка на Менхетн? Не сум сигурна, ама немам видено база за сенка низ нивната козметика. Ќе ти одговорам за оваа на Менхетн, ако сум грешка - однапред се извинувам. Спојлер Менхетн е 8 g, а Артдеко 5 ml и мислам дека Артдеко е нешто поголемка, т.е. продавачката ми спомна демек имало за минимум 200-250 пати нанесување од Артдеко, а 150-200 од другава - не знам колку и се точни статистиките, обично не им верувам многу на зборлестите продавачки. Мене Артдекото ми личи како нешто поголемка. Долготрајни се и двете и доволно е да се нанесе малку за да го добиете посакуваниот ефект, ама кога би требало да бирам, би ја одбрала онаа на Артдеко затоа што ја прави бојата на сенката поинтензивна и добивате одличен ефект и со најобични сенки купени од пазарче. Не дека Менхетнот е лоша, ама не ја засилува бојата на сенката - каква е бојата кога ја нанесувате на очниот капак без претходно нанесена база, таква е и кога се користи со база.
Во право си Мишела, за Менхетн мислев, ама грешка сум пишала. Ти благодарам за одговорот, значи кога ќе одам по коректор Артдеко право да земам и база за сенка од истата фирма. Уште да имаше некоја таква акција во Космо коректор плус база гратис супер ќе беше
Општи прашања Се мислам со денови што да си купам-парфем,палета со сенки на бела оги (веројатно вака се пишува) или пудра...се од тоа ми треба и ми е при крај а немам доволно пари има некој користено од тие сенки? ги има сега во космо,околу 300 се...ако сте задоволни ќе се мотивирам па ќе си ставам крај на страдањево
Препорачајте ми некои стварно добри сенки, што покриваат многу, ми требат црна и бела за карневалот да не се многу скапи.
Овие сенки за очи се стварно препре прекрасни!! Денес си купив ваква лилјакова боја, од сабајле имам ставено на очите и ни да мрдне ни ништо! Само што незнам зашто неги носат овде сите бои имаше само лилјакова , сина , бела и црна боја
Veki4kaa многу тешко. Јас превртев неколку градови и на крај завршив со сенки со ситни светки кои одвај се познаваат бидејќи никаде немаше вакви. Може поединечно да се најде по некоја нијанса (имам поединечни) но во палета многу тешко.
Векичка , јас имам ваква слична сенка како тие на сликата , ја имам поставено и во козметичко катче јас ја земав од Сефора и сенката е со истото име, многу ми се допадна бидејки целата е со светки, не е само првиот слој, за мене се малку скапички, единечна и мала е 11 евра ја зедов..Во мк незнам дали ја има оваа марка, единствено ако одиш накај Солун па да си земеш од таму
^ Ја има но ако и е потребна повеќе од една нијанса, отиде храна доволна за еден месец во сенки за очи
Сенките на Буржуа се вакви светликави, ама се продаваат секоја поединечно. А вакви исти не знам, не сум видела во градов. Побарај негде надвор од земјава ако можеш.
Јас добив вакви за поклон пред некое време сега ја прашав другарка ми битпазар некаде ми ја купила и тоа многу евтино, не ја користам не сакам светки ама пробав сега колку да видам какви се и не се лоши
охооххоо па јас не сум во тек со темава, фала девојки, ќе видам ќе побарам белки ќе најдам нешто барем да наликува на нив
Во Орифлејм има попуст на сенкиве - намалени се од 799 на 559 денари. Ги користел некој овие сенки? И четката е на попуст-од 199 на 139 денари - ја има користено некој четкава?
Барем јас, светкави сенки сретнувам на секој чекор, не можам да најдам мат Ако бараш поевтина варијанта, можеш да земеш од Miss Rose од Базаро, поевтини нема да најдеш Изгледаат вака, прилично долго траат, и ептееен се светкави: Ако сакаш малку подобри, можеш да земеш од Golden Rose. Исто така не се скапи, а има доста интересни боички: Спојлер И за крај, моите омилени, Seventeen. Значи сенкиве се толку светкави и интенизвни, доволно е само допир со прст за да ја добиете истата боја што ја гледате. Моно се и една чини околу 300 денари. Црната ми се допаѓа, а и темно сината.
Женски, мене ми требаат ситни светки, не како сенка, туку како прав. Каде да најдам? Имам видено светки, ама покрупни се, а и страв ми е на око да ги ставам.