Мене тие светки на Севентин со светки што се , многу ми се допаѓаат , мислам дека една сина имаше @LaraSolare ама од поодамна ја имам видено на темата вашата шминка низ слики ги имам пробано на тестер ептен се пигментирани
Да, да баш за таа зборев Коритсаки и уште некои што имам пробано на тестер ми оставиле впечаток, а се сеќавам една така побежова нијанса пробував таа па не беше пигментирана, не знам зошто така
@LaraSolare сенките на Артдеко во Шатци биле 200денари. Јас сабајле видов на фб ама на сликата видов само земјени бои.Бидејќи претходно правевме муабет за сенки,како си задоволна од Артдеко?
Денес само што видов, а имаше и нешто 30% попуст на огромен дел од производите на Артдеко или некои беа на 25% и имаше избор на бои колку што видов јас, не беа само земјени тонови, барем во мојот град имаше и во Скопје денес видов ама немав толку време да се задржувам па не знам како стојат со нијанси..Јас таа што ја имам многу е убава и пигментирана , само ме нервира што некако сјајот и се губи и станува по мат за брзо, ама мислам дека не би требало да е случајот со сите така, баш знам дека @Mishela и @mims-89 ако не се лажам имаат исто така користено повеќе од сенките на Артдеко, па можеби можат да ти кажат повеќе се сеќавам дека ги имаат фалено.
Ти благодарам за дополнителните плус информации, јас немав време денес да појдам но затоа утре е ден. Но сепак би сакала некоја рецензија плус, па се надевам ќе одговорат.
Бубаче јас користам сенки на Artdeco и сум многу задоволна.Нема да згрешиш ако земеш, многу се пигментирани и трајни и не се ронат. Споредувам со оние палети што ги имам, na Авон и на Менхетен. Моемнтално имам и палета на Estee Lauder па според мене, овие се за нијанса посjajни од Артдеко сенките. Понудата е супер, ако идеш провери што нијанси на сенки имаат и сјајчиња.
Ти благодарам, јас користам коректор на Артдеко кој го имам околу 2ипол години и сум задоволна, меѓутоа друго е сенка друго е коректор. Утре ќе си земам една, се надевам ќе бидам задоволна.
Секако, верувам ќе ти се бендиса. И јас ќе земам пак, само да видам што избор има. Пиши што има за избор и во кое Шатци...
Девојки постирам од моб и незнам дали ќе успеете да го видите видеото. Барам баш ваква сенка - Маслинеста. Да ми препорачате некоја добро пигментирана и мат.
Па јас ќе одам во тоа во ГТЦ моментално во спојлер ќе ти ставам слика, а утре подетално ќе те известам што како. Спојлер
Нерви скинав одбирајќи пигментирани мат сенки. Се после Гош ми е тапа. Препорачајте ми нешто со кафеави тонови.
Женски сакам сенка вино боја. Ама да не е скапа некоја оти no tengo dinero хаха. Битно ми е да е мат. Препораки?
Денес бев во Шатци ГТЦ и моменталната цена на сенките на Артдеко е 270 денари, и на таа цена има 30%. Јас пробав тестери претежно барав плава со светки ама не најдов или не сум видела добро. Она што ме изненади е нивното мало пакување. Многу се мали, тие со светки им се слични во текстура како Севентин,матот некако им е многу нежен и не зедов ниту една. Не ми се допадна вака на рака пробано. Има и на сјајчињата, кармините и моливите попуст.
Девојки дали може да ми кажете како сте задоволни од сенките на Гош затоа што гледам има една палета сега на попуст па да си ја земам сакам