Coastal Scents ги порачав пред некој ден, ми рекоа за две недели дека ќе ми стигнат и ќе ме чинат околу 2000 денари. Си пресметав дека има околу 100 сенки, па 2000 денари делено со 100 е 20 денари. Па се исплати тоа
Си израчунала една колку би била , срцка Ме насмеа ова , математика удри и виде дека се исплати Ама ств кога ќе видиш 2000 многу е ама коа ќе си израчунаш дури и ефтино а
Па така е, постоајно си купувам, иако купувам ефтини, ама 50 ден. , 100 ден. а пак немам многу бои. Вака барем 88 ќе имам.
Ги користам четирибојните сенки на АВОН, ги имам во сиво-розева, сина и виолетово-зелена комбинација и навистина сум многу задоволна...
Користам мрсни сенки најчесто имам бела, розава, црна и многу други си ги купувам од пазар за 30 - 50 ден.
обожавам сенки за очи...досега не сум користела некои поквалитетни ,па би сакала да ми предложите кои според вас се најубави ...само да не се сенките од AVON..сакам поинтензивни бои,а не нешто како за дневна шминка p.s. посебно очекувам совет од некои со поголемо искуство за оваа тема
Изи, ги испофалив повеќе пати, ама еве уште еднаш: Аура се најубави сенки што сум ги пробала досега. Боите се многу интензивни, е баш ќе сликам на рака и ќе постирам
моите омилени сенки за очи иако ретко користам 4 бојните сенки за очи од авон имам неколку палети ги обожавам
Et voila - ветено, сторено. Спојлер Овие ми се омилените нијанси. Од лево на десно: 25, 26, 27, 28. 27 ја обожавам. Ова е резултат без триење во сенката, туку само со едно поминување со прст. На око може да дојде понежно, или со овој интензитет, во зависност од четката и желбата Спојлер Нијанси: 31, темнозелената не знам каква нијанса е, не ми пишува, плавата е 32, и 33 розевата. Спојлер Нијанси: 29, 23, 24, 34 Спојлер Мат бела - 20, и сјајно бела - 21.
Лудо тоа се овие сенки: http://www.aura.co.rs/index.php/proizvo ... moods.html и се околку 140-150 денари една. Е темнозелелената најверојатно е од линијата Stardust, ама не сум сигурна зашто ми се извадени сенките.
Супер се сенкиве на Аура а и стварно цената е примамлива! п.с. Спојлер Ливинг имаш многу убави нокти!
Jaс имам 3 сенки од гош и стварно се преубави.. Аура немам, ама убави ми изгледаат, ливинг, а со четка убаво се "блендаат" со други бои и сл. односно, лесно се работи со нив? а артдеко има некој сенки? мајка ми има една златеста, многу одамна купена, убава е..али многу се малецки а скапи
Да Нејм, убаво се мешаат со други бои, многу се лесни за работа и не летаат наоколу. А за Артдеко - ми се допаѓа се’ од нивната козметика, освен сенките. Имаат некоја чудна текстура и сјај, не излегуваат убаво на фотографија. Веднаш можам да препознаам фотографија со Артдеко сенки И не се баш лесни за работа. Има убави нијанси, ама во повеќето претерале со светките. Далеку од тоа дека се лоши, но има подобри.
Башка што се скапи..а за аура баш ке ги ѕирнам, ми се допагаат..други кои ке ги препорачаш? да се повеке со кремаста текстура одошто прав..така една од тие гурињата beauty gurus на јутуб што се..кажа дека поубави се сенките се кремаста текстура..знаеш дали има такви кај нас..и кои се? бидејки ја не се разбирам многу
Па овие од Аура се баш со кремаста структура, посебно линијата Кремозо. Loreal Holographic се исто така со релативно покремаста структура, не паѓаат под окото и лесно се мешаат со други бои.