Девојки ај некој предлог за убава интензивна мастило боја сенка,да не биде мат туку како со светки и да изгледа некако гламурозно Имам видено една нa севентин,од оние единечните некој да сподели искуство какви се за работа, убаво ли се блендираат зашто ми изгледа како да имаат попрашкаста струкура? И други предлози би биле добредојдени , само да е вакво нешто
LaraSolare, разгледај ги сенките на L'Oreal, онаа колекција во кутивчиња мали. Не сум сигурна дали се уште сите нијанси во продажба, некако и не можам да ги најдам во последно време, но навистина се пигментирани и трајни. Има таква нијанса каква што бараш, веднаш ќе ја приметиш ако ги има во Космо. 006 All Night Blue е називот на нијансата.
Дали некој знае која цена се палетиве на Флормар?Мора да се почастам една.Доста ги фалат дека се долготрајни ,пигментирани и убаво се блендираат
Крем сенките на Есенс Stay all day се П-Р-Е-К-Р-А-С-Н-И! Дојдов тука да ги пофалам само, многу ми се допаѓа тоа што и за мрсни капаци се погодни и не се собираат во линии.
Нијанса како карминот. Подобро сликовито не успеав да ја доловам. Само да не е до небо цената. Препорака ?
Golden Rose 70, од оние во црно пакување - околу 120 денари, низ аптеките е и поевтин ми се чини. Мене страшно многу ми се допаѓа бојава (и убаво ми стои ) и освен овој кармин и тој на Revlon (477 cherry), (кој патем никаде не можам да го најдам повторно), никако не можам да најдам таква иста, убава нијанса. Можеби Seventeen matte 22, ама тој ми делува многу „суво“ и гипсирано на усните и не ми се допаѓа. Светлите бои ми се во ред, овој конкретно не е мој тип, а баш штета. Види го и него, можеби ќе ти се допадне и тој, 270 денари се кармините од таа колекција. П.С. Сенка како нијансата на карминот, или кармин ? Јас се изназборев за кармините, а потоа видов дека темата е Сенки за очи. Ај нека стои, ќе ме преместат.
@XstrongerX Maybelline Color Tattoo 24 Hr Eye Shadow in Fuchsia Fever http://www.allurabeauty.com/wp-cont...Color-Tattoo-Eyeshadow-in-Fuchsia-Fever-2.jpg и последната од палетава http://d1n0t8embjb5t8.cloudfront.net/wp/wp-content/uploads/2010/09/purple_eyeshadow.jpg
Јас да прашам,некоја дали ги има користено сенкиве? И како сте задоволни? Јас ги купив поради боиве,затоа што најчесто со тие бои се шминкам. Имам една голема палета дома на Руби Роус ама ми се потрошија црната,сивата и белата и реков овие ќе ги земам. Инаку ги зедов 100 денари. Ги зедов инаку овие со црна сива и бела боја А и кафените нијанси ми се допаѓаат Инаку од некоја фирма Meis се.
@Anna-Banana јас ги имам користено, искрено многу сум задоволна од нив иако се кинески мислам. Купив нијанци на кафено, сите ми се мат. Таа сиво-кафената нијанса си ја користам и за вегите. Обично сите се сомневаат во ваквите евитни сенки, но мене ми се погодија. Инаку каде ги има? Јас од маалска продавница ги купив, ама немаа баш избор.
Имам една од сенкиве, преубав ефект даваат на очите и се, ама имам една замерка многу мрсни капаци имам и многу брзо ми се собипаат на окото, имам пробано и со база и без, некој совет како да траат повеќе? И со други сенки имам ваков проблем.
Нема да згрешиш со сенките на Севентин. Кога јас барав ваква боја, имаше две нијанси на темно плава или ти што викаш мастило боја. Имаат светкави пигменти и се доста јако пигментирани, значи со едно нанесување добиваш јака боја. И супер квалитет имаат за супер цена.
Naked3 нa aлиекспрес не се oригинaл , oригинaлoт гo имa нa beautybay.com и се oкoлу 50 еврa. Јaс не би ти препoрaчaлa дa пoрaчувaш сенки oд aлиекспрес бaш пред некoлку стрaни пишувaв зa тoa , вo нив имa oтрoвни супстaнци кaкo oлoвo , aлуминиум и др пa сегa ти кaкo сaкaш, нaјдoбрo сoбирaј си пaри и купи си oригинaл aкo мислиш декa е прескaпo
Јас ги користев од мејбилин сенките ама сега си ги купив naked 2 и too faced chocolate Bar со овие две палети сум обседната посебно со too faced chocolate Bar на јутубе гледам како се шминкат со овие палети и така се шминкам и јас и доста луѓе ме прашуват дали сум се шминкала некаде ептен сум задоволна од пигментацијата на сенките
Од каде ја имаш земено Chocolate Bar од Too Faced и колку пари? ЛЕЛЕ ЈА САЊАМ ТАА ПАЛЕТА се надевам некогаш ќе ја имам...
Јa имa пo Сефoрa вo Сoлун дoстa честo имaaт пoпуст и нa пaлетите, јa имa и нa lookfantastic.com oкoлу 50 еврa е