Девојки сакам да прашам нешто. Дали тука има од палетата за сенки што се викаат NAKED од Urban Decay? И ако има би сакала да знам каде?
Знам дека досега имаме пишувано за оваа палета, ама доколку некој случааааајно ја забележи негде нека ми каже пошто сакам да ја имааам боиве се баш неутрални и мат ко што сакам...!
Ја нема палетава во мк (а и овде во гр исто ја нема ) само внимавај на нет има многу копии јас знам само од едно место каде е 100% оригинал http://www.beautybay.com/cosmetics/urbandecay/nakedpalette/
^ Јас ги користам на Есенс за секој ден супер се.Не се сеќавам колку беа, сигурно околу сто и нешто, Есенс не се скапи.
http://www.aliexpress.com/item/Free...ow-Palette-Eye-Shadow-Makeup-4/898870796.html -Jас ја користам оваа палета и сум презадоволна !! Цената сега му е покачена, но варира. Јас ја зедов на 765 денари и ми стаса за 17 дена позз
Девојки во ДМ Во аура се е разграбано. Дали некој знае каде да најдам златен глитер на аура или некоја друга марка??
Значи глитериве партал ги прават за Нова Година @buba4e89 па види и во Космо и они имаат козметика на Аура.
Еве и јас да прашам,колку е базата за глитер на Севентин и дали е достапна во ДМ? Инаку,земав златни глитер светки на Аура околу 180 ден. , на нив пишува светки за лице,нокти и тело мислам само што некако не сум сигурна дали ги погодив?Добри ли се,ги немам уште пробано.
Тие се, си ги погодила, кажи каде зема златни? Јас барам нема...ја прашувам на каса во ДМ имате глитери за очи таа касиерката ми вика немаме никакви лоол.
Ја земав од ДМ во пето од трговски уствари сестра ми ја земала и по телефон како што се чувме знам ми кажуваше дека има и на сребрено,на зелено скоро сите бои ги имало.Е сега ако се потрошиле.. Не знам, види пак и провери ако можеш дали ја има базата за глитер на Аура и колку пари е , јас дури накај вторник ќе одам Скопје.
Нема кај нас , само немој да се лажеш има една македонска страна на фејсбук , гледам ги нудат за некои 1600 денари и некој може ќе си рече оригинал се. Оригиналот се околу 50 евра нешто повеќе можеби.
Копија се тие, некој е многу алчен. 179 денари е база за глитер ама многу малку има во кутивчето, а можеш и со фиксатор да ги нанесеш.
Zdravo devojki, jas sum vo potraga na crvenkasto-kafeavi senki, ama tesko da najdam nekoi sto ne se mnogu skapi i sto imaat bas takvi topli nijansi. Imate li nekoj predlog? Ne mora da se vo paleta, moze da se i individualni senki, ustvari moze i podobro ako se individualni. Inaku za Naked paletata, jas ne bi platila tolku mnogu za neutralni senki, moze da se najdat super dups ili imitacii za tie nijansi. Na primer Essence imaat paleti so takvi neutralni tonovi, senkite se odlicni i imaat smesni ceni, pa makar i Golden Rose isto imaat super paleti so neutralni senki.
@Unica кога веќе спомна се сетив Essence all about nude палетите има такви тонови. Га има во ДМ и Еликсир и се 250 ден мислам. Дури и да не се одлучиш за овие, сепак мислам дека имаат најпристапна цена а солиден квалитет. http://www.beautylab.nl/wp-content/uploads/2014/02/essence-all-about-nude-eyeshadow02.png https://media.douglas.de/794949/900_0/Essence-Lidschatten-All_About_Nude_Eyeshadow_Palette.jpg
Јас ја имам палетата на Голден роус таа со земјени неутрални тонови и не сум баш задоволна , можеби потемните тонови не се лоши за блендирање ама оние посветлите како ништо да не си ставил , онака просечно , можеби со добра база би бил подобар ефектот.Се на се не би ја купила пак. А на есенс сум ги пробала од тестер и некако многу бледи и прашкасти немаат никаква пигментација.Инаку од Nacked сум презадоволна и мислам дека апсолутно вредат за партите.А од оние со попристапни цени најзадоволна сум била од оние во црно кутивче 4 што ги има на Авон и најсветлата има супер пигментација , на големо изненадување пошто не сум фан на сенките на Авон и исто ми се слаби со пигментација ама од овие што се 4 сум задоволна иако исто во времето кое ги користев не сум ставала база под нив , со база сигурно усте подобра пигметација би извадиле
Да, ја имам баш таа ама сакав некои поцрвенкасти сенки.. Тие на есенсе маваат на кафеаво-виолетови тонови.. Ке видам баш од Голден што имаат