девојки дали некоја има нарачувано палети со сенки од али експрес? и дали се океј? знам дека цените се ниски и не очекувам вау квалитет ама дали се просечно добри?
за добри незнам дали се , но само што читам дека имаат многу повеќе штетни состојки од останатите ,доволно е да не порачувам од таму
@k.a.j.a, јас лично не би порачувала, токму поради причината која ја наведе Коритсаки- во многу од евтината кинеска козметика има тешки метали и не вреди да ризикуваш.
@ana-sweet се согласувам со rainbowec, а ако сакаш исто попигментирана златна сенка види го ГР на рекорд тие што беа на попуст одма пред касата, 80 ден. се, јас си купив и презадоволна сум.
Мене најубави сенки на нашиов пазар по пристојна цена ми се Артдеко и на Лореал -infallible, посебно овие нијанси за летниов период ми се сон.
За сите љубителки на Urban Decay палетите, едно инфо дека излезе нова палета. За мене лично е чисто совршенство, сите бои што било кога би ги употребила ги содржи. Би си ја купила само неа и раат да си бидам
Дали крем сенките на Maybelline Color tattoo ги има сеуште по дрогериите посебно оние металик што се и колку пари се отприлика?
Само јас ли сум што ме нервира кога некој нема да си ја избленда сенката? Посебно ако е така наречен "makeup artist". Не знам зошто многу чудно изгледа. Или јас претерувам?
Ја сакам да ја поздравам девојката од Космо Зебра во Капиштец денес која се понуди и да ме нашминка дур се мислев што да си купам. Ми го предложи триото на Менхетен, а пошто и набрзинка фино ме нашминка, незгодно ми беше да не ги купам. Немаат којзнае каква пигментација, ама мене ми одговараат пошто и онака сум бледа и појако нашминкана на мене делува некако... "harsh". Иначе имаа некој попуст на трио сенките од 470 на 330.