^^^ За Баолиши - http://newsinfo.inquirer.net/483657/fda ... c-lipstick. Конкретно, тешки метали биле најдени во нивните кармини, пред се олово и арсеник, но уште пошокантно е откритието на Лореал No. 209 на листата на кармини каде биле најдени вредности над дозволените Ама па од друга страна, како помлада какви се не шминки купував од пазар и што се не ставав на лице, па уште сум жива
Женски , многу внимавајте со овие кинескиве производи, значи има безброј тешки метали во нив и тоа недозволени за користење на предел на лицето , очите... гледам некои кинески сенки , после фејк палетиве , јас така се зезнав пред 1 месец земав палета Naked ама среќа што не ја употребив ниту еднаш , вчера налетав на едно видео од една блогерка (од Грција) во врска со производите што ги продаваат на пазар и на ибеј/алиекспрес , кажуваше точно бројка какви метали и колку количество има внатре. Значи тоа се исфрлите , јас тоа што сум порачувала од ибеј што е кинеско се исфрлив , значи не само што може да направат печење на око или да ви излезе некоја алергија - тоа сето оди во крвта. Мислам дека за козметика воопшто не треба да се штеди , сигурно си е сигурно , сега и проверенава козметика си има такви глупости но тие се сепак проверени и во нормални количини , а и си има состав позади што се содржи еден кармин , маскара , руменило , пудра доколку кинескиве немаат никаков состав
Јас ги имам само тие коректорите од и-беј порачано, друго немам ништо. До сега не сум забележала промена некоја. Но потполно се согласувам со коритсаки, подобро ќе дадам 100+ ќе купам квалитетна шминка. На и-беј штом е поефтино нешто му фали. Не викам да и кај нас има ефтино, но сепак вака ќе го видиш и пробаш на рака. Затоа и повеќе не порачувам од интернет.
Не , не е од Алиекспрес туку од Сефора од овде ке ја порачам јас http://sephora.gr/PRODUCTS/SHOP/Color-m ... 379.0.html
Многу светки имаат, јас со прст или со четка би ги нанесувала. Ќе се ронат претпоставувам пред нанесување.
И јас така мислев кога ги купив ама кога ги отворив дома се запрепастив,целите се како гел само горниот слој е со светки.Кога ги нанесувам со четка се мачкаат како лебело и се познава тук таму некоја светка. Јас стварно првпат гледам вакви нешто koritsaki ако знаеш некој линк како се нанесуваат прати ми го. иначе 119 ден се
Моите сенки NYX Cream Glitter се истиве овие https://www.youtube.com/watch?v=xMcsJe5jQDs значи како крема се а се нанесуваат прво со тапкање со прстите па потоа и со помош на четка. Еве едно видео што најдов , јас сум презадоволна а еве има и др бои
Девојки вчера бев во Космо и видов дека има сенка на Maybeline Colorama за 83 денари на попуст. Има некој користено да каже како е задоволен? Една нијанса беше.
Леле баш ме израдува, јас само барам некаде да ги начекам, инаку многу сум задоволна од нив и од пигментацијата и од трајноста.