Имаш добри од Руби Роуз, околу 150 се мислам, но тоа се како компакт сенки за во чанта.. а така поголеми ми се допаднаа оние на Гош мислам дека беа, а исто добра е палетата и од Дове..
^ Aniston, ја имаш палетата сенки на Dove, така ? Одамна ти е купена или? Јас ја имам, купена ми е од пред некои 7 години и веќе не ја користам, а пола од сенките ми се нечепнати и ми е жал да ја фрлам, си стои така си собира прашина. Радо би купила нова, па ако сакаш да ми кажеш дали знаеш каде ги има ако си ги видела некаде во скоро време ? Цената не ми е битна, а знам дека не беа скапи воопшто. Прекрасни се, преубаво мирисаа на оној типичен мирис карактеристичен за сите производи на Dove и преубави беа, што нијанси, што пигментираност, трајност.
Штознам од пред 2 години ми е, ја купив од еден обичен маркет беше на попуст, но веке маркетот не работи но не сум проверила дали ја нема и на друго место.. Но ако ти стојат не ги фрлај, мислам дека ништо не им е..
Девојки што база за сенка ми препорачувате да си земам?? Не сум земала до сега, сакам некоја убава ама и по пристапна цена
Голден Роуз се добри за нивната цена, моно сенката е 100 денари.. Исто и Руби Роуз се добри за цената..
Користам сенки во прав и камени, и тоа најмногу сакам да нанесувам сина со црна, розова со кафена и виолетова. На essеnce се и убави и евтини
на Есенце се убави. инаку, девојки, кажете најдобар шминкер во Скопјево? Кој ќе ме нашминка вака? За посебна пригода е.
Јас ги зедов сега на Руби роуз сенките, зедов 2 палети една мат и една светкави, и имаат солиден пигмент, со база се супер траат, и што ми е мене најважно не се собираат на капакот на очите.
Ми треба препорака за црна ама баш црна мат сенка...на GOSH гледав мат ама се се како темно сиви ептен..нема баш црна..??
Oд Catrine Arley моно сенката се изненадив од тоа колку е добра, баш е црна многу, и многу трае некаде околу 100 ден е. 02 број
Баш црна сенка гледав денес во космо во Гтц, на Менхетен еве оваа Инаку, јас денес си се подновив со нова сенка на Есенс 3д , виолетова и по светло виолетова, многу ми се допадна, па сега мислам да си земам и друга боја трајни ли се некоја феминка нека пише мислење за нив
Црна ама баш црна и мат имам јас на флормар и навистина одлично црни јас порано се се зезнував со некои со сив сјај оваа не , јас од шатци ја купив сега не се сеќавам колку дали беше околу 130 дали 150 не можам да се сетам , дури и место креон/туш ја ставам на пола од долниот капак внатре и си стои гајле нема Eве ваква е
Девојки, читав претходно коментари ја фалите палетата сенки на Ruby rose.. јас ја зедов ама ич не сум задоволна, воопшто не се трајни и се многу бледи.. за еден час ништо не се познава Ќе можи да ми препорачате некоја друга палета на сенки така со сите бои и да се убави и трајни, и можи по некоја пристапна цена.
Не знам колкава палета бараш, ама ако сакаш поголемка и квалитетна, ти ги препорачувам на Дебора. Јас земав една прилично големка пред година дена од Космо, внатре освен сенки има и руменила, камена пудра и карминчиња и одлична е. Сенките се трајни, стојат буквално цел ден. Чинам некој имаше постирано низ темава слики од Дебора палетите. Има и поголеми и помали, и топло ти ги препорачувам Јас мојата ја земав околу 1.700 денари, не памтам точно
Ја имам шминкано со руби роуз и мислам дека дури и премногу се пигментирани за тие пари, и цела вечер и седеа не и мрдна шминката...