Не се поевтини? Некако ми нема логика кватро палетава да биде толку скапа, а палета со 8 или 10 сенки да има слична цена (онаа nude или како беше). П.С. До кога важеше онаа понудата за производите по 85 денари? Како да не видов вакво нешто месецов во ДМ.
Ау да, се извинувам, оваа е околу 230, а таа со 6 е 280. Инаку од производите по 85 има додека им се потрошат, само што јас отидов вториот ден и веќе скоро ништо немаше. Али од сенките треба да има останати.
Feminki ajde preporacajte mi nekoja senka za osvetluvanje na vnatresniot agol na okoto, kako na slikava.Ama po moznost nesto dostapno sto mozam da go najdam vo Sk.Baram, ama nikako da pogodam nijansa.Fala
За ова белово мислиш? Можеш бела седафеста сенка ама не толку светкава. Јас користам од naked basics многу убав ефект дава, да имаш можност да ја нарачаш naked basics палетата, ама да знаеш не е толку интензивна. Ова белово можеш и со моливче да го постигнеш и со сенчање( со четка ). Така те сфатив јас.
Oва можеш да го постигнеш и со молвче за очи. Јас го имам од Бруклин и го постигнувам потполно истиот ефект . Еве вакви се.
Девојки, да ми препорачате палета со сиви сенки, добро пигментирани?Посветла сива, потемна сива црна, така нешто.До сега само едни на Мислин ми се допаднаа ама имаат малце светки, а јас сакам мат.
Дали некој може да ми каже за Chocolade bar од Too Faced, каде можам да ја купам? Ја има ли во Сефора во Солун? Anyone pls
Дa јa имa вo Сефoрa вo Сoлун јaс живеaм вo Гр и јa имaм земенo oд oвде. Сегa мoментaлнo имa пoпусти нa пaрфемите нo сигурнo др неделa ќе имa и нa oстaнaтите рaбoти. Јaс јa земaв сo 20 пoстo пoпуст 40 еврa
Да ми препорачате некоја ваква кафена сенка? Не сум баш по сенкиве но сакам вака да се нашминкам. Барам квалитет и нешто што може да се најде во Скопје
Во Космо и Шатци имаш на Артдеко моно сенки, мат можеш да најдеш во оваа боја како и на Севнтин. Артдеко се многу поквалитетни, една сенка чини околу 250 денари, Севентин се тука негде со цената +/- некој денар но со дупло поголема грамажа од Артдеко. Многу битно е да си набавиш и квалитетна четка за нанесување на сенка иначе џабе каква сенка и да купиш...
@staymotivated на catrice палетата сенки поназад што ја имаа ставено ги има баш истите нијанси. А доста добри се и сенките на bella oggi smoky http://beautybag.it/wp-content/uploads/2015/01/2015-01-30-08.55.07.jpg И двете се околу 350 ден.
@mims-89 мислам дека посветлата кафена сенка е како оваа девојка што ја има во раката на сликава И таа ми е многу тешко да ја најдам, некоја карамела боја е и на артдеко нема мат таква нијанса.