Не зборам за парите , не викам дека тие поскапите ко еве што рече ти Авон , или на Есте Лаудер или на Шанел немаат внатре разни хемикалии има ама се во нормална количина доколкуѕ во останативе има пронајдено материи што ја надминуваат границата на нормалата во бројка. Очниот капак има кожа што е многу тенка и најлесно влегуваат тие штетни материи и од таму низ крвта.. Јас не викам дека мора да се купува прескапа козметика , секој со своите можности нели ама еве има Авон , Орифлејм , Лореал , Буржуа , Мејбилајн.. барем денеска има многу избор на козметика па немора да се купува свашта од ибеј и алиекспрес или од пазарче а и ако пребараш никаде нема состав што точно содржи оваа козметика. Сега секој како си сака ама го пишав постов да внимаваат девојките зашто скоро секоја втора купува козметика од ибеј/алиекспрес http://www.myfoxaustin.com/story/247092 ... -cosmetics
Тоа ми е зборот, сепак чисти без хемикалии, нема, а и многу зависи, дали окото е склоно на алергија, може пример и сенката да е во ред, но окото да не ја трпи, значи да му пречи, нели како што може човек да е алергичен на некаков производ, иако не значи дека алергијата се појавила ради сенката.Муабетот ми беше ако се гледаат цени, не дека збореше ти за парите, значи кажувам мое мислење, кое не мора да значи дека навистина си спомнала за пари.Сакав да кажам, во глобала, обично цената се врзува со квалитетот, ако е од Лореал, е квалитет, бидејки и не се ефтини, сенка на Лореал, низ парфимерииве нема да најдеш за 200 денари, секако секој во рамките на своите можности, ете некои преку нет порачуваат, кој, како си може, што не значи ако порачуваат од нет, ќе фатат алергија, а чим порачуваат, сигурно се задоволни.Исто што не значи, дека ако кај една девојка се појавила алергија, ќе се појави и кај друга, различно е, но секако и доколку смета ќе е можеби штетна и за други, нормално ќе си каже, како што велиш ти Да, треба сепак да се внимава, но мислам дека и ова што го спомнав, до некаде игра улога.
Јас искрено не би ставила нешто на лице од тие шминките што се продаваат на Алиекспрес. Не користам секогаш исклучиво органска козметика и козметика без штетни конзерванси и сл. но барем колку толку гледам што состав имаат продуктите пред да ги шлапнам на лице. Овие немаат ниту состав ниту бутур. Анушке ако си заинтересирана за поевтини палети од разни големини и фирми би ти препорачала да си разгледаш на iherb.com. За секој производ има наведено точен состав заедно со рејтинг и критики од купувачи. Можеш да најдеш секаков квалитет и цена. И органски и најобични солидно квалитетни сенки со контролирано производство, за разлика од кинескиве. Јас нареден месец сакам да порачам едни од тие печените сенки од E.L.F. што се во десет нијанси, па ќе ги искоментирам кога ќе стигнат ( иако и тие ми е сомнителни малку, сакам прво да се информирам малку за состојките) Во меѓувреме еве ѕирни сама дали ќе ти фати нешто око. http://www.iherb.com/search?sug=eye+sha ... =0&y=0#p=1
Да не се убедуваме самиот состав го кажува своето. Најсомнителни се оние производи на кои не пишува состав. За да не се докажуваме слободно прочитајте го составот на сенка од Диор и Лореал и направете споредба, или меѓу Лореал и Голден Роуз или еве овие кинескиве. Сепак се работи за око, не е мала работа. Ако сте добиле алергија треба да испитате на која состојка сте алергични пред да го обвините производителот и понатаму да си внимавате што користите. Постојат сенки од целосно природно потекло, без хемикалии, парабени и чуда... Јас би рекла колку пари толку музика, сум го искусила тоа.
Баш така, колку пари, толку музика. Туку јас сакав да кажам нешто друго, точно е дека на али се е од Кина и тука нема дилема. Но на ибеј има брендови со офцијални продавници, па можете да најдете брендирани производи со малку понски цени.
На овие палети реално никогаш не сум им обрнувала внимание, пошто јасно е дека се кинески и дека се сомнителни многу, ама баш денеска на работа имав слободно време, и ја листав темата за козметичките производи што ги поседуваме, слики каде што се ставаат од нас, и пошто видов многу девојки кои имаат такви палети, се зачудив, и баш им видов цена, стварно ефтини се, и одма сомнително ти иде, за таа цена, толку многу нијанси, огромна палета, дали вреде воопшто, и ете, не нарачав, си нарачав капут и ташна една, па на кај дома кога си одев заминав у парфимеријата и си ги земав bellaoggi смокито, кафените тонови и зелените. А кога ќе одам за Грција здравје боже кога ќе биде, ќе си земам палета од Сефора, е во тоа верувам дека вреди да се вложи. Пусти мерак за голема палета што да правам, сите сенки што ги имам, ми се единечни, и хаос жив ми се, расфрлани секаде, Скопје - Неготино, па затоа ми треба една голема средена палета.
^Па печени се Изгледаат како потврди на изглед, мислам наназад овие на E.l.f ги спомна некој.Вака изгледаат сите печени.
Знам дека се печени и дека изгледаат како на сликата што ја постира Ме интересира што е она по кое се разликуваат од обичните?
Печените сенки всушност се мешавина од минерални пигменти кои се формираат во куполи и потоа се печат, мислам дека на сонце но не сум сигурна. Така што влагата испарува и сите минерали, пигменти и шимери остануваат и создаваат сенка за очи. Иначе освен печени сенки за очи има и руменила
Долго време сум по убава палета со сенки за очи, претежно во моите омилени неутрални нијанси. Барав мислење во ЛП од некои членки, пошто се мислев која да ја изберам. Убави рецензии има на нет за Sleek палетите, и воглавно критиките за истите се позитивни. Ја прашував и Коритсаки за палетата на Sleek што ја има нарачано, еве сега видов и дека и' стигнала, па дефинитивно сум решена тоа да биде Sleek палета, мојот избор е палетата Storm. Нарачувам, па здравје кога ќе ми стигне ќе оставам свое мислење
Да , нема да згрешиш , боите се многу трајни дури тешко се бришат од окото , не исчезнуваат како останатите. Јас сега сакам да си ја порачам Sleek Snapshots https://www.youtube.com/watch?v=pDNLLrlu-hw https://www.youtube.com/watch?v=j0q-beU ... 23cxyG9quA
Ги има, ама не сите бои, посебно не тие што се популарни кај девојките на јутјуб Јас имав една во permanent taupe и океј е, ама не сум фасцинирана.
Јас ја имам баш Сторм палетата и потврдувам дека е супер. Доволно е пигментирана особено со база испод, а и без неа е супер. Нормално Слик сенките не се најдобрите сенки на светот, ама за тие пари се супер. Сторм палетата има 3 мат нијанси (2 кафеави, 1 црна), а останатите се светкави. Јас ја порачав од сајтот на Слик. Поштарината за една палета е околу 3 долара што мислам дека сосема разумно. Доколку се зачлениш на сајтот имаш 15 или 20% (не сум сигурна) попуст на првата порачка, а често имаат и акции и попусти па така што мислам дека вреди. Јас ја препорачувам
Јас имам една ептен ептен ретко ако ставам некогаш како основа на некоја кафеава сенка ама ни јас не сум нешто воодушевена..
Јас порачав пред неколку месеци од официјалната страница на Sleek кога имаа акција 3 for 2, односно плаќаш 2 производа добиваш 3. http://sleekmakeup.com/
Предлог сенка за очи во боја на шампањ? Ми треба за секојдневно користење, да не е многу нападна. И да е поевтина.