јас ја имам палетава со лилјаковите бои , пред една недела ми стигна од ибеј ја порачав евтини се околу 7,5 евра ме фати и преубави се сенките , и долго стојат се додека не ги извадиш
^ Овие на Bourjois се одлични,многу се пигментирани и не се собираат дури и на помрсни капаци. Задоволително долго траат,со база се совршени. Има и слични нијанси на Гош во ваква палета од 4 сенки. Малку се поправливи и знаат да се соберат на капакот без база,а и бојата е помалку интензивна. Авон имаат солидни сенки во виолетова нијанса, многу убаво се нанесуваат и ептен ме изнадува интензитетот на бојата.
Ги купив мат сенките на руби роуз, и можам да кажам дека сум задоволна, со база траат долго и се повеке пигментирани, кафените нијанси се одлични за веѓи. За секој ден се одлични и за тие пари сум повеке од задоволна.
Ефтини се сенкиве на Руби Роуз,јас големата палета ја земав околу 300 денари во парфимерија. А на пазарче сигурно се поефтини.
Користам сенки за очи од Авон,палетата со 4 сенки,погоре што има постирано една феминка.Имаат добра покривност,интензитет на бојата и долготрајност,па ми одговараат на моите помасни очни капаци.Освен тоа од оваа палета има голем избор на бои.За тие со помасна кожа навистина се добри.
Не знам дали веќе си купила, но предлог од мене - малите палети Bellaoggi. Ги има во Космо, палетата е 350 денари и има одлични нијанси. Сенките се со навистина солиден интензитет и трајност, јас ја имам палетата со земјени тонови и презадоволна сум.
^ Јас само таму ги имам приметено, можеби и низ други парфимерии ги има но ете до сега ги немам забележано.
Девојки ги има кај нас сенкиве на мејбилајн? Никогаш не сум ги видела, ги нема или само јас не сум ги заприметила? А доста од девојкиве на јутуб ги користат и ги препорачуваат.
ги има ама само една колекција..паметам дека ги има Pink Gold,Pomegranate Punk,Permanent Taupe,Infinite white,Turquoise forever,On and on bronze и уште некоја..Мислам дека 8 бои има кај нас само
^^^ ја нема..и јас неа ја барам ама досега во сите парфимерии истите бои ги имаат само..јас мојата ја зедов на попуст во Космо беше 260/270..иначе регуларна цена и е 350 + -