Да сите производи им се многу убави а не де скапи. Абе си ја правев сметката, да купам еssence четки, ефтини се ама квалитетот е низок. Зоева ги има истите цени за мноогу подобар квалитет. Исто и за сенките, 100 различни имам што не ги користам оти се никаков квалитет. Подобро да инвестираш во 1-2 палети што вредат и толку. Штета што шипингот е скап инаку за 30-40 евра ќе си купиш се што ти треба.
Девојки може ли да ми препорачате некоја сива нијанса од Арт деко? Мене во око ми падна 03,така лаички. Ми треба некоја топла нијанса за во комбинација со сив креон...
Во потрага сум по вакви сенки за очи, може да биде и единечна сенка или палета од повеќе нијанси уште поубаво. Мислам дека убаво ќе ми стојат на бојата на очите, па сакам да си купам. Сите предлози се добредојдени, може да бидат и мат и со суптилен сјај ама да не бидат многу светкави и да не се изгор скапи. Фала однапред!
И ќе се надоврзам вака зошто сега видов на Дебора има едни сенки на попуст во космо, тие се така баш виолетови нијанси како што сакаш. А и имам гледано така баш виолетови моно сенки на флормар, една беше 140 денари. Ама овие на Дебора мене ми изгледаат супер, може се поскапи ама добар попуст имаат и сигурно се подобар квалитет од оние на Есенс што ги ставив погоре.
Имаш преубави слични вакви бои и од сенките на Алверде. Има три палети една е со 4 посветли (на розе и лила), една е со 4 потемни (исто на лила) и да не заборавам ја имаш и најновата есенска колекција со слични бои (една мат две светкави и една крем). Инаку сенките на essence што ти ги препорачаа all about rose се исто добри и едни од ретките производи на essence без силикони и штетни состојки. Сенките на алверде се околу 250 до 300 денари (во зависност од палетата). Поздрав
Може да ми препорачате добро пигментирани мат сенки на сестра ми и е роденден сакам да ја изненадам Препорачајте ми,но мат да бидат дека такви барам благодарам однапред!
Да не паметиш која им е цената? Баш сега ги изгуглав и мноооогу ми се допаднаа- јас сум си циганка во душа и сакам светкави сенки http://frostyredqueen.blogspot.mk/2015/08/moda-i-shine-eye-shadow.html0. Дефинитивно уште утре ќе тргнам по пазариве да ги барам! Турски се, не се кинески па нема да ми биде шубе да ги користам
Имав прилика да ги пробам сенките од Seventeen незнам зошто досега не сум ги пробала никогаш, конкретни мат сенките, многу се добри, одлична пигметација и доготрајност, дали некоја од вас ги има користено тие со светки што се? Eптем ми се допаѓаат ама незнам дали би биле долготрајни и дали се ронат при нанесување.
Дебора има вакви сетови само не знам цената али знам дека сум видела во некој каталог на Космо и Шатци