Во школо после свадба тапани,ни даваа пред една недела пакетчиња , и фејри како фејри,мора да и се падне нешто малце чудно за пакетче со школски прибор Палета со 12 сенки од L.A Colors Expressions ,убави се боите,само се потемни од сликава ,вториот ред,првата палета Јес да не користам сенки,ке се најдат Туку, каде има кафеава мат сенка?Побарав во 2 парфимерии,се некои светкави,а мат ми треба,и да не е многу темна накај црна. (пак да кажам - не е за мене )
Прајмерот од есенс за сенки го има користено некоја? Ме интересира дали има посветли нијанси или е тој еден?(можи ми е глупаво прашањево) оти некако бааги темен ми изгледа
Јас го користам веќе втор ми е овој и ми се допаѓа.Морам да признаам дека првиот повеќе ми се допаѓаше од овој сега,незнам поради која причина,а инаку една нијанса е и не е темен,кога ќе нанесеш мала количина не се познава.
Еве сега си идам од излегување,на мене се веќе 5 саати и комотно можам да ги споредам со сенките на Deborah што ги купив 1500 20 сенчиња.Од мене имаат 8/10 само заради тоа што ги немам испробано сите сенки што ги нудат брендовите.Се на се,задоволна
Препорака на бренд за nude нијанса? Барам некоја не толку приментна нијанса, или такозвана nude за преку ден, бидејќи упорно и упорно ми се создаваат линии на очниот капак, не ми одговараат пудрата и коректорот.
Први што ми паднаа на памет се моно сенките на Manhattan. Нијансата е 29C. Други што исто ми изгледаат добро, но ги немам пробано, се моно сенките на ArtDeco за кои се зборуваше пред некој страна. Прогуглав малку и има многу nude нијанси, погледни ги тука, овие се мат, но има и светкави. Ако сакаш повеќе сенки, можеш да го земеш квадрото на Авон. Сега има ново пакување и нови нијанси, но сенките се истите. Јас ја имам Mocha Latte, а други сетови со nude нијанси се Emerald Cut, Stone Tauper, и Glow Teal. Ако сакаш цела палета, квалитетни и доста евтини се сенките Bellaoggi. Ги има во Космо и мислам дека се на акција.
Јас имам nude нијанса купено од Аура - Dark princess, во коцкасто пакување се сенките имаше 2 крем нијанси ( не можам да најдам слика) . Провери во ДМ и Космо не беа скапи
ја имав порачано, денес ми стигна ова е катастрофа од сенка, никаква боја, никаков квалитет, никаков сјај.....немој некој да се излажал за сенкиве ужасни се, па пишува двоен ефект-сув и воде апликатор врска нема никаква. бојава нема врска со сликата, ке оди во канта најверојатно.
Ви ги препорачувам сенките од Авон. Dimensison, ги има во три бои. Квалитет предобар. Имаат предобар светкав финиш. Ги има и во новиот број на авон, може да си ги порачате.