МАТ СЕНКИ Каде даа најдам matte eyeshadow ? Колку би ме коштале? Која фирма/марка ми ја препорачувате? Значи не сакам никакви светки сакам како на сликите
Имаш мат сенки на Флормар, многу се трајни а цена им е околу 400 денари мислам , има штандови во рамстор и веро центар, провери и по космо,шатце мат сенки
Некоја убава палета со мат сенки кај нас не сум видела, освен таа која Марама ја има поставено во една од претходните страници. Ако не се лажам јас ја купив 130 денари. Иако палетата испаѓа многу поевтина, сепак мислам дека е подобра идеја да си купиш индивидуални мат сенки. Би ти ги препорачала моно сенките на Golden Rose, Flormar и Catrice. Golden Rose ти се најевтини, мислам дека чинат само 100 денари за 2.5 грама. Flormar се малку поскапи, околу 140 денари но добиваш дупло повеќе во споредба со Golden Rose односно 5 грама. Catrice се најскапи во оваа група, чинат околу 180-190 денари (не сум сигурна) за само 2 грама производ но сепак мислам дека нудат малку поуникатни бои во споредба со Golden Rose и Flormar. Твое е да разгледаш и да видиш што повеќе ти се допаѓа.
150 денари кај нас ги продаваат за 250 кај да ги најдам за таа цена освен во ск? извинете на офф топик
Убави еднобојни мат сенки за очи, се оние од орифлеим. Ќе има слика подоле. Мене ми се допаѓаат стојат долго со и без база на сенка. Е сега мана е што се ронат, додека се нанесуваат. А има едни на IMEI или MEIS како беше незнам точно, мат палети се 145 денари во аптека( во приватните). Ми се чинат како добри сенки, јас сакам да ги купам понатака. Овие се тие, во приватните аптеки 145 денари се.
Женски да не сте виделе некаде низ Скопјево сенки од Baolishi. Јас ги имам овие на сликава, пре пре пре пре презадоволна сум. Таква пигментација во живот не сум сретнала и плус долготрајни се, цел ден не мрдаат, не се собираат во капаците (а тоа кај мене е чест проблем). Ги добив на подарок, па сакам да си купам уште, сакам и мат ако има по можност. До сега не сум сретнала, незнам кај да ги барам.
На Бит-пазар ги има, на тезгите каде што продаваат козметика. Вакви со светки не знам дали видов, ама имаше и мат и комбинирани. Си пишуваше Baolishi на кутијата, имаше и помали палетички. Провери, сигурно ќе најдеш.
Здраво на сите, имам едно прашање доколку би можеле да ми помогнете во одлуката. Пред некој ден забележав на Facebook една страна се вика G-Youth Cosmetics имаат козметика од познатите брендови и вршат достава до дома. Јас конкретно се заинтересирав за сенките NAKED бидејки прочитав доста позитивни коментари, инаку се 1490 ден. Па би сакала доколку некој има земано да ме информира дали станува збор за вистинските сенки или се некоја копија? Однапред сум ви благодарна.
Мислам дека се работи за копии и јас им ги разгледував производите пред извесно време. Подобро немој да си ги трошиш парите на овие наводни брендови, за тие пари можеш да си купиш квалитетни сенки од нашиве дрогерии или пак да си нарачаш од интернет каде каде подобри. Овие не се ништо друго, туку кинески копии нарачани за ич пари кои ги продаваат на велико под изговор дека се бренд.
Не само што се копии туку и се СМЕШНИ копии Спојлер "Dior" пудра во МФ пакување Нивната копија Вистинскиот Шанел Сигурно има уште, ама ај да не барам. И цениве им се смешни како за да се оригинал. Оргиналната Naked палета чини околу 2500 денари а тие ја продаваат 1500. Иначе на алиекспрес 3 палети Naked чинат 300 денари сите три заедно.
Девојки дали некоја ги користи и колку е задоволна од овие на авон? http://avon.mk/brosura.htm 63 страна
Пρоизводите на оваа фиρма се забρанети за употρеба затоа што содρжат големо κоличество олово . Kинесκи пρоизвод е и овде се носат и пρодаваат по κинесκи пρодавници. Taмо се фρлаат од употρеба а овде за пρофит се пρодаваат. На. Неκои пρоизводи немљ ни вρој ни состав. Подалеκу од овие пρоизводи,моја пρепоρаκа. Не се лажете за цената.