Ги гледав на нет,но тие ги нема во Македонија,а да ги нарачам и да ги чекам ќе биде толку од меракот. Мислам дека најдов нешто, но колку ќе се покаже незнам. Имам една од нив само друга боја и навистина е пигментирана,а дали со оваа ќе биде така незнам. Сепак ти благодарам за предлогот.
Денес на поклон добив сенки од Eastee Lauder и можам да кажам дека се многу пигментирани, башка имаат многу убава амбалажа, Еве сликичка преубави се.
Некаде низ темиве читав дека сенката на Еssence-My favourite tauping можела да се каристи за контури. Бидејки не можам да се сетам каде, еве тука ќе прашам пошто поактивна е темава: Како ја користите, со каква четка, каков ефект дава и дали може потоа да се стави плус бронзер?(ама ги испукав прашањава, ко од пушка )
@Salome јас прво ставам бронзер класично како бројата 3 нели, бидејќи имам светол тен и морам малце за да не изгледам како болна, а после под јабочниците нанесувам плус од ова со четката за руменило. Разгледај ги видеата за контурирање на топов, после се' ќе ти се разјасни https://www.youtube.com/user/givegoodface
@Salome јас сенкава на Есенс ја нанесувам по нанесувањето на пудра и како бронзер, поидеално нешто немам најдено за контурирање инаку ја нанесувам со една четка средно густа но малку спласната ми се чини на Есенс лилјаковата беше (од миењата малку ми се спласна па за таа намена ја користам )
Прекрасно нешто е сенкава стварно, многу лесно и фино се бленда. Јас за контурирање ја користам закосената четка од Аура и одличен резултат добивам.
Фала ви девојки @Elence93 , @koritsaki и @rainbowec ! Јас бронзер нанесувам со закасонета четка од Есенс со розеви влакненца и имам една од козји влакна ама таа не ми врши многу работа. Ќе ја земам сенката и ќе видам дали ќе можам можам да контурирам со таа од Есеснс ако не ќе ја земам таа од Аура.
Пола форум сме залажани по сенкава. Гледам си ја купила, јас уште не сум, па пиши импресии кога ќе ја пробаш.
Мене не ме фасцинираше сенкава за контурирање, не знам дали сум единствена или не, ама не е воопшто битно. Јас имам блед тен и вакви неутрални бронзени нијанси ме прават како жив мртовец. Менував повеќе различни четки, од Real Techniques до најобична пазарска, а ефектот остана ист. Контурите изгледаат фино, но воопшто не ми дава никаква топлина, без разлика кое руменило го комбинирам. Со обичен бронзер е друга приказна, веднаш изразот ми добива топлина и димензија. Криво ми е што не го купив бронзерот на Catrice кога беше на попуст, ама ајде, помина возот. Затоа за природен изглед и добивање одморени очи сенкава ми е измислена, речиси секој ден ја користам и самостојно и во комбинација со други сенки. Многу бавно се троши и многу е пигментирана, прекрасна колекција за бренд како Есенс.
Па можеш да ја купиш секаде каде што има штандови на козметиката нс Есенс.Сенката е од I love nude едицијата Јас последен пат ја видов во филијалата на ДМ кај Битпазар ама тоа беше пред месец дена.Тогаш не ја купив, ама сега ме заинтересира, затоа што сакам да пробам контура со поладни тонови за поуспешно создавање на ,,сенки'' на лицето.@Elence93 сподели канал на јутуб што ја има објаснето оваа техника. Инаку цената е околу 150ден. плус-минус. Еве @rainbowec и @marama ја имаат, па може поубаво да кажат од каде ја земале.
Од овие имам две, не се лоши ама колку што знам немаат некоја погламурозна светкава варијанта како на сликата.Види од сенките на Classics во продавниците на Golden Rose , јас имам една виолетова од нив баш добро се покажа сенката ептен е пигментирана и без база и не се рони.Мојава мат е ,ама колку што се сеќавам имаа убав избор на нијанси и на светкави сенки.Исто на seventeen види имам јас една, ја имам постирано низ темава мастило боја е ама посветла е таа не е баш тегет, туку зборот ми беше дека seventeen сенките оние светкави многу убав и гламурозен ефект ми даваат.И мене ми се допаѓа оваа нијанса, ме подлажа сега, баш ќе проверам нешто слично.На Artdeco виде дали има ?
Не,не сум видела. Јас ја пробав таа што ја зедов сега. Многу ми се допаѓа,пигментирана е стои и лесно се сенча. На севентин имам пробано др нијанси но нежни се...
@LaraSolare не се допишав сношти, ми снема мрежа. На Севентин имам пробано од кај другарка две сенки, но тие повеќе се нежни, не се мат има некои светки, така кога ќе ставиш на око бојата се прелева. Ми се допаѓаат, но не се гламурозни, едноставно лесна текстура имаат и кога сенчаш не останува многу боја. Имав пробано една виолетова светла и кога ја сенчав ми испадна ко на бело помалку. Другарка користеше зелена темно исто од севентин но таа беше повеќе пигментирана, тоа ми е чудо што некои им се слаби а некои појаки. На голден роуз имам бела мат убаво стои како подлога за други сенки убаво се вклопува. Не ми текнало да барам со светки, ме подлажа сега и ти мене ама не верува дека ќе најдам со светки кои нема да паѓаат по лице. На Артдеко немам користено.
И јас мислам дека на Seventeen некои се попигментирани некои не, мислам конкретно јас оваа што ја имам е многу убаво пигментирана, а и други што сум видела на тестерче некои ми оставиле многу убав впечаток некои не толку, ама како и сите посветкави сенки и оваа додека се шминкаш паѓа под очи а потоа не, дека и фиксатор одозгора шприцнувам, а може и заради тоа што нанесувам неколку слоја и вишокот паѓа, ама после немам проблем.Јас кога се шминкам со вакви сенки прво очите ги шминкам. @Rose96 знам дека користеше сенки на seventeen и таа може да ти каже збор два,а знам дека има и мислења на темава наназад и на блогот. На Артдеко имам беж сенка со дискретни светки и многу убаво изгледа кога ќе ја нанесеш ама за брзо време ги снемува светките и станува по мат, тоа не ми се допаѓа, а ми се допаѓа што за толко нежна боја на сенка е пигментирана. На Classics (тие се продаваат во ГР продавниците) имам две.Едната мат едната од оние backed златна светкава е.Матот не ми се рони и многу е убава , лесна за блендање, препигментирана, а оваа другата знае под очи да падне но ти велам секогаш ги шминкам очите во вакви ситуации, си паѓа вишокот и после фиксирам