Ги користам сенките на Bourjois и сум презадоволна имам пробано сенки од различни марки но овие ми се најдобри и подолго траат.Добро е и тоа што за комбинација се супер бидејки не е секој баш добар во шминкање а со овие сенки добро се знае која со која комбинација иде. Ги имам овие 3:
Си купив сенка Аура Благодарејќи на LivingGlam најдов прекрасни сенки, за многу малку пари! Фалаааа Прекрасна е сенката се заљубив. Покрај Seventeen, сега омилени ми се и Аура и едвај чекам да си купам уште!!!! Ја купив 23 (Mad) Фала LivingGlam
Грл, го имам од Дебора триото "Smokey eyes", јас лично сум задоволна од нив. Интензивна боја и + траат.
Грл јас имам такво трио од Дебора, со црна, тегет и бела сенка. Без грижа на совест: никакви се. Не знам за другите нијанси, може се подобри (често се случува од една иста линија на сенки некои нијанси да се добри а некои лоши), ама јас да ти кажам за моиве: Се распрашуваат на сите страни, имаат една никаква сува формула што не дозволува лесно мешање на боите, а црната и тегетот кога ќе ги нанесеш на око немаат никаква разлика меѓу себе Не ги препорачувам. Спојлер И моето е smokey eyes. Ете на пример Сенца била задоволна. Од каде ги купи? Неколку пати беше спомнато на форумов дека Дебора купени од странство биле подобри Баш ќе прочитам на моите каде се произведени, ако пишува.
A дали трио, и единечните сенки на аура имаат светки низ нив, како овие на дебора? Јас имам две триа на дебора, зелената комбинација со број 10 Green rapsody и комбинацијата број 7 Gold fever. Имам и од моно сенките три, една бела, една розевкаста и една кремкаста. Ме интересира дали се со слична структура Аура да си земам ако не од нив, м? Или буржоа? Ама сакам вака што имаат светкички.
мене најубави сенки за очи ми се од Авон 4 за 300 ден, има различни комбинации на бои и мене ми се убави што во нив немаат светки, си купив една сенка од џамбо за 60 ден и за ништо не ја бива, бела е ама како ништо да немаш ставено на окото не се ни познава!
Аура моно сенките имаат ситни суптилни светки низ нив. Имам видено само една целосно мат (бела). Другите имаат нежни светки. Триото на Аура не сум ги видела, а дуото Music исто така имаат светки. Споредено со Дебора - покремасти се и полесно се нанесуваат, тоа трио од Дебора што го имам е со многу суви сенки. А кажи ми ти како си задоволна од Дебора триата?
Па мене искрено ми се многу ОК овие две триа што ги имам. Не ми го ни иритираат окото, затоа што имам осетливи очи. Не се премногу пигментирани, ама не знам дали знаеш дека ако нанесуваш со мокар апликатор добиваш појака нијанса. Сега сакам некои бои да си надополнам па се мислев да ги пробам моно сенките на Аура, сакам понежни нијанси во принцип, ама мене ми е убаво кога има светки низ сенките, скрос мат сенки како понеубаво да ми стојат. Кои нијанси од моно сенките на Аура би ги препорачала за светол тен и светли очи?
Јас ја купив Аура сенката, црна со светки, и можам да кажам дека 90% е иста ко едни коинески на пазар, само што разликата е тука добиваш 3 нијанси за 100 денари (бела, сива и црна) а овде за 150 денари само една, и тоа ептен мала
не не, воопшто не се зезам! на битпазар и на пазар за 50 денари какви сенки има, веќе никад не би дала 150 денари за мало сенче, а камо ли 400-500 за трио златен пазар, какви сенкички има, немојте да мислите дека се од оние дреч розеви никакви што се ронат има многу убави сенки, поготово на катрин арли, за 100 денари бабачко сенкичка црна имам, за мерак, ја ставаш цело време стои, ко туш можеш да си ги исцрташ очите, 2 години уште ја имам! само пазар за сенки!