Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сенки за очи

Дискусија во 'Лице' започната од TheSecret, 23 јануари 2011.

  1. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Многу сум задоволна од палетава сенки на Меис, ја имам баш оваа како на сликата и уште една друга од која неможам да најдам слика ама ако не се лажам мислам дека Марама поназад некоја страна ја имаше сликано баш таа палета . Боите се супер пигментирани, мат се сите, не се собираат по очниот капак и траат цел ден. Цената ако добро се сеќавам дека од летоска ми се сенкиве, мислам на едната палета беше 140, а на другата 150 ден.
    [​IMG]
     
    На jagodka.18 и f.e.m.i.n.k.a им се допаѓа ова.
  2. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми препорача некои добри мат сенки во некоја розе-виолетова нијанса
     
  3. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    @Lepaaa се согласувам, јас имам исто една од тие крем сенките на Есенс, кафеавкаста 06 мислам беше и можам да кажам дека лесно се нанесува, а трае ептен многу. Само не можам долго време да ги најдам никаде, само сребрена има кај и да отидам. :( Се надевам ќе извадат нови слични.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.006
    Допаѓања:
    81.343
    Пол:
    Женски
    Ги повлекоа од продажба мислам одамна, затоа и ги нема. :(
    А совршени се, јас успеав да ги земам само copy right (мислам така беше онаа кафеаво-бронзената) и една металик сребрена. Мејбилин color tattoo или како и да беа тие, слични се ? Не сум ги разгледала, не ме заинтересирале после овие на Есенс. :D
     
  5. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    @A-j-a каде можат да се најдат тие сенки?
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.755
    Пол:
    Женски
    На Битпазар ги има.
     
    На okcenzi и cheetah.girl им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Девојки ве молам да ми препорачате некоја златна сенка за очи, оние светкави ама до 300 ден.
     
  8. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Јас ги земав од Штип кога бев на гости летото, а иначе за во Скопје имам видено од оваа фирма сенки во Голден Роуз.

    Од моно сенките на Кетрин Арли бр. 42, мислам 100 ден дека беше. Права златна боја и баш светкава е поради што понекогаш си ја користам и како хајлајтер со кафено руменило.
    Еве како изгледа опаковката [​IMG]
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    @LaraSolare не сакам да бидам погрешно сфатена, само сакам да прашам, кога целата друга козметика ти е скапа и квалитетна, тогаш зошто имаш потреба да користиш кинески сенки за очи?
     
    На mims-89 и cooll им се допаѓа ова.
  10. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    A дали случајно можат да се најдат во други градови низ државава?
     
  11. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    @sesilija додека бев во странство го барав Academy set на Сефора да го купам ,меѓутоа беше недостапен на официјалната страна , прашував во многу официјални продажни места на сефора дали може преку нив да го порачам и да ми го достават тие ми рекоа дека не го прават тоа и дека веке некое време не им стигал, бидејки за времето кое престојував во странство не се појави на официјалната страна втора опција ми беше да го порачам од e-bay каде што ми беше страв дали ќе ми достават оригинал , ми беше чудно како на официјалната страна го нема ,а ваму го има и не сакав да ризикувам ,па по многу изгледани туторијали на ју тјуб се решив за овие палети кои и да не излегоа добри полесно ќе ги прежалев парите бидејќи не беа скапи а сакав огромен сет со сенки во сите бои и откако не најдов ништо поголемо од 15до 20тина сенки по продавниците ги порачав овие.И до сега немам негативни искуство со нив.Здравје планирам да одам за Грција па ако го најдам и сетот на сефора би си го земала бидејќи одамна ми е желба.:)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    А го имаш ли видено овој сет од Deborah Milano? [​IMG] На фб страната на парфимерија Schatze пишува дека е 2980 денари.


    А овој чини 2545 денари. [​IMG]
     
  13. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на препораката @sesilija , баш вчера мислам дека пишав мислење за сенките на Дебора.И некои другарки имаат и цимерката , мислам повеќе пати се имам сретнато со сетовите на дебора и воопшто не ми се допаѓаат, сенките се толку прашкасти и непигментирани што никаква четка не помага, светлите нијанси за ништо не ги бива како ништо да не си ставил , ниту црната е црна некоја бледа сива е , а кога ќе ставиш тон сенка за некако да ја појачаш бојата пак изгледа некако бледникаво, не е тоа тоа.И белаоџи знам дека се исто на дебора или како и да беше, за нијанса ми се подобри иако нема некој огромен број на сенки и иако се за нијанса подобри од овие не ми е тоа тоа.Навистина ми е жално што само дебора палетата така од оние со повеке бои се нуди кај нас и често и на поклон ја даваат, тоа е случај со 2 другарки и тотално разочарани се.Цимерката само камените пудри ги користи и бронзер мислам имаше и криво и е што фрлила пари за ништо.

    Во секој случај ти благодарам што одвои време за предлог :)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    А сепак станува збор за позната копманија и на крај значи и тоа не е гарација.
    Епа за жал тој ни е изборот како што и сама кажа, ти преостанува опцијата да одиш да ја купиш од Грција таа на Сефора. Или може @koritsaki да ти ја донесе кога ќе доаѓа во Македонија :makeup:.

    И јас некогаш се чудам кога пазарски сенки од типот на Баолиши даваат прекрасна пигментација и траат, а некои многу поскапи од нив веднаш се собираат или бледнеат. Којзнае до што е работата за нивната ефикасност, можеби до штетните состојки што ги имаат.

    А како да ги користиме тие сенки кога од една страна користиме разни препаративни производи, правиме природни маски за лице, ставаме серуми и разни други чуда и на крај навистина човек да го фати шубе да се нашминка од некоја таква пазарска шминка.

    И јас одамна барам таква голема палета, и баш поради наведените причини не се осмелувам да земам од Алиекспрес.
    Ги имав предвид овие од Дебора, ама после твојот пост дефинитивно отпаѓаат.
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Не знам @sesilija и јас тоа се прашувам. Инаку кога прочитав за колку пари ја зела коритсаки на попуст лиги ми потекоа.И не си давам преголема надеж зошто на фри шоп лани на враќање од одмор сакав да ја земам, а немаше никакви палети со многу бои , највеќе по 8 најдов и тоа цени до плафон беа.

    Баш ме интересира @koritsaki ако знаеш , во Cosmos во Солун има Сефора така ли ? И дали има шанси да ја најдам таму? Друга опција ми е да ја порачам , можам да најдам некој да ми ја донесе имам некои познаници. За каков попуст стануваше збор и дали би го имало пак , зошто гледам дека редовна си на сајтот на сефора?:lol: И дали и онлајн важи картичката за поени на сефора или во Грција нема такво нешто , зборам за онаа каде што при секое купување добиваш поени и после кога ќе собереш доволно имаш можност да избереш поклонче, а поените никогаш не истечуваат. И дали конечно, дали се толку прекрасни и пигментирани како што ги замислувам?:whew: И уште нешто :D 40 евра е фиксната цена и на неа имаш попуст или и таа има шанси да оди нагоре ? :)

    Те удавив со прашања , благодарам однапред :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.631
    Пол:
    Женски

    Хехех нема проблем Лара Соларе :) па вака , јас ја имам баш таа палета Sephora Make up academy , јас ја земав мај месец околу 40 евра ама тогаш беше на попуст , но почетната цена не ја знам :?: инаку јас не живеам во Солун па ја земав овде во мојот град кај што живеам. А Сефора имаат еден мал проблем што некои палети ги има во некои продавници низ Грција , на пр. сега ги донесоа на Too faced Chocolate bar ама баш во мојот град ја нема :( а сега моментално има попусти до 30% а палетиве мислам дека се 20% ако не се лажам. И да ти кажам незнам дали оваа палета што ја имам дали ја има повторно во продавницата што ја земав. Да , , има Сефора во Космос во Солун. Ако сакаш можам да прашам на нивната страна на фб за палетава дали ја има баш овде па ке ти кажам. :) Јас имам картичка , а таа картичка ти ја даваат кога ќе купиш нешто над 60 евра , и потоа ти испраќаат пораки на моб кога има попусти , собираш истовремено и поени и кога ќе собереш 150 (1 евро е 1 поен) ти праќаат на домашна адреса плико со попуст за сите производи на Сефора и познатите брендови 15%. А кога ти е роденден ти праќаат порака дека имаат подарок , баш минатиот месец свекрва ми имаше и отидовме заедно и идадоа да си избере сјај за усни од Сефора. :D А мислам дека за онлајн купување не важи , и за разлика од другите онлајн продавници Сефора низ светот овде има малку работи за избор ако сакаш нешто да порачаш :| http://sephora.gr/frontoffice/portal.asp?cpage=NODE&cnode=379
    А многу често имаат попусти , секоја недела има на нешто попуст , сега моментално има до 30% попуст на сите производи. Можеш и овде да ги следиш ако имаш фб - https://www.facebook.com/MySephora?fref=ts

    Палетава е супер , јас највеќе ги користам сенките а од дветестрани се отвара ко фјока да речам , од десно се сјаевите за уста а од лево има руменила и разни гел тушеви. Сенките се многу пигментирани има толку многу што ќе незнаеш која попрво да ја ставиш :D единствено нешто што не ми се допаѓа е дека палетава е многу некако гломазна па ако одиш некаде на патување нема каде да ја сместиш , мене лично не ми собира во куфер па така да не ја носам кога одам кај моите во МК :( и сјаевите не ги користам многу ми се лепливи
    Инаку јас во последно време оваа ја меркам
    [​IMG] :smirk:
     
    На simoncelicius и LaraSolare им се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.631
    Пол:
    Женски

    Прашав , ми одговорија за Academy Makeup дека ја нема повеќе во нивните продавници и дека наскоро не планираат да ја донесат :(
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Eте не сфаќам навистина... И јас тогаш што се не превртев и отидов во минимум 5 различни официјални продажни места и ја немаше , мислам немаше никакви поголеми палети , стварно ми беше чудно.Инаку сјаеви за усни секако не користам не ми стојат , само мат карминчиња најчесто, па тие и онака би ми останале неискористени. Оваа што планираш да ја земеш само овој слој е ? Малку ми се некако , онаа другара академи што ја имаш ми е супер колку имаше 96 бои мислам и е сосема солидно.Од овие кинескиве имам 252 бои јас и секако и квалитетна некоја кога барав по продавнициве барав над 80 бои , значи стварно сакам да имам избор.

    Ти благодарам @koritsaki за исцрпниот одговор :makeup:

    Друга работа , ме интересира нешто , сите кои се запознаени со оние backed eyeshadows, има ли некој хелти фактор во позадина или ?Зошто имаат помала пигментација и потешки се за работа, но ако се потрудиш даваат многу убав така нежен, гламурозен изглед.Гледам некои рецензии по ју тјуб и велат дека најубаво за да имаат подобра пигментација е да се нанесат со прсти , навистина пробав и за едно 50% е подобра пигментацијата отколку само со четкичка исто се препорачува прајмер или база за да може поубаво да се залепат на неа.Друго , доколку сакате појака пигметација се натопува четката или апликаторот со малку вода и потоа се нанесува, ова не го испробав ама така е мислам и со сите други сенки доколку ги нанесуваш со мокра четкичка , па не се сомневам во ова.Значи прашањето ми беше има ли некоја предност што ги издвојува овие сенки од другите ?:)
     
    Последна измена: 28 ноември 2014
  19. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    10.677
    Пол:
    Женски
    @LaraSolare , eвети решение за моно сенките :) , провери на ибеј или алиекспрес можеби има.:)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.631
    Пол:
    Женски

    Нема проблем , инаку гледам има некои палетички ама мали се , штом ти сакаш повеќе бои овие не ти вршат работа. Тогаш јас пред да јак упам сакав да ја земам оваа зашто има повеќе бои од оваа академик ама ја немаше [​IMG] Tолку бои има оваа академик палета , ама мене единствен проблем ми е што неможам да ја носам никаде при патувања ептен е гломазна , инаку другава што ја поставив чини 28 евра и е Limited edition и баш е интересна се отвара како таблет ама ипак нема многу бои како ти што бараш :)
     
    На buba4e89 и LaraSolare им се допаѓа ова.