Јас ги користам и сум задоволна. Боите остануваат исти кога ќе ги нанесеш. Оние поединечни бои - по 1 кругче, се 100 ден. Имаат палета со 4 бои - 280 и со повеќе - 400 и нешто денари, баш пред некој ден ги гледав.
Голден Роус во последно ме изненадуваат со квалитетот и на новите лакови и кармин, и овие палети сенки кои сум во план да ги купам чини 1250 ден. Ќе споделам искуство штом ја купам (наредниот месец )
Ја земав пред некој ден од ДМ, задоволна сум и на попуст е, 180 денари. Но не знам дали сакаш со светки.
Ruby Rose eyeshadow palette 3 Солидна накај одлична пигментација. Цел божји ден стојат на очи, не се бришат. Супер сенки за ефтини пари, 200 ден. за палета од 24 сенки е одлична зделка. Ги имам токму овие од сликата, палета бр. 3. Презадоволна сум, квалитет ко некоја марка да се, ма одлични се. :up:
како да се добие ефектот на Mylie Cyrus сенката за олиу, ако воопшто ја има, во спотот We can't stop? Гледав на youtube makeup tutrial ама не е ни приближно тоа!
Јас немам видено до сега, но можеш да користиш гел ајланер, а ако ставиш врз него црна сенка ќе ти трае доста. Или пак можеш совлажно четче да ставиш од обична сенка, гледам така прават на јутуб. Доколку сакаш доста пигментирана ти препорачувам од моно сенките на мејбилин
Многу блогерки ја фалат палетава на Sleek , па планирам да ја порачам дали сте ја користеле ме интересира? Сакам да ја земам поточно Oh so special