@Elence93 види ги овие на Дебора во Шатци се на 40% попуст, 450 денари се. @Annath еве ти можност да си земеш помала палета и да видиш како ќе ти се погодат.
Ја купив оваа палета пред некој ден, Essence all about nude, 170 ден. и сум презадоволна! Пигментацијата не е уау, иако трајноста е доста добра, а боите се многу усогласени, Може да се прават комбинации и за дење и ноќе и сигурна сум дека нема да остане некоја неискористена како што ми се случувало до сега. Препорачувам!
Пишав во омилени продукти на месецот, ама оваа тема е веројатно посоодветна, па го префрлам коментарот тука: Палетата сенки Chocolade bar од Too Faced. И не само на месецот, најомилена ми е воопшто. Пигментирана е со какао. Мирисот ми е незаменлив, како чоколадо да мачкаш по очите. Не е за луѓе на диета Ја купив од beautybay.com, некој тука на форумов ја спомна оваа страна. Не платив царина, ама за Македонија веројатно ќе се плаќа, доставата е од Англија. Прилично е скапа, ама ај, јас дури по некои 6-7 години ги сменив старите сенки, ни четвртина непотрошени. Па ќе ми траат, се надевам, ако не ги изедам некое сабајле додека се шминкам за на работа За трајноста, не сум многу компетентна да кажам. Ми траат цел ден. Помалку ми се собираат на капаците од други сенки, ама пак се собираат. Јас додуша имам мрсни капаци, треба да си најдам некоја асална основа... Боите се за мене идеални, даваат природен изглед, не се многу нападни. Се на се, прекрасна палета!
Леле не, не знам кај ми бил паметот кога сум пишувала, сигурно на 270 сум мислела. Инаку во Еликсир и ДМ ги има.
Здраво девојки Дали знаете каде можам да најдам куфер за шминки?? нешто во тој стил а и немора баш исти , битно за шминки да е
Дали некоја од вас користи мат индивидуални сенки на Artdeco? Ме интересира дали се вредни за купување, каква е пигментацијата, покривноста и дали се прашливи и се ронат? Danke Веќе извесно време се мислам да ја земамhttp://www.ladiesproject.ru/sites/d...ry/user3/79b3c468fccc3826c5f1f31e11dd7a7a.jpg Некој друг предлог за убава nude-бежова МАТ покривна сенка? може и индивидуална, може и во мат палета, небитно?
@Ana-Marija24, преубави се овие сенки на Артдеко, убедена сум дека ќе ти се допаднат. Не се баш евтини како за моно сенки, ама мене лично козметиката на Артдеко ми е фаворит од овие покомерцијалните брендови кои ги имаме кај нас. Од овие сенки си направив мала палета и навистина сум задоволна. Доволно се пигментирани, сепак се работи за Артдеко, ретко имаат чкарт продукти; не се прават прашинки при тапкање со четки, нормално, ако ти падне од голема висина веројатноста да се скрши сенката внатре е голема, ама мене не ми се случило нешто такво, зашто самите сенки од позади си имаат магнет и си ги прикачувам во кутивчето кое ми служи како палета. Tрајноста со база е поголема, исто се зголемува и интензитетот, јас секогаш преферирам да нанесувам сенки со база, а и без база се добри, но мене не ми е тоа тоа. Е сега, дали вреди? Ако сакаш да купив повеќе сенки, не вреди, во смисол ако не ти се даваат многу пари. Во тој случај подобро најди си палета со такви тонови, а во спротивно, направи си комбинација од палетата на сенкиве кои се достапни и терај така. Јас сум најзадоволна од сенките на Артдеко, на нашиов пазар тврдам дека моментално нема подобри од покомерцијалните брендови.
Девојки дали имате користено мат сенки за очи,како сте задоволни. Продавачката ми предлои демек многу ги купувале, па си викам да прашам некој... Дане изгледаат очите ко пластично нашминкани?
@Leo-nora да, јас секојдневно користам мат сенки за поприроден изглед, или комбинирано, на капакот малце сјајна, а на надворешниот агол мат и под веѓите. Само сјајни или светкави не користам, многу ми изгледа бугарски или како турбо фол пеачка, што знам...
Too Faced Chocolate Bar - КОНЕЧНО Е МОЈА, СИСТЕР ДА СИ МИ ЖИВА И ЗДРАВА! Нешто најубаво, најпрекрасно, најпигментирано што сум ставила на око, за мирисот на какао да не зборам... преубави бои што лесно се блендаат и траат!
a каде ги има овие сенки? и јас сакам, и така сум на диета edit: видов Babushka пишала страната кај што ги порачала, но €53.30 + царина 18%........... Вредат навистина толку за парите? Не знам дали да порачам
Не ги купив јас, сестра ми ми ги прати од Америка она ги нарача директно од страната на Too Faced... А за вредење вредат, одличен квалитет, преубави неутрални бои... МЕРАЦИ!
Rainbowec прекрaсни се ^^ мoјa другaркa јa земa лaни пaлетaвa вo сефoрa нo зa жaл вo тaa сефoрa вo грaдoв кaј штo живеaм немoжaм дa нaјдaм т.е не јa нoсaт. Јa нaјдoв oд нет дa јa пoрaчaм , oд еднa aнглискa стрaнa пa мoже нaредниoв месец ќе биде