Јас ја имам палетата од Авон што беше 1699 (55 сенки, 10 карминчина и 4 ружеви). Препрезадоволна сум,ставам подлога и ми трае шминката со часови плус ги има сите нијанси што ги сакам
Опседната сум со оваа палетава Naked. Ја гледам тука по јудуб и ми се плаче. Штета што ја нема кај нас, а од интернет не ми се порачува. За џабе ќе си ги лиснам париве кога ќе добијам копија.. Ајде, се надеваме дека ќе се случи некое чудо па ќе почнат и тука да ја продаваат. Btw, @m.i.g прекрасна е палетава!
Дали некој знае отприлика колку чинат сенкиве од Rimmel? Гледав неколку туторијали за шминкање на youtube каде што ги користат баш овие и ептен ми се свиѓаат сакам да си ги купам!
@rainbowec мислам дека се околу или нешто над 300 денари. Не знам дали станува збор за истата палета, но скоро бев во ДМ и видов вакви кватро палети, баш се мислев дали да земам некоја, имаше доста избор на нијанси. Не ме држи сеќавањето колку точно беше цената, ама планирај си нешто слично како што спомнав погоре.
Jas gi korstam ovie na Rimmel London najcesto.Prezadovolna sum. Okolu 400 den. se inace. Konkretno ovie tri gi imam jas. Pinkadilly circus,Sun Safari i Bold Behaviour. Odlicni se,i bez baza i so trajni se mn.I ubava pigmentacija imaat. 10/10 od mene.
Каде може низ Ск да се најдат големи палети со сенки,со голем број на нијанси не е битно кој бренд и по кои цени ?
Најголеми што ги имам видено се овие на Дебора: За цените ич не сум сигурна, околу 2000 треба да се, нека ме поправи некој ако грешам. Помалите и околу 1500 се.
Овие сетови на Дебора воопшто не вредат за тие пари, а поголемите се и прескапи како за таков бренд. Подобро би додала уште илјадарка или колку и да треба и ќе си купам убава палета од Сефора или некоја од Нејкед. Имам една таква од Дебора, така ми стои, еднаш или два пати преку сила се имам нашминкано од тие сенки. Кај нас не би рекла дека може да се најде добра палета со многу сенки, премногу сме ограничени во изборот.
Ја купив од нет wilhaben.com ама приватно од една жена и ја зедов за 30 евра нормално е скапа 50 евра е и плус поштенски трошоци хммм али имав среќа
Девојки каде да купам убава палета со топли бои мат до кај 400 денари? Да не е преку онлајн, тука низ продавнициве во Скопје.
@buba4e89 bella oggi smoky, 350 ден. се мислам, ги има во Космо и Еликсир мислам. http://www.smollshoponline.com/images/products/61477/medium/bella_oggi_trousse_smoky_set_01.jpg http://www.cosmex.it/sites/default/files/image (2)_0.jpg
Вторите накај виолетова што ми се убави лелелеле, а да те прашам нешто топлите бои беа жолта, зелена, црвена,виолетова, а ладни се земјените бои? Или обратно?
Топли тонови се тоновите на огнот - црвени, портокалови жолти. Земјените во зависност од подтонот кои го имаат можат да бидат и топли и ладни - топли се оние со ќерамидести тонови и црвеникав подтон, сите останати се ладни тонови.