Да не знае некој колку чини палетата сенки на essence-all about nudes (од најновата колекција)? И ако некој ја користи, да каже нешто повеќе за неа-боите се многу убави, ама ме интересира дали се пигментирани...
Е отровот во мали шишенца се чува Се шалам, многу се мали ,да но се користат долго време. Значи не 25 % туку 30% има попуст на се ? Колку му беше цената на сенките ? И спомна дека на севентин се слични? Јас немам користено, може да ми кажеш која палета ја имаш користено и колку се добри ?
Се согласувам со тебе дека се користат долго време, вака кога ќе нанесеш на рака се познава сенката, но јас секогаш ги размачкувам низ рака за да видам дали се пигментирани за сенчање, за жал тука не ме освоија. Инаку цената е 270 денари без попуст и кога ќе израчуваш -30% попуст тоа ти е околку 190 денари за една сенка. Попуст има на моливчињата, кармините и сјаевите, а на пудрите, коректорот и остало нема попуст. Што се однесува до севентин сметам дека се слични во текстура. Светлите нијанси на севентин не се пигментирана, со Лара погоре коментиравме дека некои се пигментирани некои не, јас немам палета имаше другарка моја две поединечни сенки со различни нијанси. Таа имаше светло виолетова сенка но се прелеваше некако, кога ќе ја нанесеш не се познава многу треба повеќе, а за блендање нема да може бидејќи не останува ништо на окото, само светките малку. Потемните нијанси како темно зелената мат која ја имаше исто другаркава беше многу пигментирана дури и за сенчање беше лесна, малку се сенча и се добива боја. При нанесување е многу нападна и потребно е да се сенча и бленда за да се добие природна боја, можам да кажам дека со база беше трајна. Но , се ронат за жал. Затоа сметам дека многу е разочарувачките светлите бои да не оставаат боја воопшто.
Јас имам мат палета на севентин и многу ми се допаѓа, убаво се пигменирани и плус се баш долготрајни Тие со светки многу ми се убави, можeби би ги пробала, овие на Голден Роуз ги имате некој користено?
@Rose96 Пигментирани се тие сенки, баш таква имам, но далеку повеќе ми се допаѓа ефектот кога користам мокра четка. Вака се случува да ми се разлетаат светки и немаат некоја трајност, а така со мокра четка изгледаат како да си нанела крем сенка.
@buba4e89 Од авон од Color Trend имаат едни нови гел сенки со светки, прво нанесуваш од таа после светки во прав и цел ден стојат јас така правам, знам дека имаше севентин еден лепак за светки ама го повлекле од продажба и друго ништо неможев да најдам. Пробај со ова 100 ден е, а трае многу долго затоа што многу мала количина треба да се нанесе.
^ Па тоа немам приметено, а сега пред празник тешко. Фората е да најдам до петок,имам пробано со лак но после пак паѓаат..
^ Имаше на Аура таков гел ( не знам дали сеуште го има), одамна го имав видено. И не беше нешто скапо. Провери во ДМ.
@buba4e89 јас ќе си останам верна на артдеко сенките... Од ова што го напиша,не можам да одберам која да ја земам... Или не е пигментирана,или е мнпгу темна ,а во секој случај напомена дека се ронат.
Здраво ако ти требаат чисти пигменти за да правиш сама сенки има повеќе сајтови кои ги продаваат, јас обично ги нарачувам. Вака по продавници не сум видела.
Има на NYX пигменти, во малечки шишенца. Генерално читам добри рецензии, не сум ги користела ама планирам да се почастам
И MАС има во малечки шишенца како глитери(само не е неопходен лепак и не се прави толку неред, да додека нанесуваш паѓа по малку под очите понекогаш, ама ни приближно страшно како со глитери што може да ти се случи) многу поубаво се лепат и постини се по структура.Со база супер ми се лепат и многу се пигментирани, ептен гламурозен ефект дава. Еве вакви се од прилика *Има и шишенца со поголема грамажа(ама помаливе мислам дека се сосема доволни со оглед на тоа што ваква сенка не се носи секој ден),помаливе околу касата се наоѓаат, поограничен е изборот на нијанси ама има сепак солиден избор, јас тоа последното од првата слика го имам.
Јас сонувам за tan pigment на MAC. Преубава розе-златна нијанса за daily glam rose-golden look, или па melon нијансата-таа беше best of the best. Стварно се многу ефектни