Е имаше и други работи, маскара некоја на попуст, сјачиња од аура, и од колорама. Имаше и пудра по некоја. Треба да се појде и да се види. Мило ми е.
Ги имам овие сенки од Deborah и Gosh и сум задоволна од сенките, долготрајни се и квалитетни, само Дебора се доста светкави и ги користам за навечер, а Гош се мат и ги користам за преку ден, ама изгледаат многу бледо кога ќе ги ставам и не оставаат многу боја. Сега се мислам да пробам некои нови мат сенки во истите нијанси за преку ден што оставаат повеќе боја.
Женски вчера си ги купив сенкиве по препорака на другарка и многу сум задоволна. Многу оставаат и вчера се нашминкав и не мрднаа цела вечер. Убави се нијансите, а целава палета беше 315 денари! Многу се израдував
4 нијанси се мат (првите 4 нијанси од лево кон десно на сликава), а другите 6 се светкави со тоа што некои нијанси се посветкави а други помалку светкави. Мене лично ми се допаѓа палетава, мислам дека вреди да се купи особено ако е на попуст, а често е во Космо. Не дека сенките имаат out of this world квалитет ама дефинитивно би ја препорачала палетава некому што нема голема колекција на сенки бидејќи мислам дека би му била доста од корист. Компактна е, има големо огледало,пигментираноста е добра, боите одговараат една со друга и се комбинираат убаво...
Мислам дека од Шатци ја земав, а не знам колку пари беше дека пред 1 година ја купив. Се мислам дека околу 500 денари се. Инаку доста е квалитетна и убаво остава, само да те предупредам дека е светкава
Девојки ако можете да ми препорачате сенки како овие три бои, од лево кон десно првите три? Ако се мат уште поубаво
Сенкиве ги купив чисто од радозналост, а и посшто долго време барам мат. Не ми се верува дека тие кафените ги користам секој ден пошто ептен ми се погодени нијансите. И цената беше смешна, околу 70 ден. од маалска продавничка. Само уште единечни да најдам и супер
^ Elence93 не знам дали си од Скопје, истиве сенки ги има во Шутка за 20 денари marama јас имам една мат сенка т.е.една темно кафена боја од Голден Роуз од која сум задоволна, се продаваат така една по една, но ги има и како палета со 4 или 6 нијанси. Таа едната беше околу 100 ден.а палетата малку повеќе, ич не ми текнува на цената, а прашував одамна
А бе девојки, ај вие што ги имате тие сенките од ebay или алиекспрес, што се со повеќе сенки 50, 80, 120, кажете ми дали вредат за тие пари, дали траат воопшто, и исто руменилата што идат така во сет, или бронзерите и хајлајторите, пошто денеска ќе правам некоа нарачка, па незнам дали вредат воопшто?
Може и да вредат со добар прајмер на око ама јас не би купила лично кинески сенки од овие страни и од пазариве , има милион штетни материи внатре , не викам дека останатите немаат ама овие имаат многу повеќе внатре , жива , алуминиум , олово и др , баш неколку страни претходно пишав во врска со сенките , и јас порано купував не викам не ама од кога пролистав низ нет и прочитав се што содржат се исфрлив во канта
Во врска со инфекции и квалитет, па повеќе ако се плати за сенка, не значи дека е скапа пример заради квалитет, повеќето сенки, додуша не само козметика, па дури и облека, повеќе се даваат пари за фирмата, отколку за квалитетот на сенката, во случајов, а и небаре сенки од познати фирми, па се кристално чисти.А сега, ако пример се користи сенка со изминат рок, нормално дека ќе се појави некаква реакција на очите, добро на интернет се можат да напишат, дури и сенките на позната фирма, не предизвикуваат никакви алергии, пример, тоа е релевантно, кога станува збор за квалитет, само што парите се даваат повеќе за фирмата, отколку за самиот производ. Сенки од Авон, толкави, минијатурни со цена астрономска, сенкиче кое за недела дена еве ќе го потрошиш, во зависност од тоа колку ќе го користиш, што без разлика колку ќе се користи сенката, за некое кратко време, ќе ти летне, па пак ќе треба да фрлиш пари еве пример 400, нека се, се на се.Фактички на секое ќе треба да фрлаш пари, наместо да заштедиш, ќе си потрошиш.Цената не секогаш го одредува квалитетот.