вака јас не сум многу по шминкањето те никогаш не сум знаела што да користам, па ако може некоја да ми даде совет за какви сенки да користам, оние со светки воопшто не ми се допаѓаат..
Ако не сакаш светки, тогаш користи мат сенки. Тие се убави и подобро стојат и подолго ако ставаш подлога за сенка односно база. Зависи од твојата возраст.
мхм, а некоја посебна фирма или океј се сите што ги има по голден роуз, и таквите продавници? инаку под подлога мислиш на? сори може малку замарам, али никогаш не сум имала кој да прашам, мајка ми е постара, братучетки неам баш на моја возраст, инаку иам 20, така што ми треба хелп
база за сенка уствари имаш и на авон и на артдеко, артдеко малце е поскапа но ќе го користиш долго време,јас го купив лани пред нова година и уште го имам немам ни многу потрошено чини околу 380 денари ( некои девојки се жалеа дека не е добар, како станува леплив, јас немам таков проблем). А на авон кога беше на промоција го зедов 130 денари, на авон е малце помек не се лепи но се собира под капаците. И двата се добри во однос на трајноста. А сенки не мораш марка, колку пари толку музика. Можеш и на голден роуз да си купиш палета, а можеш и на пазар да купиш палета сенки meis која чини околу 130-150 денари, боите си ги бираш ти и секако мат се.
Долго барав златна сенка и денес си ја најдов нијансата што ја барав, а и доста голема изгледа. Само што дома кога дојдов видов дека ми е некако чудна на структура. Остава само светки златни, а на рака ско ја ставам после лесно можам да ја избришам Дали ви се има случено и вас и некое решение? А баш сакав да ги пофалам дека имаат многу убави нијанси, а и цената е пристапна, 100 ден.
Еленче а да пробаш со база да видиш така? Инаку овие се обични толку им е квалитетот. Сум имала вакви овие како за тинејџери се. Јас не сум задоволна, не би купила пак.
А да пробаш со прст да ја нанесеш, мојата златна сенка што ја имам од Кетрин Арли само на овој начин ми се нанесува. Со четка кога пробував да ја нанесам не ми оставше доволно боја туку цела светки се правев. Ни база ни четка ништо не помага, само нанесување со прст во спротивност би била ко лампион од очите надолу, а кога ја нанесувам со прст ми остава убаво боја, баш она право затна и не се правам лом. А ваков проблем со други нивни сенки немам само со оваа златната.
Јас имам како таа на сликата златна , ама колку што се сеќавам јас 230 ја земав или 320 сега не може да ми текне , од парфимеријата на голден роус беше , така големо пакување е , пред околу година дена , па можеби од тогаш работите се промениле , иако кутичето е исто.И јас користам база за сенки и бидејки се од оние backed eyeshadows треба да се користи четка малку натопена во вода а и нанесување со прсти помага , барем мене тоа ми ја подобрува пигментацијата и пробај ако веќе ја нанесуваш со четка или апликатор да ја тапкаш , а не да правиш пошироки движења по капакот , значи тапкање во место Не знам како да објаснам подобро
Фала многу @LaraSolare , претпоставив дека се овие backed, само не знаев дека која им е тајната Пробав сега со мокра четка и сосема различен ефект добив, не ми летаа светки на сите страни, а со прст па уште појак ефект се доби. Инаку стоеше 50% попуст на делот кај Classics во петокот.
Дали некоја ги има користено минералните,печени сенки на Арт деко?Според составот би требало да се погодни за чувствителни очи,бидејќи не содржат парабени и слично,но дали некоја има искуство дали се добри и колку се пигментирани и која им е цената?
Препорачајте ми убави глитери? Дали всушност може да се најдат кај нас? Имам гледано такви палети на NYX, но јас би сакала да си најдам овде, не ми се чека месец дена, празници ќе ме фатат. Имам светкави сенки за очи, ама не се ни малку слични со ефектот што сакам да го постигнам. Вака отприлика.
@Mishela има и на севентин и гош. За цена не се сеќавам ама навистина се добри Сепак повеќе ми се допаѓаат оние на севентин затоа што пакувањето е совршено. Ем има силиконско капаче веднаш под стандардното пластично, ем им плус како мало капаче кое не се вади туку само се поместува па можеш да си земеш без да направиш хаос или да претераш со нив. Баш убаво што ме потсети дека ги имам. Спојлер Само би ти препорачала претходно да си ставиш специјална база за глитери, затоа што без разлика какви и да се сепак брзо паѓаат и сигурно не сакаш да ги имаш низ цело лице. Оние обичните за сенки не функционираат, барем не кај мене. Јас ја имам оваа на севентин и многу е практична, има самата како четкичка за апликација и на прв поглед е како влажна леплива ама ептен е добра за вакви светки. на сликава делува како бела ама проѕирна е како гелче Спојлер Инаку не знам дали некој ја следи девојкава ама мене ми е совршена за неутрални секојдневни изгледи, е сега ме интересира дали некаде сте загледале вакви сенки како што користи таа? Станув збор за овие на ВВ ама ми треба некои што можам да си ги купам за нормална цена кај нас. Не е важно кој прозводител е само да се вакви боите Спојлер И тоа што го користи луминајзерот, можеби е офтопик ама такво нешто кај нас?
Такви исти се нијансите на нуд палетата од Catrice. Повеќето се светкави и за дневна шминка се одлични, еве имам поставено слики во соодветната тема за шминка, па погледни. Инаку, база имам, ми требаат само сенки. Фала ти многу на предлогот, ќе ги погледнам прво тие на Аура затоа што ДМ ми е поблиску, па ќе наминам и во Космо.
Каде може да се најде база за глитер и колку е цента отприлика? Каде можат да се најдат исто така хајлајтери во Скопје како се со цени и тие?
@simoncelicius ако нарачуваш од интернет, супер копии на тие Bobbi Brown Shimmer Bricks можеш да најдеш овде. Странава е 100% сигурна, нема шипинг до Македонија и стигнуваат работите за недела до две од Англија. Famous by Sue Moxley се шимерите, а најслична нијанса на таа што ја бараш е Mariah За луминајзерот ако го сакаш скроз истиот го има на Асос т.е. две или три различни нијанси беа, мене омилена ми е Mary-Lou Manizer. Цената им е околу 16 фунти ама често има кодови со попуст што може да се искористат или евентуално да побараш на интернет некоја солидна поевтина копија.
Завчера бев во Сефора да земам некоја палета со сенки ( таа што ја имам мејк ап академи ми е гломазна па реков некоја малечка да земам ) Имаше попусти на сите производи ,имаше мали и големи палети и некои нови па решив да ја земам make up party box limited edition(излегува во продажба само за новогодишните празници) , од 25 евра беше намалена на 17 има 36 сенки (некои се мат некои со светки), неколку сјаеви за уста и руменила и едно големо огледало. Поготово сенките се препреубави и многу пигментирани.Се мислев помеѓу оваа и color festival blockbuster ама и оваа некако многу е гломазна па нема шанси во чанта да собере а еве ја мојата